Среда, 07 Септември 2016   
МПЦ „Свети Никола„– значаен црковен храм во Мелбурн (30)

sv-nikola-melburn-1

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Мелбурн е австралиски светска метропола и главен град на државата Викторија. Поради извондредната географска положба, на тие простори живеело бројно домородно население, а од 1835 година, градот е формиран како значајно место на државата Викторија. Неговата важност беше особоено изразена кога во периодот од 1901 до 1927 година, односно до конституирањето на државниот центар Канбера, Мелбурн беше главен град на Викторија и на Австралија.

Овој привлечен неколкумилионски град е значаен економски, културен, административен и спортски центар. Уште во 1854 година, во него е формиран универзитетот Ла Троб, на кој добиле високо образование голем број Македонци. Тој претставува еден од најзначајните образовни институции во Австралија, покрај тоа, во Мелбурн има бројни музеи, галерии, олимписки стадион, пристаниште, железнички јазол, голем број фабрики и други објекти. Таму, во поширокото градско подрачје се формирани 12 македонски православни црковни општини и манастири. Една од тие македонски светилишта е МПЦО „Свети Никола“ во Престон, која е трет духовно-просветен дом на тие простори на петтиот континент.

Според некои податоци во Престон, во Резервоар, во Томастаун, во Ајванхоу и во други блиски ерии, живеат околу триесетина илјади Македонци, додека во поширокото подрачје на Мелбурн нивниот број достигнува над  50.000. Бројот на Македонците на тие простори беше мал во минатото, меѓутоа, тој број се зголеми по војната, и од 50-те до 70-те години на минатиот век. Нив ги има од сите делови на Македонија, од Пелагонија, од Битола, од Леринско, Прилепско, Преспанско, Охридско, Струшко, Демирхисарско, но, најбројни се од потпелистерските села и од Битола.

dositej
Поглаварот на МПЦ Доситеј

Македонците од Престон и од околните места претежно се вработени во фабрики, а има и сопственици на фирми, различни бизниси, и вработени во австралиската администација, во училиштата и во други институции. На тие демократски простори на Австралија, човек се чувствува како да е во Македонија. Насекаде се среќаваат Македонци, а покрај англискиот, се зборува и македонскиот јазик.

Тука повеќе години се печати весникот „Австралиско-македонски неделник“, едно од најзачајните и најтиражни етнички гласила во Мелбурн, околу кое се собрани поголем број интелектуалци од македонско потекло, особено оние од организацијата „ФОМАВ“ (Федерација на македонските асоцијации во Викторија), кои ги почитуваат и ги користат демократските права и слободи во Австралија, и се борат за вистината на македонските иселеници и на македонскиот народ во целина.

Исто така, овој дел од Мелбурн е центар на македонски училишта, фолклорни групи, фудбалски клубови и други асоцијации, кои придонесуваат за збогатување на активностите што значат живот на македонските доселеници во новата средина.

Според делото на авторот на овие редови „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“, „Нова Македонија“ 1991 година, меѓу назнајчајните активности на Македонците во Престон е, секако, формирањето на македонската православна општина „Свети Никола“, чија иницијатива се јави во 1971 година, речиси идентично со инцијативата за организирање на црква во општината во Јаравил, што се наоѓа на другата страна од Мелбурн.

Така, група Македонци, меѓу кои: Ѓорѓи Писевски, Борис Лозановски, Ѓорѓи Јанакиевски, Живко Стојановски, Пеце Степановски, Миле Попов, Драган Гаштевски и други познати и признати доселеници од многу делови на Македонија, ја поведоа иницијативата за изградба на црква. Со средствата подарени од членовите на Одборот и од другите иселеници, во 1976 година е купено поголемо куќно место во Престон. На тоа македонско катче е извршено проширување и адаптирање на црквата, која од почетокот ги задоволуваше потребите на македонските верници. Меѓутоа, бројот на Македонците постојано се зголемува, затоа,  се оствари желбата со проширување на објектот на црквата и изградба на соодветни простории за културно-просветна дејност на младите генерации на македонските иселеници.

Еден од најсветлите датуми на црковната општина „Св. Никола“ е 5-ти феврурари 1978 година, кога е извршено осветувањето на храмот. Тој свечен чин го изврши првиот поглавар на Македонската православна црква, неговото блаженство г.г. Доситеј во сослужение со тогашниот надлежен архиереј за Австралиската епархија, митрополитот г. Кирил, како и во сослужение на сите свештеници на епархијата, а пред околу 5.000 верници, а во присуство на тогашниот лидер на Лабуристичката партија г-динот Витлем и други претставници на австралиската влада и на општеството.

sv-nikola-melburn-2

Активностите во црквата почнаа со силен жар. Така, во првите шест месеци од свеченото отворање на црквата беа крстени 75 новороденчиња, а беа извршени 15 венчавки. За прв претседател беше озбран истакнатиот иселеник Ѓорѓи Писевски. А Јонче Петревски, кој подоцна беше еден од најактивните и повеќепати претседател, заедно со Миле Панов беа потпретседатели. За прв парохиски свештеник беше назначен протоереј Радослав Атанасовски, а по него, парохиски свештеник беше Атанас Станковски.

Македонската православна црковна општина „Свети Никола“ е сопственик на цел кварт и на неколку куќи. Во состав на црквата, со успех работи КУЦ „11 Октомври“, кој е носител на поголем број активности. Во него членуваат повеќе стотини членови од сите возрасти, настапувајќи на бројни национални и етнички манифестации во Австралија, а биле гости и во Република Македонија.

Исто така, во состав на црквата, со успех работи македонското училиште „Стив Наумов“ кое е место на собирање и организирано живеење. Потоа, значајни се Женската секција, Литературното друштво, Културно-просветниот одбор и други форми на собирање во кои учествуваат брони македонски иселеници кои организираат пикници, вечеринки и други манифестации.  Во овој долг период се промениле поголем број истакнати иселеници кои биле во управата на црквата и во други одбори и секции кои придонесуваат Македонците во Мелбурн да бидат дел од националниот мозаик на демократското австралиско општество.

За  жал, објектот на „Свети Никола“ во Престон беше опожарен на 30 јануари 2016 година. Штетата е голема и на материјално и на духовно поле. Затоа, нека тоа биде поука за внимание кон верските објекти и љубов кон Бога и за другите македонски црковни општини ширум светот.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.