Среда, 06 Јули 2016   
Миграционите процеси од етничка Македонија кон Австралија (21)

sv-ilija-kvinbijan

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Причинско-последичната генеза на маке­дон­ско­то иселеништво од етничка Македонија кон Австралија, во ос­нова се совпаѓа со развојот на настаните на Бал­канот и уште повеќе била во директна зависност од тоа како тие се дви­же­ле на балканските простори. Како резултат на тоа, пресе­лничките пе­чал­барски движења на Македонците и нив­ниот интензитет биле услове­ни, пред се‘, од теш­ките еко­номски услови за живеење и работа, но и од при­­чини што имаат национално-по­­ли­­­тички карактер. Всушност, пре­тен­зии на со­сед­ните земји кон Македонија и туѓинските интереси за доми­на­ција или влијание врз ма­­ке­донскиот народ, го принудија Македонецот не­престајно да се бори со единствена цел - да оп­стои на бал­кан­ска­та ветро­метина. Тешките и лоши, често и не­воз­мож­ни ус­­ло­ви за живеење, и по­сто­јаната борба за оп­ста­нок при­си­лиле голем број Македонци од Беломорка Македонија да кинисаат на печалба на петтиот континет Австралиј, особено во државата Викторија

Тешко е да се прецизира времето кога Ма­ке­дон­ци­­те почнале да одат на печалба во прекуокеанските зем­­­ји: САД, Канада, Австралија и Ар­гентина. Меѓутоа, се знае дека првите печалбари од Македонија при­стиг­нале на северноамериканскиот континент во 1865 година, првата поголема група претежно од селото Буф, Ле­рин­ско, во 1898 година, а во истата година и една помала гру­­па од Долна Преспа и од Битолско. Македонците во Австралија почнале да заминуваат во Австралија по Првата свет­ска војна, додека првата поголема група печајбари од егејскиот дел на Македонија дошла на петтиот континент во 1924 година.

the-macedonian-in-australia

Според делата на голем број автори кои се занимаваат со животот и дела на Македонците во Австралија, како и според делото „Македонците во САД и Канада“, од авторот на овој текст Славе Катин, печалбарството, односно преселувањето од Ма­ке­­донија во Австралија и на други места во светот е ка­рак­­теристично за традиционално исе­леничките краи­ш­та: Леринско, Костурско, Битолско, Преспанско, Ох­рид­­­ско, Воденско, Прилепско, и други де­ло­ви на етничка Македонија.

Иселувањето од Беломорска Македонија особено би­ло из­ра­зе­но по Балканските и по Првата светска војна, кои на­место слобода од петвековното ропство, на Ма­ке­дон­ците им донеле тројна по­делба, угнетување, аси­ми­­­ла­ци­ја, денационализација и физичко униш­ту­вање, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бу­гарија, Крал­ска Југославија, Грција и Албанија. За раз­лика од она што се слу­чу­вало во минатото, во периодот од не­кол­ку векови, по Првата светска вој­на, за ре­ла­тивно ку­со време во одделни делови на Македонија на­ста­на­ле крупни миграциони движења и етнички из­ме­ни кои има­ле долгорочни ка­та­стро­­фал­ни последици за ма­ке­дон­ското на­се­ле­ние.

Бранот на иселување од сите делови на маке­до­нската земја бил, ис­то така, ин­тензивен меѓу двете светски вој­ни и по светската криза. Но, исе­­лу­вањето уште повеќе се за­си­лило по Втората светска војна, особе­­но по поразот на Де­­мократската армија на Елада (Грција) во Граѓанската војна во оваа земја, на чија страна масовно учествуваше и ма­ке­донското населе­ние од егејскиот дел на Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие свои­те национални и со­­цијални права. Поради репресалиите и другите смисле­ни постојани притисоци на грчките власти врз македонското на­се­ление, во тој период, огромен број Македонци и при­пад­­ници на дру­ги народи при­силно беа принудени на пре­селување и морале да ги напуштат своите род­ни места. Ваквите по­јави особено беа изразени во леринско-ко­с­тур­ски­от крај.

Карактеристичен е периодот и по 1960 го­дина, кога со отво­рањето на тогашна СФР Југославија кон све­тот и со вклучувањето во ме­ѓу­на­родната поделба на тру­дот, паралелно со создавањето на аграрно на­селение во градовите и либерализацијата на политиката за оде­­ње на работа во други земји, дојде до иселување на илјадници работници и интелектуалци од СР Ма­ке­до­­нија на петтиот континент. Пре­­се­л­нич­­ките движења од сите делови на етничка Македонија кон Ав­стра­­лија и Нов Зеланд, не престанаа до денес. Меѓутоа, интензитетот на иселувањето на Македонците е разли­чен за­­висно од економско-политичкиот момент во Ма­ке­до­нија, на Балканот и во светот.

Бројот на македонските иселеници се зголемува од година во го­дина. За жал, не постојат целосни и попрецизни податоци за тоа колку досега заминале и го напуштиле македонскиот дедовски праг. Според од­дел­ни показатели се проценува дека во светот живеат околу два  милион ма­кедонски преселеници од сите делови на етничка Ма­ке­донија, од кои околу 200.000 во Канада, 300.000 во САД, 300.000-500.000 во Австралија и Нов Зеланд, 300.000 во Европската Унија, над 500 илјади во Турција и уште неколку стотини илјади во другите земји ширум светот.

makedoncite-vo-novata-tatkovina

Тешко може да се определи бројот на Македонци­те во Австралија, бидејќи во новиот свет доаѓале и доаѓаат со тур­ски, грчки, бугарски, српски и други патни исправи. Зависно од тоа нивните имиња се приспособуваат на новата татковина. Единствено, Македонците од Република Ма­кедонија заминуваат со македонски пат­ни исправи и официјално се ре­гистрираат како Ма­ке­дон­ци. За жал, и од Република Македонија не се водела и не се води точна евиденција, како што тоа го прават Евреите.

За Македонците од дру­гите делови на етничка Македонија, пак, процедурата за до­ка­жување на сопствениот идентитет е потешка и не­при­јат­на. Не ретко за тие страдалници, особено од егејскиот дел на Македонија се кршат и ос­новните норми пропишани со Декларацијата на Обединетите  на­ции за основните човечки права.

И покрај некои слабости, недоречености, запоставеност и притисоци од големите сили за нецелосна национална и духовна грижа за Македонците во соседните земји, сепак слободниот и самосвесен национален и општествен развој и про­бивот на вис­тината за Република Македонија се силен поттик за организираниот живот на иселениците врз национална и духовна основа. Тоа наедно значи и најефикасна брана и од­брана против сите најразлични обиди на странските пропаганди и непријателски активности и посегања по македонското ткиво насекаде во светот.

Организираното дејствување во Австралија го опфаќа мнозинството македонски иселеници. Притоа, важна ком­по­нента е тоа што се един­ствено организирани и во нив членуваат Ма­ке­дон­ци без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат. Исе­ле­нич­ките ор­ганизации и нивното членство постојано се зго­лемуваат, а нивниот ак­ти­витет постојано се проширува и ква­ли­тетно се подобрува.

Во последните децении, програмите за мул­тикултури, особено во Австралија прет­­ста­вуваат своевидна убава прилика и можност за про­ши­ру­вањето на соработката, афирмирањето и еман­ци­пацијата на маке­дон­ските иселеници во многу области на животот. Пред се‘, тоа се однесува на културата, духовното живеење, спортот, на прашањата и про­бле­мите од областа на образованието и вос­пи­та­ние­то, радиото и теле­ви­зис­ките програми, социјалното згри­жување и слично. Исто така, од осо­бена важ­ност за пре­зен­тирање и афирмација на македонскиот збор, култура, историја, оби­­чаи и традиции се многубројните македонски вес­ници, списанија, бил­тени и друг вид гласила во демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.