Среда, 31 Август 2016   
„Свети Пророк Илија“ во Фуцкрај – втора МПЦО во Мелбурн (29)

fuckraj

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Мелбурн, главниот град на државата Викторија е втор по големина економски, културен, политички и административен центар во Австралија, веднаш по неговиот вечен ривал Сиднеј. Често Мелбурн го вбројуваат меѓу најзначајните центри на автимобилската индустрија, спортска мека и град бисер од другата страна на Екваторот. Таа над четиримилионска метропола, сместена на југоисточната страна на петтиот континент во Филиповиот залив како да се скрила зад Тасманија од каде што доаѓаат струењата  на Тихиот и Јужниот Океан. Градот е лоциран по полжината на реката Јара која со своите безбројни меандри го прави привлечен за живеење и за работа.

Во тој конгломерат на народи, нации, етнички групи и домородно население живеат неколку илјади Македонци од сите делови на етничка Македонија.Според некои неофицијални податоци во поширокото градско подрачје на Мелбурн живеат околу педесет илјади, од кои најбројни се од Леринско, Битолско, Костурско., од Преспа, Охридско, Прилепско и други делови на Македонија.

Во Мелбурн во 1960 година Македонците, претежно од егејскиот дел на Македонија, ја изградија првата Македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“, а потоа беа формирани МПЦО „Свети Илија“ во Фуцкрај, „Свети Никола“ во Фицрој, „Свети Димитрија“ во Спринвел, дбата манастира „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, „Свети Наум„ во Риклин, и „Успение на Пресцета Богородица„ во Сиднхам, како и „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам,манастирот „Свети Прохор Пчињски - Мелбурн, Донибрук, „Света Злата Мегленска“ во Мелбурн, Хоперс Кросинг, „Свети Наум Охридски – Мелбурн, Роклин, „Света Петка“  Мил Парк – Мелбурн.

Авторот на овие текстови Славе Николовски - Катин не ги дели македонските православни општини, цркви и манастири по составот на сегашните две епархии Австралиско-новозеландска и Сиднејдко-австралиска епархија, туку според неговот дело „Македоските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД, „Нова Македонија“, 1991 година и според распоредот на Светиот синод на МПЦ во тој период.

fuckraj-2

Според делото на авторт на овие редови, еден од значајните духовни, национални и културно-просветни центри за Македонците во Мелбурн е, секако МПЦО „Свети Проток Илија“ во Фуцкрај. Таа е втора општина македонските доселеници во Мелбурн, сместена на западната страна на градскиот центар, во месноста Јаравил, каде што е концентрирано македонско иселеништво од околу дваесеттина илјади, кое дошло претежно од подпелистерските села и од селата во етничка Пелагонија, а ги има и од преспанско-охридскиот регион и од руги места од Републиката.

Изградбата на оваа македонска православна црковна општина беше резултат во тие години на оддалеченоста  на црковната општина „Свети Ѓорѓи“ и големиот прилв на доселеници во Фуцкрај. Затоа, уште во 1971 година е формиран Иницијативен одбор за организирање на МПЦО „Свети Пророк Илија“. Во одборот влегоја голем број истакнати иселеници од македонско потекло, особено од битолско-прилепскиот крај, меѓу кои беа: Илија Милошевски, Цветан Велјановски, Томе Дервишовски, Борис Трајков, Веле и Војо Божиновски, Перо Ѓорчевски, Коле Најдовски, свештеникот Методија Лазаревски и многу други верници и патриоти кои вложија и труд и средства за тој македонски храм.

За кус период се собраа парични средства и во 1974 годиа е купена една методистичка црква, која беше оспособена за богослужби на православните Македонци, а на која на 26 декември 1974 година е извржено таканаречено- мако осветување. За прв парохиски свештеник беше назначен познатиотцрковен мисионер Методија Лазаревски, потоа долги години со успех ја вршеше таа одговорна должност протоерејот Ѓорѓи Кацарски, кој беше и архиерејски заменик за Австралија, а по него дојде свештеникот Ефтим Бетински.

Се чини еден од најзначајните  датуми за оваа црковна општина ќе остане 2 мај 1976 година, кога надлежниот архиереј на тогашната Австралиско-македонска епархија, митрополитот Кирил, во сослужение на повеќе македонски свештеници, неколку илјади посетители и многу гости од австралиското општество и Владата на Австралија ја освети црква, со што почна со работа уште едно македонско светилиште во Мелбурн.

Стариот храм на црквата „Свети Илија“ кој беше опожарен беше од тврд материјал и претставуваше убава архитектура. Иконите беа дело на македонски мајстори и голем број од нив беа подарок од македонските доселеници. Таа, покрај храмот се состоеше од добро уредени две сали, кујна и други помошни простории. Како придружни објекти беа двете згради до црквата, од кои едната беше дом за свештениците, а другата, заедно другите црковни простории служеја за неделното училиште за македонски јазик „Гоце Делчев“. Во минатото општината беше сопственик на три станбени згради, но подоцна тие беа продадени и средствата се искористени за изградба на Македонскиот дом во Саншајн.

kud-ilinden
КУД „Илинден“

Во состав на црковната општина со успех работи КУД „Илинден“, во кое членуваат голем број ентузијасти и вљубеници во македонското оро и песна. Друштвото гостувало во сите македонски колонии, на етнички и други манифестации низ цела Австралија, а неколку пати гостувало во Република Македонија. Исто така и дополнителното македонско училиште има значајно место во образовните процеси, потоа фудбалскиот клуб „Вардар“, женската и другите секции.

Голем успех на црковната управа, членовите на црквата и пријателите на Македонците е, секако е изградбата на Македонскиот центар „Саншајн“. Темелите за центарот се осветени во 1988 година, од надлежниот архиереј митрополитот Тимотеј, а во присуство на голем брок Македонци и гости. Центарот се наоѓа  на македонска земја од 4 хектари и претставува место за собирање, другарување и рекреација. Овој убав македонски дом во Мелбурн има околу две илјади квадратни метри корисна површина . Во него има голема сала, две помали сали, библиотека и помошни простории. Таму се одржуваат приредби, игранји, вечеринки и други манифестации што значат живот за македонските доселени на тој дел од демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.