Среда, 02 Ноември 2016   
Весниците „Во одбрана на македонскиот јазик“, и „Народен глас“- чувари на македонската вистина (5)

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-1
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Во врска со употребата на македонскиот јазик во Беломорска Македонија, во публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ е пренесена специјалната публикација „Во одбрана на македонскиот јазик“ (1960) на Комитетот за протест против забраната на славомакедонскиот јазик во Северна Грција. Публикацијата се појави во март 1960 година, во пет илјади примероци, на 4 страници, на формат 29,5x41 см. Отпечатена е на македонски јазик со латиница, а има текст на англиски и на грчки јазик. Бројот на публикацијата обилува со материјали во врска со забраната на македонскиот јазик во Елада (Грција). Во одбрана на својот мајчин јазик, македонските доселеници од Беломорска Македонија одржаа протесна конференција во Аделајд, на 2 и 3 јануари 1960 година, од каде произлезе и една Резолуција која е испратена на многу адреси.

Исто така, во овој број е поместен текст на грчки јазик, превземен од атинскиот весник „Сфера“ од 1 септември 1959 година, во кој се опишува церемонцјата  за „заколнувањето“ на македонските селани од селото Крпешина, Леринско, притоа демек имало и претставници од наводно сто села од Леринско, во присуство на воени и цивилни власти, како и претставници од општествените и националните организации на Северна Грција, Македонците се „заколнале“ да не го употребуваат мајчиниот јазик.

Во бројот е поместен интегралниот текст на „заклетвата“ што селаните морале да ја изговорат. Тоа е невидена неправда. Зарем е можно човек да се откаже од мајчиниот јазик и да го прифати јазикот на омразата?

Исто така, во продолжение на овој број се поместени Резолуцијата и други информации и сооштенија, со кои се упатуваат македонските доселеници во Австралија да протестираат пред сите грчки конзуларни претставништва во Австралија, потоа текст за протесната конференција и текст за одбрана на мајчиниот јазик.

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-2

Во сите овие населени места се зборува мајчиниот македонски јазик кој, за жал, им се забранува на македонското население.

„НАРОДЕД ГЛАС“ (1962—1963) — МЕЛБУРН

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-3

Во публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ посебен простор е посветен на весникот „Народен глас“ (1962-1963). Првиот број на ова гласило излезе во декември 1962 година. Како издавач е наведен Алек Раковитис, познат како активист на МАНС во Мелбурн, меѓутоа иницијативата ја поведува и работата фактички ја води Стојан Србинов, порано уредник на „Македонска искра“. Се печати со латиница, освен насловот кој е со кирилица. „Народен глас“ се претставува (во поднасловот на англиски и на македонски јазик) како „единствен словенонмакедоиски социјален и трговски весник во Австралија“, кој излегува еднаш месечно, со годишна претплата од една фунта, а за еден број по еден шилинг.

Вториот број е отпечатен на 2 февруари 1963 година, на четири страници, на формат 32x49 см. Речиси половина од просторот е посветен на катастрофалните поплави во Македонија во ноември 1962 година, иформации за штетите и за кампањата за собирање помош од иселениците во Мелбурн. И на англиски јазик е даден текст во кој се нагласува дека на македонскиот народ му е потребна помош и се апелира на солидарност кон настраданите. Во продолжение се дадени бројни материјали од активноста во македонските колонии ширум Австралија, со поддршка на гласилото „Народен глас“, како и информации, куси вести и реклами. Весникот е отпечатен на македонски јазик со латиница, но има текстови чии наслови се на англиски, а и текстови на македонски јазик.

Бројот четири од 13 април 1963 година, е отпечатен на македонски јазик со кирилица, (притоа е употребувана руската азбука) на помал формат (28 х 41 см.) на четири страници. Во олширната воведна статија, покрај другото, ое вели: „За првпат во историјата на македонската емиградија во Австралија се печати весник на кирилида, кое е основно писмо на нашиот книжевен јазик. Првите три броеви од овој весник се отпечатени со латиница, како и весниците „Македонска искра“, „Македонски глас“ и духовниот Билтен. Нашиот весник издаден на кирилица ќе биде многу полесно разбирлив и многу подобро ќе звучат нашите зборови пренесени преку него. ..“ „Народен гласе весник на Македонците во Австралија. Тој е национално-     прогресивен гласник и се бори за згрижување на правата и вистината за слобода и траен мир на Македонците насекаде по светот.

Овој број е посветен на Гоце Делчев и Јане Сандански, а во продолжение се дадени материјали и информации за Велигден, за св. Кирил и Методиј, за Први мај, за животот на Македонците, некролози и куси информации. Истој така е поместена една патриотска песна од Паскал Паскалевски, потоа преземен е и текст од весникот „Борец од Прага кој се печатеше на македонски јазик, а се однесува на животот на една Македонка од село Шестево, Костурско.

Бројот пет од август 1963 година е последно издание на „Народен глас“. Тој е печатен на македонски јазик со кирилица, на ист формат како и претходниот број, а на десет страници. Посветен е на 60-годигшнината на Илинденското востание, притоа се поместени неколку пригодни текстови, покрај кои, за Крушевската република, Смилевскиот конгрес и бројни фотографии на борци од илинденскиот период, од Втората светска војна и од Граѓанската војна во Грција.

Посебно место е посветено на информациите за катастрофалниот земјотрес во Скопје и за активностите што се преземени за помош на настраданите. Се чини дека весникот бил пред затворање и се дадени само телеграфските информации за земјотресот во Скопје.

Исто така во овој број е поместено писмото од Аделајд кое се однесува на грчката пропаганда кон македонските доселеници на тие простори. Потоа се поместени информации и куси вести за активностите по повод Илинден, како и други текстови кои се однесуваат на активностите на балканските земји, а се презентирани и бројни поетски остварувања на познати поети од етничка Македонија.

„ЕДИНСТВО” (1965) — СИДНЕЈ

ЕДИНСТВО           

По згаснувањето на „Македонски глас во 1958 година во информативната дејност кај Македонците во Австралија настана голема празнина. Во тој период се отвори простор на бугарската пропагандна машинерија, која успеа една група поранешни активисти на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС) да ја натера, да издава весник. Весникот е наречен „Единство“ (1965), чиј прв број излезе во септември 1965 годцна во Сиднеј, деклариран како општествен и економски весник. Главен и одговорен уредник е Васил Бошков, поранешен активист и некое време секретар на МАНС. За жал, неговата цел е преку весникот „Единство“ да ги стави под општ именител и Македонците и Бугарите, што наиде на силен отпор кај чесните Македонци кои осознаени преку МАНС можеа да разликуваат што е „братство, а што „побратимство“.

Првиот број на „Единство“ е отпечатен во Сиднеј во септември 1965 година на среден формат 31x43 см. на бугарско-македонски јазик со латиница, само насловот (клишето) е со кирилица. Во воведникот што е поместен на првата страница, меѓу декларативните изрази како „нашата емиграција“ од Македонија и Бугарија, „стариот роден крај“ и други, се вели: весникот „Единство“ ќе пишува за животот на нашите луѓе во Австралија, ќе се занимава со проблемите што ги интересираат, ќе помага за братските врски и дружење помеѓу нив. Во овој број се дадени материјали за Бугарија, како и поздравното писмо од Славјанскијот комитет во Софија.

Вториот број се појави во октомври 1965 година, во кој е објавена статија за Илинденското востание со некои стари „видувања“ и „вистини“. Исто така, поместен е текстот под наслов „11 Октомври — Денот на оруженото востание” во кој покрај друтото, се наведува дека 11 Октомври е симбол на вековните стремежи на македонскиот народ за слобода и е национален празник како во стариот крај, така и на Македонците во Австралија и во светот.

Третиот број од ноември 1965 година ја менува главата само по големина. Клишето на главата на весникот е помало и е со кирилица, а другите текстови се со латиница. На првата страница е поместен кус вовед во кој се вели дека весникот добива голем број писма покажувајќи жив интерес како нова културна просветна трибина. Потоа е поместен текстот за одржувањето на годишното собрание на организацијата „Весела Македонија" од Сиднеј и текстот по повод изборите на црковното раководство во Македонската православна црква „Св. Горѓи“ во Мелбурн.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.