Среда, 19 Октомври 2016   
Весникот „Македонска искра“ (1946-1957) Перт - прво македонско информативно гласило во дијаспората (3)

makedonska-iskra
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Македонските гласила во Австралија ги изразуваат културните активности и животот во македонските етнички заедници, ги презентираат целокупните новинарски и општествено-политички активности, го даваат напредокот на македонската држава — Република Македонија, а во извесна мера служат и како бариера на туѓите пропаѓанди врз македонските иселеници. Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалната култура на Австралија.

Едно од најзначајните македонски информативни гласила во Ајвстралија беше весникот „Македонска искра(1946-1957), првиот македонски иселенички весник во Австралија и воопшто кај македонското иселеништво во прекуокеанските земји. Тој започна да се печати на 11 Октомври 1946 година, на денот кога се отвори нова славна страница во историјата на македонскиот народ во борбата за слобода и независност.

Весникот беше орган на организацијата Македонско-австралиски народен сојуз (МАНС). Се печатеше еднаш месечно, а неколкупати излегуваше како двоброј во периодот од десетина години. Повеќе од една година се печатеше во Перт, потоа во Сиднеј, а од 1952 година до негоовото згаснување во јануари 1957 година  се печатеше во Мелбурн.

Прв уредник на „Македонска искра беше Ило Малков, 23-годишен студент, иселеник од селото Шестево, Костурско, на кого што голема помош во уредувањето му укажа Кирил Ангелков. Уште во првите броеви на уредувањето работеше и Стојан Србинов, од село Буф, Егејска Македонија, кој подоцна стана уредник на весникот и најмногу има направено за неговото излегување. Покрај нив, уредници на весникот или во редакцискиот одбор биле уште Васил Бошков, Дане Трпков и Ванчо Неделковски, а меѓу поактивните соработници и дописници се јавуваат Никола Трсјански, Крсто Пазов, Никола Караџов и други.

Во уводната статија во која се изнесуваат целите на весникот се вели дека  „Македонска искра” ќе работи со цел да го запознае австралискиот народ и австралиското општество со македонската емиграција во Австралија, со Македонија и македонскиот народ, ќе се бори да ја обедини и да ја собере македонската емиграција околу Македонско-австралискиот народен сојуз.

По бројот на страниците „Македонска искра“ беше мал весник — најчесто излегуваше на четири страници, и на мал формат. Подоцна часто се печати и на повеќе страници и на зголемен формат.

Според податоците во делото „Македонскиот иселенички печат“ на авторот на овие редови, весникот „Македонска искра започна да се печати во Перт. Таму излегуваше повеќе од една година, до мај 1948, а потоа во Сиднеј. Решение во оваа смисла е донесено на Втората конференција на МАНС одржана од 1 до 3 април 1948 година.

Првиот број во Сиднеј излезе во јуни 1948 година, а последниот во септември 1952 годнна. Тогаш по решение на Четвртата конференција на МАНС, одржана во Мелбурн од 2 до 4 август, весникот почна да излегува во Мелбурн. Првиот број во Мелбурн (бр. 6) излезе во октомври 1952 година, чиј уредник беше Дане Трпкоов, а подоцна Стојан Србинов стана душата на ова прво македонско гласило. Значи, вјесникот „Македонска искра се пресели од Перт во Сиднеј, а подоцна од Сиднеј во Мелбурн, затоа што во Мелбурн се наоѓаше најголемата македонска иселеничка колонија.

pert3
Перт

Целта и задачата на весникот „Македонска искра беа да го запознава австралискиот народ и општеството со македонската емиграција во Австралија, со Македонија и македонскиот народ, како и да ја обедини и собере македонската емиграција околу МАНС. Уредници на весникот беа прогресивни Македонци од егејскиот дел на Македонија кои се менуваа зависно од времето и местото на печатењето на весникот. Весникот се пе-чатеше на македонски јазик со латиница освен насловот кој секогаш беше со кирилица. Одделни статии фотокопирани од некој други весник се печатеа со кирилица. Тоа е јазик на Македонците од Беломорска Македонија, кои не еамо што немале можност да учат во македонски училишта во својата родна земја, туку на нив елинските власти не им дозволе да зборуваат на својот мајчин македонски јазик.

Весникот „Македонска искра се печатеше во тираж од 600 примероци за првиот, двојно се зголеми тиражот за вториот, за подоцна да се зголеми за неколку пати. Се растураше меѓу Македонците во Австралија, а се испраќаше и во други земји, особено меѓу прогресивните Македонци во Канада и САД.

Излегувањето на „Македонска искра е од огромно значење за Македонците во Австралија. Весникот внесуваше раздвиженост меѓу македонското иселеништво и претставуваше настан од посебно значење. За многумина тоа беше првпат да  гледаат весник напишан на мајчин македонски јазик, затоа и беше приман со љубопитство, возбуда, љубов и радост. Во него редовно се пишуваше за настаните и активностите на организацијата МАНС, потоа за значајните настани во Австралија и во светот, како и информации за изградбата, обновата и напредокот на НР Македонија. Затоа, за голем број иселеници кои не знаеја англиски јазик, весникот претставуваше и единствено информативно средство во новата средина.

„Македонска ;искраа во голема мера придонесе за духовно обединување на македонските иселеници и за афирмирање на македонското име и нација во далечна Австралија. Исто така, придонесе да се развие и подигне националното сознание кај македонските иселеници. Првпат на голем број Македонци им ја кажа вистината за Македонија и им помогна да се ослободат од искривувањето што дотогаш им го наметнуваа туѓите пропаганда.

Затоа, весникот „Македонска искра“ ќе остане запишан со златни букви не само  во аналите на македонското новинарство во дијаспората, туку и воопшто во историскиот развој на Македонија и на Македонците на петтиот континент.

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ" (1951—1952) — МЕЛБУРН

ilindensko-vostanie

Весникот „Македонска искра(1951-1952) беше темелникот на другите македонски гласила во Австралија. Така, по повод 48-годишнината од Илинденското востание, на 18 август 1951 година, во Мелбурн излезе пригодно издание под име „Илинданско востание”. Тоа е отпечатено на македонски јазик, на леринско-костурски дијалект и на англиски јазик, на две големи страници на формат 29 х 42 см., како орган на Македонско-австралискиот народен сојуз, огранок во Мелбурн. На првата страница се поместени поголем број фотографии, покрај кои, од Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, потоа од Лазо Трповски и Мирка Гинова, а на истата страна се дадени и песните „Илинденски марш", „Шуми Вардар”, „Песна за Трповски” и „Македонски народ".

На втората страница е поместен пригодниот текст кој се однесува на историјата на Илинденското востание, како и други текстовн кои се однесуваат на борбата на Илинден. На англиски јазик е поместен текстот под наслов „Што значи Илинден за Македонија и нејзиниот народ”. Всушност, тоа е материјалот што на 31 јули 1949 година е пренесен преку радиостаницата 2МВ од Њукасл, придружен со народна македонска музика, што го подготвил Стојан Србинов, а го читал К. Мурџев.

Во август 1952 година е отпечатен уште еден број од „Ијлинденско востание“. Тоа е специјално издание по повод прославата на Илинденското врстание и свикувањето иа Четвртата конференција иа МАНС и последен. Тој број има само две страници, на кои преовладуваат текстови сврзани со Илинденското востание, фотографии, песни, вести и соопштенија за одржувањето на конференциј ата на МАНС на 2 и 3 август истата година.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.