Среда, 23 Ноември 2016   
Чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

mak-jazik-njv

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа добротворна забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 25 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште.
Покрај, студентите и родителите на забавата присуствуваа и: Амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Г-от Веле Трпевски, претседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Г-от  Алберт Вела, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Г-та Љубица Талеска , директорката на Државните саботни училишта за јазици Г-та Ненси Морвило,координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Г-та Анѓела Лирис, како и  претседателката на МПУО за НЈВ- Г-та Жаклина Михајлова.

Во своето обраќање до присутните, Амбасадорот Г-ин Веле Трпевски истакна дека „ ваквите манифестации и изучувањето на македонскиот јазик на австралискиве простори  е многу важно, зашто тоа ќе го зачува македонскиот идентитет , традицијата и културата. Македонија е лулка на културата. Изучувањето на јазикот ќе придонесе изучување на културата. Затоа е многу важно да се изучува македонскиот јазик и да се овозможи модерна и интересна настава за учениците. Но, подеднакво е важно да се посети Македонија, за да се почувствува духот на корените...“
Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата која ја доделува Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, - Авионска карта за Македонија, овојпат за најсреќниот матурант кој најмалку 5 години го изучува македонскиот јазик во средното образование. Среќата му се насмевна на Кристофер Тодороски, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Врачувајки ја Наградата, Госпоѓата Жаклина Михајлова , им посака успех на испитите на сите ученици.
Во пригодниот говор наменет за матурантите, меѓу другото таа истакна дека:“ Културата на еден народ се одржува преку јазикот и тој е единственото нешто преку кое можеме да ги пренесеме и задржиме нашата историја и нашиот идентитет овде во Австралија. Вие носите две култури и тоа е големо богатство, вие имате големи вредности и притоа им помагате на луѓето околу вас овде во Австралија да дознаат која е Македонија.“ Потоа таа истакна дека“ Изгледа дека меѓу нашиве годинашни матуранти има најмногу адвокатки, но и идни доктори, професори, пилоти, инжењери... Убедена сум дека и во другите матуранти лежат скриени таленти што допрва ќе испливаат на површина. Ние, Македонците сме домородци на светот и имаме света крв. Затоа примарно е да си ги зачуваме корените и јазикот, наш македонски.“, истакна Михајлова. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија.
Во забавниот дел на вечерта настапија членовите на  МКУД „Вардар“ од Сиднеј. Тие со својот беспрекорен настап и со уметничката кореографија на традиционални ора и песни ја ввоодушевија публиката.

Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.

Вечерта свиреа членовите на “Група без име“ кои забавата ја направија незаборавна и весела. Водители на вечерта беа ученичките од 11 година Марија Грозданова и Александра Ристовска.

Матуранти 2016

Од Центарот Bankstown: Џошуа Богдановски, Викторија Ивановска, Стефанија Јошеска, Кристина Јовчевска, Стефан Јуруковски,  Александра Киселоска и Никола Ничоски.

Од Центарот Kogarah: Симона Бојческа, Емилија Гошаревска, Филип Ѓорѓиоски, Микаела Кумановска, Анастазија Неделковска, Анѓелика Митрова, Габриела Ставреска, Кристина Трпчевска, Кети Наумовска, Наташа Стеванова, Петар Павловски, Кристофер Тодороски,Глорија Велеска, Александар Петковски и Јане Звездаковски.

Од Центарот Smith Hill: Талија Попчевска, Ангела Стојчевска и Никол Јовановска.

Им честитаме!

Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на:

PAYMENT METHODS

DIRECT DEPOSIT

Account Details: Macedonian School Council

BSB: 032-057

Account Number: 601 946

Bank: Westpac

Branch: Rockdale

Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description.

CHEQUE

Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216

Жаклина Михајлова

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.