Среда, 14 Септември 2016   
Том Јанев – поборник за вистината на Античка Македонија, особено за Александар Македонски (36)

tom-janev

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Том Јанев беше еден од канадските интелектуалец од македонско потекло. Тој беше роден во Торонто, а неговите корени се протегаа до Беломорска Македонија. Нему Македонија му лежеше во душата и безгранично ја сакаше историската наука за Античка Македонија и за Александар Македонски. Том беше педагог и еден од ретките инженери по информатика и компјутери, а беше и еден од основачите на Македонско друштво за историја и архивистика, се со цел да ја брани вистината за Македонија.

Факт е дека македонските доселеници во Канада постиг­нуваат се‘ позабележителни резултати во областа на културата, обра­зо­ванието, спортот и со­цијалниот живот воопшто. Нивните резултати на еко­номски, об­ра­зо­вен и  кул­ту­рен план се‘ повеќе придонесуваат тие да не бидат тре­ти­ра­ни како граѓани од втор ред, туку како инте­гра­лен и ва­­жен дел во но­вата сре­дина во Канада.

Една од таквите личности беше интелектуалецот Том Јанев кој својот живот го посвети на напредокот на човештвото. Тој стана поз­нат и признат во македонската заедница, но и од домаш­ни­от фактор и од дру­гите ет­нич­ки групи. Тој беше еден од големиот број интелектуалци, на деловни луѓе, видни личности во образованието и општественото живеење од маке­дон­ско по­­текло.

Треба да се нагласи дека на Македонците од егејскиот дел на Македонија не им било и не им е дозволено да се школуваат на својот мај­чин јазик, а многу мал е бројот на оние што завршија грчки учи­лиш­та. Затоа, по­го­лемиот број Ма­кедонци од Беломорска Македо­ни­ја и други делови на Македонија дошле во новата средина во Канада со нис­ко или ни­как­во образовно ниво, каков што беше случајот со родителите на Том. Тоа беше резултат на лошиот одност на грчките власти кон македонското населени. За разлика од демократска Канада, во дедовката земја тие биле обесправени, врз нив се вршела и се врши асимилација, де­на­ционализација и систематско прогонување

tom-janev-toronto
Панорама на Торонто

Ме­ѓутоа, кај младите генерации родени во Канада се разгоре жел­бата не само да обезбедат основна ег­зис­тенција и да се создадат одредени ма­теријални добра за семејство­то, туку тие посветуваат и големо вни­ма­ние на обра­зо­ванието и личниот про­грес на тие  демократски простори, каде што ги уживаат своите на­ционални и социјални слободи.

Како резултат на тоа, голем број од иселениците, особено го учат англискиот ја­зик со цел подобро да се вклучат во животот на новата средина, а свои­те деца ги испра­ќа­ат да се образуваат во англиски училишта, колеџи и уни­верзитети. Ова е изразено кај последните неколку ге­не­рации, особено кај иселениците од поново време, што услови нови структурни промени и видлив развој на македонските доселенци во демократска Канада.

Еден од тие интелектуалци беше и Том Јанев. При нашиот прстој во Торонто го посетивме домот на семејството Јаневи каде што се сретнавме со Том и Вирџинија. Тие се родени Канаѓани, чии корени се протегаат по Беломорска Македонија, а се родители на Филип, Петар и Карл Јаневи. Том беше истакнат општественик во македонската колонија, како и признат и познат активист сред канадското општество. Тој беше роден во Торонто, каде што се здобил со високо образование и станал стручњак за електроника и компјутери, а подолг период работел како педагог. Во исто време, пројавил активности во црковното живеење во македонската колонија и во формирањето на организацијата „Обединети Македонци“, на МПЦ „Св. Климент Охридски“ и на Канадско-македонскиот центар во Торонто.

tom-janev-filip

Како пензионер, и покрај нарушената здравствена состојба живо се интересираше за афирмирањето на македонскиот народ и Македонија и беше поборник за вистината на античките Македонци, со особена нагласка на ликот и делото на Александар III Македонски (Велики).  Том Јанев, заедно со група интелектуалци од македонско потекло, во Канадско-македонскиот центар, познат како Старски дом, го формираа тогашното „Друштвото за историја и архивистика“, кое зема широк замав сред образованите Канаѓани од македонско потекло и има за цел врз научна основа да го крене гласот за Македонија.

Инаку, „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е единствено од таков вид во дијаспората кое игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада, а  кое има и своја библиотека. Тоа е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки..

Друштвото има за цел да ја развие свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина.

Домот на Том Јанев се наоѓаше во еден современ комплекс од станбени згради во убав дел на Скарборо. Таму нè  чекаа Том и Вирџинија, со кои нашето познанство траеше уште од нивната посета на Македонија во 1979 година. Тие беа гостопримливи, љубезни, благородни и разговорливи, кои во пензионерските години при нашата средба се инересираа за состојбите, (не)приликите и за сè она што ги сврзува со нивната дедовска земја – Македонија.

Се потсетивме за времето кога Том и Вирџинија беа во Македонија. Во таа година, Том беше потпретседател на националната организација „Обединета Македонија“ и, како гостин на Матицата на иселениците од Македонија, учествуваше во одржувањето на големите иселенички манифестации во Македонија. Прита, тие заедно со голем број македонски иселеници од целиот свет посетија бројни градови, туристички и историски места, како и споменици на културата во Македонија, од каде што понесоа трајни спомени.

tom-janev-aleksandar

Во работниот дел во домот на Том Јанев во Торонто, покрај големиот број литература од разни научни области, го видовме компјутерот кој, според искажувањата на домаќинот, бил последен збор на техниката. Бевме информирани дека и покрај одминатите години на Том, тој сепак беше врската меѓу компјутерска мрежа во Канада, САД и пошироко, со Друштвото кое како кандаско-македонска асоцијација има за цел да фрли светлина на вистината за античките Македонци, на нивниот јазик и другите нивни карактеритики, особено да се осветлат некои детали од времето и делото на Александар III Македонски (Велики). За оваа проблематика во последно време се произнесоа бројни личности во македонската колонија, а тематиката предизвикува интерес од широки размери.

Во домот на Том Јанев се сретнавме и со Одисеј Белчевски, интелектуалец по потекло од Битола, кој живее и работи во Торонто, а кој беше еден од соработниците на Том и активен член на Друштвото за историја и архивистика. Притоа Том и Одисеј покажуваа бројни фотокопии од документи за кои се надеваа дека во соработка со други македонски и канадски асоцијации ќе се отпечатат во една публикација, во која ќе се презентира вистината за писмото и за другите карактеристики на античките Македонци пред светската јавност.

Исто така, во домот на Јаневи бевме информирани дека Друштвото организирало  семакедонски конгрес во Торонто на кој биле присутни поголем број научни и други интелектуалци од целиот свет, кои расправале за бројни аспекти на корените и вистината на античките Македонци, за Александар Македонски, како и за историските вистини на Македонија и македонскиот народ од античко време до денешни дни.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.