Среда, 06 Јули 2016   
Подготовки за закон за националните малцинства во Албанија

albania1

Во функција на подготовка на донесување на Закон за правата на националните малцинства, во Тирана се одржа тркалезна маса во организација на Министерство за надворешни работи на Албанија.

На средбата присуствуваа претставници на сите малцинства што живеат во земјата, Македонците, Грците, Власите, Србите, Црногорците, Ромите и Еѓиптјаните, кои ги презентираа своите ставови и барања за остварување на нивните легитимни права загарантирани со меѓународното право и конвенции.

Целта на тркалезнат маса беше донесување на закон со кој ќе се утврди државна рамка за унапредување на положбата и правата на националните малцинства во Република Албанија. Присутните претставници на националните малцинства учествуваа во расправата со свои предлози и мислења.

albania2

Побаравме со законот на правата на националните малцинства да се признае статусот на малцинство на целата територија на земјата, право на образование на мајчин јазик, застапеност во државните институции, поддршка за проекти на граѓанските организации на националните малцинства, програми на државната телевизија на мајчин јазик, - рече Или Халилај, претседател на разгранокот на Македонското друштво "Илинден“ за областа Голо Брдо.

Заменик министерката за надворешни работи, Одета Барбулуши оцени дека придонесот на националните малцинства е од суштинска важност во подготовката на Законот за правата на националните малцинства во Република Албанија.

Претставниците на националните малцинства очекуваат институциите на власта на Албанија да придонесат во обезбедувањето на подобри стандарди, заштита и почитување на човековите права и на правата на националните малцинства.

albania3

Во реализацијата на овој процес вклучени се и здруженијата на националните малцинствата и меѓународните организации.

Тркалезната маса доаѓа веднаш по средбата што претставниците на националните малцинства ја имаа со Народниот правобранител на Албанија, Игли Тотозани кој јавно побара од владата донесување на Закон за правата на националните малцинства.

Тодор Петров

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.