Среда, 16 Ноември 2016   
Весниците „Македонија“ (1969) и „Нова Македонија“ (1969) од Сиднеј (7)

makedonija-sidnej
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Првиот број на весникот „Македонија“ се појави во Сиднеј на 13 март 1969 година. Отпечатен е на 8 страницц на среден формат (29x44 см), на македонски јазик со латиница. При употребата на македонскиот јазик со латинско пиомо, се вметнувани буквите „ЅН“, „СН“, „ТЅ“ наместо „Ѕ“, „С“, „С“. Единствено само главата на весникот е со кирилица, како и неколку текстови во вториот број. На клишето со латиница стои дека главен и одговорен уредник, директор и печатар е Панајот Георговски.

Во воведот, пак, кој е поместен на првата страница, покрај другото, се вели: „Нашиот сонароднјик П. Георговски (а не Георгофски, како што стои на главата на весникот, н.з.) од пред извесно време дојде на идеја да почне да издава ваков весник. Тој има околу себе повеќе интелектуалци кои се готови да му помотнат (во реализацијата на неговите планови...

Весникот е независен и рекламно-информативен, а тоа значи дека нема да се врзува со било каква идеологија и политика. Весникот „Македонија“ ќе донесува вести и информации од животот во македонските заедници во Австралија - втората татковина, а во исто време и за стариот крај (Македонија), каде што во текот на двете десетлетија е направено повеќе отколку во многу столетија“.

Во овој броје поместена фотографија на Гоце Делчев, проследена со пригоден текст, потоа текстови за историјата на Македонија и македонскиот народ, за Македонската православна црква, за Григор Прличев, за св. Кирил Слунски, за иселеништвото во Австралија и Торонто, како и куси спортски информации.

Во вториот број од 19 март 1969 година, меѓу другото е објавена опширна статија под наслов: „Црквата — важен фактор во животот на македонските општини“, во која се изразува пошироката позиција и целите на македонските иселаници органи- зирани во црковните општини. Исто така, се нагласува дека Австралија им ги призна човековите и национапеите права на Македонците во Австралија и дека македонските општини во неа не се изолирани колонии, туку се мостови што поврзуваат. За одбележување е дека од 12 страници две се дадени со кирилица. Ваквата практика за печатење со кирилица продолжува и во наредните броеви. Така во шестиот број кој излезе на 16 април 1969 година, од вкупно 16 страници, 9 се са кирилица, а 7 оо латиница.

sidnej7
Сиднеј

Третиот број на веаникот „Македонија“ е отпечатен на 26 март 1969 година, на 10 страници, на формат 27 х 38 см. На првата страница е поместена воведна статија, во која, покрај другото, се вели дека весникот почна да се печати еднаш неделно, со цел да ги известува своите луѓе за вистината во минатото на својата нација и да ја слика сегашноста. Во продолжение се дадани информации од светот, од културата, филмот и занимливости од светот, чии куси текстови се проследени со фотографии.

Бројот 6 на весникот „Македонија“ од 16 април 1969 година е отпечатен на 16 страници, на ист формат како претходните броеви, на македонски јазик со латиница. На првата стрзјница е поместен текст и фотографија од пристигнувањето на црковната делегација во чиј состав беа митрополите г. Методиј и г. Кирил. Во продолжение одреден простор е посветен на поезијата на Кочо Рацин, за св. Климент Охридски, за Јане Сандански, информации од светот и од спортот, придружени со бројни фототрафии, а се поместени и рекламно-пропатандни материјали.

Бројот 8 од 30 април 1969 година е отпечатен на ист форма како првиот број на 12 страници и е последен број од овој весник. Неговата глава (клише) се разликува од првиот број, со тоа што во левиот агол е поместена етничка кајрта на Македонија. Овој број на весникот „Македонија“ обилува со позајмени текстови од други весници што се печатат во Рапубликата, а кои се од културата, општествеиото живеење и поезијата.

„НОВА МАКЕДОНИЈА“ (1969) — СИДНЕЈ

nova-makedonija-sidnej

Македонското информативното гласило „Нова Македонија“ за првпат се појави во Сиднеј на 19; април 1969 година како недалник, чиј издавач беше извесан Чек Лорд, а главен и одтоворан уредник е Драган Неделковски. Главата на весникот е на макадонски, со латиница и ги содржи основиите податоци. Весникот се печати на  македонски јазик (дијалекти) со латиница, на 8 страници, на формат 28 х 45 см. А се продава по цена од 15 центи. Весникот е неделник, исто како и весникот „Македонија“ и излезе по неговото престанување, што веројатно не е случајна коинциденција.

На птрвата страница е помеетен текстот под наслов „Титовиот план за заштита на Југославија“ кој негаторски се однесува кон политиката на Тито и Југославија, а е дадена и фотографија на Тито. Во продолжение се дадени фотографии и кус текст за смртта на претседателот на САД Ајзенхауер, за културно - просветпото друштво „Илинден“ од Рокдеил, за политичките настани во Чехословачка, како и други информации за настаните и проблемите во светот. Една страница е поаветена на      свадбените обичаи во Мариово, проследени со бројии фотографии, потоа две страници се посветени на рекламно-пропагандни материјали на фирмата „Странд електроникс“, која е на иста адреса каде што и се печати ова гласило. Исто така, поместени се бројни огласи за работа, продажба, како и кусу текстови со хумор.

Во почетокот на мај 1969 година се јавува уште еден број. Во него нема многу од информативен и содржински карактер вредно за одбележување и претставува една епизода од негативен набој со недобронамерни тенденции во процесот на организираното собирање на македонските иселеници во Австралија, а тоа, што го споменуваме е резултат на настојувањата да ги регистрираме сите изданија во Австралија печатени на макеронски јазик.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.