Среда, 27 Јули 2016   
Почетоците на духовното живеење во Викторија (24)

viktorija1

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Во Мелбурн, во тој убав, привлечен и најзначаен административен, политички, културен, спортски и главен град на државата Викторија, Македонците од Леринско, Костурско, Воденско, Битолско, Преспанско, Прилепско и Охридско ае најбројни. Добро организирани и така бројни во далечниот Мелбурн, тие имаат важна улога во општественото и во културното живеење и се многу значаен дел на тој многунационален мултикултурен мозаик на Австралија.

Во текот на нашиот престој во Мелбурн ги посетивме македонските православни цркви и манастири, македонските друштва и бријни други асоцијации. Тие сите се еден вид национален темелник што ги поттикнуваат  Македонците да се зближат, да постигнуваат подобри резултати на сите полиња од животот, а во исто време и да се афирмираат себе си и македонската вистина во новата средина.

Често се вели дека таму каде што живее еден народ, без разлика дали тоа е на дедовскиот праг, покрај вековното огниште, или на друго избрано место на далечните простори, неминовно е тој народ да создава своја сопствена историја, култура, воспитанија, образование и други процеси што утре ќе сведочат за неговото постоење. Таков е случајот и со Македонците од сите делови на Македонија кои ја избрале Австралија за нивна втора татковина, каде нивниот развој е видлив на сите полиња.

melburn
Мелбурн

Македонската заедница во Австралија во изминатите деведесетина години на петтиот континент успеала да си создаде и да си организира своја специфична шема во политиката, економијата, религијата, информирањето, во начинот на живеење и големиот просперитет. Таму, во тој дел на Јужната хемисфера Македонците го почувствуваа благодетот на австралиската демократија, на слободата на трудот, на придобивките од автралиската мултикултура и брзо се итегрираат уште со нивното доаѓање во текот на минатиот век.

Ваквите поволни услови во Австралија вродија со плод да се формира Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС), кој во тие повоени немирни времиња имал улога да се одржи единството на Македонците собрани околу своите Сојузи и Друштва со национален карактер. Подоцна, во созреани услови, улогата на МАНС била да ги сплоти доселениците во македонски православни општини и културни центри.

Треба да се нагласи дека Македонско австралискиот народен сојуз со помош на локалните Сојузи и Друштва, слично како во САД и Канада, покрена хуманитарни акции за помош на Македонија, како што беше изградбата на Болницата во Скопје и поддршката на борците за демократија на ДАГ (Демократска армија на Грција). Исто така, беа покренати и голем број други хуманитарни, културни, економски и политички акции, со цел да се помогне на македонскиот народ веднаш по Втората светска војна.

Инаку Македонскиот австралискиот сојуз беше организиран по примерот на Македонскиот американски народен сојуз во САД (МАНС) и Македонскиот канадски народен сојуз (МКНС), што беа формирани на Првата конференција, што се одржа  во Толидо, Охајо, на 22 и 23 март 1930 година. На конференцијата била усвоена Резолуција со која сите македонски не­­зависни прогресивни групи се обврзале да ја координираат својата дејност ме­ѓу себе и да создадат услови за што поуспешно ширење на своите идеи ме­ѓу македонските доселеници.  Прогресивните групи за свој сојузник ја прифатиле само ра­ботничката кла­са со која биле готови преку единствениот револуционерен фронт, да се борат против фашизмот и империјализмот.

Целта на македонските независни прогресивни групи била да ги обедини Македонците заведени од МПО и да развие политичка активност сред ма­ке­донските доселеници. А, една од големите желби и барања на овие групи би­ла да се создаде балканска федерација, во која ќе бидат гарантирани широки на­ционални, политички и социјални права и слободи на балканските народи, вклу­чувајќи го и македонскиот народ од трите дела на Македонија. Во реа­ли­за­цијата на ваквата политика новиот Македонски народен сојуз (МНС) сметал на содејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе во светот, ососбено од оние на Балканот.

Инаку, името Македонски народен сојуз (МНС) го добил со обеди­ну­ва­њето на прогресивните групи во сојуз на Првиот конгрес, одржан во Гери, Ин­дијана, од 24 до 26 април 1931 година. Потоа, по Четвртиот конгрес на МНС што се одржал во Детроит, Мичиген, во 1934 година, од единствениот МНС биле создадени две организации: Македонско-американски народен сојуз во САД (МАНС) и Македонско-канадски народен сојуз (МКНС) во Канада.

Членовите на МАНС и МКНС се залагале са поголемо заедништво меѓу прогресивните сили на сите балкански народи. Кај нив се разгорел пламенот посебно за поддршка на Народноослободителната борба на македонскиот народ и на Граѓанската војна во Шпанија. Така, една од позабележителните акции на МАНС и МКНС бил, секако, “Меморандумот за решавање на македонското пра­­­шање”, што на 11 февруари 1945 година Националниот комитет го упатил до американското Министерство за надворешни работи, до меѓународната јав­ност, до бројни институции и до македонското иселеништво.

Меѓутоа, по 1947 година во САД започнала кампањата против про­гре­сив­ните организаци и симпатизерите на левицата, кога започнала и студената војна. Многу организации во тој период биле прогласени за субверзивни. Таква ети­кета му била прилепена и на МАНС, кој бил прогласен за “пресвртничка ор­­­ганизација”. Потоа, во 1949 година, кога, стапила во сила одлуката на државниот об­­винител на САД, според која натамошното дејствување на Македонско-аме­ри­канскиот народен сојуз згаснала засекогаш.

Работата на МАНС се прошири во Австралија  по Втората светска војна. Така, на 25 август 1946 година и званично е прифатена идејата за формирање на општ Сојуз за цела Австралија под името Македонски австралиски сојуз (МАНС). Меѓутоа, идејата за формирање на МАНС, всушност била дадена на првата Македонска конференција, што се одржала во Перт, на иницијатива на членовите на „Единство“  во 1940 година.

Значаен датум за ова прогресивна македонска организација е март 1947 година кога во Мелбурн се организира Првата сојузна конференција на МАНС. Во тоа време имаше бројно иселеништво од Беломорска Македонија и дел од прогонетите во источно европските земји, кои ја напуштија својата родна земја како борци на ДАГ, како деца прогонети (бегалци) и дел од нивните семејства, а кои се прибрале кај свои роднини и пријатели во новата татковина демогратска Австралија.

Веднаш по Втората светска војна, Македонската заедница го формира Македонскио австралискиот  народен сојуз. Всушност, оваа најголема македонска организација ќе произлезе од македонските организации и тоа: „Слобода“ од Менџимап, „Единство“ од Перт, „Нова Македонија“ од Џералтон, „Александар Велики“ од Аделаид, „Весела Македонија“ од Сиднеј, „Слобода„ од Крабес Крик и неколку други организации формирани во Волонгонг, Њукасл, во Порт Кембла, во Квинбијан и други градови ширум Австралија.

viktorija2

Меѓутоа, од пресудна улога за својот национален опстанок, Македонската заедница во Австралија го гледаше во напредокот на духовно поле, односно во формирање македонски православни цркви, кои ќе се поврзат со напредокот во матичната земја Република Македонија.

Затоа формирањето на првата Македонска православна општина во Мелбурн во 1956 година и завршетокот на градбата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во 1960 година не значат само победа на Македонската заедница во Викторија, туку и поттик за другите македонски центри да си организираат свој самостоен црковен живот.

Македонците во Австралија, а со тоа и во целата македонска дијаспора биле свесни дека само преку свои духовно национални центри можат да го сочуваат својот интегритет, а со тоа и да ги продолжат македонски верски обреди, овичаи, национални и други културни вредности донесени од дедовската земја - Македонија.

Меѓутоа, тоа не го гледале во новоформираната бугарска православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Мелбурн, туку  во формирање на своја македонска православна општина. Така, на Македонската заедница во своето долгогодишно постоење и‘ се даде можност во 50-те години на минатиот век да си оформи свој црковен живот. Со тоа Македонците во Викторија сакаа да ја изразат љубовта кон новата татковина, а во прв ред кон својата родна земја. Да докажат и покажат дека не го зборавиле својот роден крај, дека преку духовното живеење, со песна и ора, со приказни и легенди, обичај и веселби ќе го прошират националното и духовното живеење на новите простори во демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.