|
|
Во Сиднеј премиерна изведба на драмата „Баба се мажи“ |
Минатиот петок, 11-ти ноември, во просториите на Civic театарот во Хрствил, Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ја изведе премиерата на драмата „Баба се мажи“ од Душан Ристевски во режија на Васко Србиновски.Ова беше едно фантастично дожувување да се почувствува енергијата од публиката на преполнетиот театар од 250 луѓе каде деведесет минути само се смееше и уживаше она што го гледа на сцена. Еден од гледачите забележа дека Душан како терапевт создаде терапија со смеење, каде целата публика со нетрпение очекуваше да се расветли сонот на баба Јана. Да бидам искрен, досега не сум бил во можност да гледам комедија која од смеење очите постојано ми солзеа – доживување кое долго ќе го паметам. Јаворка Котевска (во улогата на Јана) се покажа дека е вистинска дива на сцена, и не случајно и беше понудена главната улога, се чини како драматургот Душан да ја пишуваше оваа улога за неа. Покрај Јаворка, главните носители на целото дејствие беа и Гордана Милошевска во улогата на Џеки – интересен карактер на ќерка; Владо Сазданов (Спасе) одигра еден тежок карактер за кој публиката не можеше да не се смее; Антонио Нешковски (Стојан) се покажа како зрел глумец иако има само 18 години; Татјана Нешковска (Лидија) која дебитираше но изврсно го престави својот карактер; Самоил Митревски (Стојко и попот) иако му беа доверени кратки улоги но истите беа многу значајни, а Самоил како и секогаш успева да навлезе во различни карактери; Самуил Ангелкоски (Крис) и Натан Маљановски (Тони) најмладите актери за кои мислам доправа ќе се слуша и пишува, дебитираа во оваа драма; Зора Сазданова (Спаса), Лариса Мабеи (Цеца), Спасија Огненовска (Гица) и Македонка Наневска (Мица) ја правеа преставата интересна и забавна. И во саботата кога се даде втората престава, како што бев информиран, театарот бил исполнет до последно место и требало да се постават додатни столици за публиката да не биде вратена. Инаку двете престави беа дадени како дел од Фестивалот за уметност Discovery на градската општина Georges River. Исто така драмата наредната сабота ќе се прикаже во Волонгонг, а во недела гостува во Рогдаел и потоа следи Бенкстеон на 3 декември. Честитки до авторот Душан како и до режисерот Васко кои избраа изврсен тим да ни ја прикаже оваа комедија како и до сите членови на Театарот кои повторно ни донесоа престава која долго ќе се памети и затоа без ограничување им ја препорачувам на Македонците да ја видат. Иван Трпоски |