Среда, 06 Јули 2016   
Проф. Џеимс (Џим) Џуглов - првиот Македонец – славист во Канада и неговата посветеност на Македонија (26)

jeam-juglov

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

При еден престој во Торното го посетимве познатиот центар „Канадско - македонско место“, познато како „Старски дом“. Целта на нашата посета беше да се сретнеме со Вангел и Елена Џуглови, една од постарите македонски иселенички брачни двојки, кои ги минуваа старските денови во таа хуманитарна македонско-канадска институција. Ги посетивме овие познати и признати Канаѓани од македонско потекло заедно со свештеникот Јован Босеовски, ѓаконот Александар Цандовски и нивниот зет Џорџ Поповски, во едно попладне во нивниот апартман, каде што тие ги поминуваа нивните пензионерски и старечки денови.

Средбата беше срдечна, присна и со емоции како меѓу стари познаници и пријатели што датира од пред многу години. Уште од првите мигови се виде дека времето си го прави своето. Тие беа во одминати години, исцрпени, изнемоштени... Меѓутоа, живо се сеќаваа на минатото, на почетните години од печалбарските денови, за многу интересни настани што нив ги врзува со македонската заедница во Торонто, со Македонија. Долго разговаравме за нивниот пензионерски живот, за нивното семејство во Егејска Македонија и во Канада, кое доживеало многу успеси и падови, радости и жалости, со многу бурни, интересни, среќни и тажни настани.

Во разговорот неодминливо беше да се зборува за нивниот сил Џејмс (Џим) Џуклов, за човекот кој беше сакан и почитуван во семејството, во македонската колонија и во канадското општество. Со човекот со кој семејството Џуглови се гордееше, живееше со успехот, постигнувањата и со спомените за Џим и Катерина, кој за зал погинаја во несреќен случај.

Нивниот син Џим Џуглов беше првиот Македонец-славист во Канада и три пати претседателите на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Тој беше роден на 17 октомври 1938 година во Торонто каде што заврши гимназија, а во 1961 година дипломира на Универзитетот во Торонто и стана славист со титула „Почесен лигвист“. Во 1965 година се ожени со Олга – Шпањолка по потекло, но со македонски манири, која целосно го поддржуваше Џим и го зголеми македонскиот род со четири синови: Андреја, Вангел, Јован и Павле.

canadian-macedonia-palace

Професор Џим Џуглов беше три мандата претседател на управата на МПЦ „Св. Климент Охридски“ кога и започна другарувањето меѓу Џим и авторот на овие редови, кој во тој период живееше во Торонто и беше член на управата на црквата. Џим работеше како советник во Одделот за образование на Онтарио, каде што беше многу ценет и како човек и како стручњак. Исто така, тој беше директор на Институтот за избор на студенти, а во средините на македонските иселеници високо почитуван.

Големиот канадски Македонец беше одличен оратор, за што многумина му завидуваа, беше другар, патриот и вљубеник во македонскиот јазик, со посебен однос кон леринскиот говор. Меѓутоа, судбината сакала да си поигра и во мај 1978 година се случи несреќа. Џим загина многу млад, на фармата на своите родители, кога најмногу им беше потребен и на семејството и на македонската заедница

Неговиот татко Вангел Џуглов потекнува од македонското село В’мбел, во Беломорска Македонија. Тој бил роден токму на Илинден во 1903 година, што со гордост го истакнуваше. Исто така, со голема радост зборуваше за своето историско родно В’мбел, кое се наоѓа на самата грчко-албанска граница, на надморска височина од околу 1300 метри. Во ова убаво македонско село, во Егејска Македонија кое сега е избришано од географската карта, во минатото живеело исклучиво македонско население, но селото наполно настрадало во текот на Граѓанската војна во Грција и не е обновено, туку неговиот атар денес се користи како пасиште на доселениците - просвиги (Турци со православна вероисповед) во селото Смрдеш. Својот роден крај Вангел го напуштил во 1927 година и заедно со една поголема група Македонци од тој дел пристигнал во Торонто, каде што и останал да живее, речиси цели 65 години.

Елена Џуглова, пак, е родена во 1915 година во Торонто. Татко ù бил Македонец од селото Зелениче, Леринско, а бил трговец во Цариград. Се оженил со Австријка, со која среќно живееле во Торонто, каде што се родила нивната ќерка. Елена имаше завршено гимназија во Торонто, а потоа се запишала на колеџ да го изучува францускиот јазик. Во 1938 година се омажила за Вангел, со кого во бракот го родила синот Џим и ќерките Катерина и Џенет. Судбината си поиграла со семејството Џуглови: со длабока болка на душата ги загубиле Џим и Катерина, а Џенет живее и работи во Торонто. Таа беше една од првите Македонки-студентки која преку тогашната Матица на иселениците од Македонија студираше македонски јазик заедно со авторот на овој текст на Универзитето „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Апартманот на брачната двојка Вангел и Елена Џуглови во „Домот за стари лица“, каде што го водевме разговорот, беше исполнет со безброј семејни и други фотографии од минатото и сегашноста. Доминираа фотографиите од нивната златна свадба, што на свечен начин се одржала во 1988 година, а во присуство на бројни членови од семејството, пријатели и почитувачи на ова семејство.

crkva-vmbel
Тажна слика за Црквата во селото
В’мбел

Во разговорот со домаќините Вангел и Елена Џуглови стана збор и за нивните активности во македонската колонија, што беше дел од нивниот живот. Меѓу тугото, тие беа активни и големи донатори на црквата „Свети Климент“, и со силна љубов кон македонскиот народ и вистината за Македонија. Затоа, престојувале во Македонија во 1966 година и останале една година. Во тој период Вангел ја искористил приликата и со многу тешкотии и проблеми го посетил родното село В’мбел. Од престојот во Македонија понеле многу спомени на кои постојано се навраќаа.   

Инаку, елото В’мбел или Вамбел, кое грчките власти го прекрстиле во Мосхохори е сметено на два километри од селото Смрдеш, а четириесетина километри од Костур во подножјето на планината Горбеч. Тоа беше македонско село, но за жал, денес е напуштено, но, со бурна историја.

Според капиталната монографијата „В’мбел“ чиј автор е Сократ Пановски, за време на Илинденско востaние (1903), селото е изгорено до темел од страна на Отоманите. Потоа, за време на балканските војни и Првата светска војна, голем дел од популацијата на ова чисто македонско село се иселила во другите балкански држави и прекуокеанските земји.

Во периодот меѓу двете светски војни селото трпи присилна грцизација, во понатамошниот период на Втората светска војна како и Граѓанската Војна во Грција (1946-1949),селото загубило многу жители кои загинале во борбите против окупаторите.

Според податоците на вљубеникот во родното место, Пановски, на 13 јануари 1948 година во црквата на с. В'мбел, Костурско, бил одржан Првиот конгрес на македонската национално-ослободителна организација НОФ. За време на Граѓанската војна во Грција (1946-1949), пак, селото било изгорено и тотално опустошено. Населението било присилно иселено во источно европските земји, а голем дел од населението замина во Република Македонија за време на шеесетите и седумдесетите години од минатиот век.

Надалеку се познати старите обичаи, народните песни и богатата но тажна историја на ова славно македонско село. В'мбел беше прославено по планинскиот чај кој се продавал на пазарите во Билишта, Корча, Костур, Лерин, Битола и Солун. Исто така жителите се занимавале со сточарство, екстензивно земјоделство и печалбарство.

univerzitet-vo-toronto
Универзитетот во Торонто

Според пишаните документи во 1913 година В’мбел имало околу седумстотини жители, а во денешно време селото е ненаселено- празно. Во него имало изградено православен христијански храм кој датирал од 1870 година посветен на свети Димитрија. Меѓутоа, веднаш после Граѓанската војна во Грција во опустошеното село дошол грчкиот митрополит костурски со двајца полицајци и ги зеле со себе старите вредни икони од црквата.

За овој случај Сократ Пановски пишува дека Господ е голем. Така, по неколку години митрополитот загинува во сообраќајна незгода, едниот од полицајците се самоубива а на другиот, синот тешко се разболил. Овoj настан го знаат многу жители на Костур и околината. Во чест и слава на селото една улица во населба Автокоманда Општина Гази Баба во Скопје е именувана по селото Вамбел (В`мбел).

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.