Среда, 14 Декември 2016   
Информативни гласила што оставија траги кај Македонците во Австралија (11)

avstralija11-1
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

„Македонскиот општински весник“ беше издание на Македонската општина од Перт, Западна Австралија. Тој беше регистриран како периодично издание од категорија „В“, а се печатеше на македонски со латиница и со кирилица и на англиски јазик, при што во македонските текстови се среќаваа многу архаични зборови од Леринско-костурскиот регион, како „греи‘‘, „пули“, „везден“ (доаѓа, гледа, постојано) и други. Главата на весникот е на македонски јазик; во средината е етничката карта на Македонија со ликот на Гоце Делчев, а под насловот на весникот има цртеж на Општинскиот центар.

Првиот број на ова македонско гласило е отпечатен како двоброј за аирил-мај 1975година, чија цена е 5 центи. Тој е отпечатен на 4 страници на голем формат 30 х 45 см. во компанијата „Сервис принтинг, а главен и одговорен уредник е Крис Ангелковски.

Во првиот број е поместен текст за активностите во Општината, како и фотографија на Комитетот на општината за 1975 годнна. Во текстот под наслов „Во одбрана на македрнската национална чест и достоинство“, покрај другото, |се вели: „Измина доста време од последното издание на нашиот општински орган — „Месечни новини“, а во тоа време се случија мошне важни и актуелни работи. Имено, станува збор за предизвикувачки појави кои доаѓаат овојпат од грчката страна, односно од големата грчка пропагандна машинерија, која се спроведува и се поддржува од грчките дипломатски претставништва. Нашиот трудољубив и чесен македонски народ се гнаси и со презир гледа на појавата на таканареченото друштво „Пан Македоники“. 

Во продолжение се дадени текстови за Гоце Делчев, за активностите на претстојните велигденски празнувања, како и литературниот текст од М. Шариновски под наслов „Крадец“. На англиски јазик, пак, е поместен текстот под наслов „Грчката трагедија и македонската нација“ и новостите за Македонскиот аматерски рагби-клуб.

makedonski-opstinski-vesnik
„МАКЕДОНСКИ ОПШТИНСКИ ВЕСНИК “
(„
MACEDONIAN COMMUNITY NEWS PUBLICATIN“)
(1975—1976) — ПЕРТ

Вториот број на „Македонскиот општински веоник“ е отпечатен во август 1975 година, на ист формат, а на 8 страници, Клишето на главата на весникот е изменето: во цртежот е Општинскиот центар, а на двете страни од етничката карта се дадени мисли на Гоце Делчев. На првата страница е поместен опширниот текст под наслов „За нашиот славен Илинден“. Во средината е знамето од Илинден, а под него ликот на Гоце Делчев, додека во продолжение е поместен позајмен текст на македонски јазик за пиринскиот цар Јане Сандански. Потоа следат теми за активностите на женската секција, одбојкарската екипа и за активностите во црковната општина. Посебен простор е посветен на англискиот текст за Вилјам Гледстон и македонското прашање, како и на поетските остварувања на македонските иселеници од Перт.

Во декември 1975 година, под година прва е отпечатен бројот 3 од „Македонскиот општински весник“. На првата страница е текстот под наслов „Наша македонска гордост“, за кој само насловот е на кирилица, а текстот е на латиница и се однесува на отворањето на Општинскиот центар во Перт. Во продрлжение се дадени повеќе фотографии од изградбата на Центарот, бројни песни од иселаници, од животот на Македонците во таа колонија, како и текстови од националниот живот, соопштенија, реклами и честитки по повод новогодишните и божиќните празници.

Како двоброј за април-мај 1976 година, под година 2 е отпечатен бројот четири, кој е последен број од весникот. Тој го задржува истиот формат, и е печатан на 6 страници. На првата страница е поместен текстот кој се однесува на свеченото отворање на Македонскиот општински цантар, од страна на И. Винер, претставник на прајминистерот Малколм Фрејзер, на 17 април 1976 година. Текстот е придружен со бројни фотографии од свечениот чин на отворањето. Исто така, во овој број се поместени и текстови за другите активности во македонската заедница, потоа следи текст на англиски за свети  Кирил и Методиј, неколку рекламни и други текстови.

ilindenski-vesnik2
ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК“ (1975—1980) — СИДНЕЈ

„Илинденски весник“ беше гласило на Македонско-австралиското културно-уметкичко друштво „Илинден" од Рокдеил, а започна да се печати во јули 1975 година, Првиот број излезе по повод илинденските празници. Тој е печатен на макадонски јазик со латиница и на англиски јазик, а само првата, односно насловот на весникот и неколку позајмени материјали се со кирилица. Првиот број од овој весник е печатен на 24 страници, голем формат 20 х 43 см, што го задржа и во наредните броеви.

Во воведникот на втората страница, покрај другото, се вели: „Како прилог на настојувањата и желбите на членовите на друштвото „Илинден“ да ги прибере младите и оо заеднички сили да се негува она што е и најмило и најсветло: нашиот јазик, нашиот фолклор, нашите стари добри македонски обичаи, а и како прилог на прославувањето на Илинден, како еден мал обид да се оддолжиме на нашите великани кој живееја и паднаа за Македонија, се роди овој прв број на „Илинденски весник“ во Рокдеил. Се очекува весникот да биде прифатен од доселениците како свое гласило и трибина. А тоа се покажа со бројните донатори што го помогнаа излегувањето на веоникот, особено помошта на колегите од Редакцијата на весникот „Ново доба“ кои со својата, техника помогнаа да се уреди првиот број“.

Првиот број на „Илинденски весник“, покрај другите текстови, го содржи материјалот под наслов „Гоце Делчев, идеологот на македонската револуција“, што е поместен на англиски јазик, потоа на по 2 страници се презентирани текстовите на македонски јазик под наслов „Живееја и паднаа за Македонија“ и „Така гинеа војводите — кој од куршум, кој од нож“. Во продолжение се поместени текстовите за св. Климентовата автокефална Македонска православна црква и за Илинден 1903—1944 година, а посебен простор е посветен на текстот што се однесува на друштвото „Илинден“, кое е формирано на 13 март 1974 година.

Вториот број од „Илинденски весник“ е отпечатен во октомври 1975 година, на голејм формат, 29 х 43 см со латиница и на 24 страници. Посебно внимание е посветено на текстот за паднатите борци за Македонија, за историскиот развој на Австралија, што е даден во неколку продолженија, како и за прославите на илинденските празници во Сиднеј, за донаторите на весникот, за развојот на Македонија и Скопје и друго.

Бројот 3 од јануари 1976 година е посветен на новогодишните празнувања и е со најголем број страници (64 страници). Тој обилува со материјали од историјата, културата, стопанството, општествениот живот во Македонија и во Австралија, а се поместени и голем број рекламно-проиагандни материјаош од фирми во Сиднеј и пошироко. Поголемиот број текстови се позајмени од пласила што се печатени во Републиката, а од изворните текстови за одбележување се оние кои се однесуваат на истакнатите активисти во македонската колонија во Сиднеј, особено во КУД „Илинден“.

Посебен простор е посветен на истакнатиот диригент Ванчо Чавдарски, кој во тој период работи во Сиднејската опера и постигнува завидни резултати, како и на второто продолжение од историскиот развој на Австралија, кое е поместено на англиски јазик. Во овој број, покрај другото, се среќаваат и рубриките „Детско катче“, „Со камера низ старите албуми“, „Антички градови во Македонија“, „Писма до редакцијата“ и други.

Бројот 4 е за периодот февруари-март 1976 година и е отпечатен на 24 страници, а на ист формат како и претходните броеви. И овој број е исполнет со позајмени материјали од други гласила, а има и текстови во продолженија од историскиот развиток за Австралија, од старите албуми, како и текстови за паднатите борци за Македонија. И овој број содржи бројни рекламно-проиагандни материјали.

Бројот 5 е идентичен на претходните броеви. Тој е отпечатен за периодот мај-јуни 1976 година. Од изворните текстови е поместена информацијата за посетата на македонската црковна делегација на Австралија, а се дадени материјали за бројните активности на надлежниот архијереј г. Кирил во Мелбурн, Сиднеј, Њукасл и Перт, потоа бројни фотографии. позајмени текстови, писма и други информации и рекламни материјали.

Како двобро за мај и јуни 1977 година е отпечатен бројог 8 на „Македонски весник. Во него има бројни информации и фотографии од тогашниот претседател на Југославита Тито и од посетата на делегацијата од Македонија во Австралија, како и други информаци и вести од македонската колонита, рекламни материјали и друго.

Бројот 9, пак, е од јули 1978 година и е посветен на 75 годишнината од Илинденското востание. Тој содржи текстови кои се однесуваат на Илинденското востание и на животот и делото на Гоце Делчев. Сите текстови се позајмени од други гласила.

Бројот 10 како и претходните броеви е ист и по форма и по содпжина. Тој е отпечатен во август 1979 година е посветен на 76-годишнината од Илинденското востание. Во него се истакнува дека таа година „Илинденски весник“ го уредиле: Николче Неделковски, Горѓи Бушиноски, Тоде Кабровски и Богољуб Самарџиќ. Покрај материјалите по повод Илинден, се поместени текстови за македонските дополнителни училишта во Њутаун, Јагуна и Кенли Веил, потоа текстови од илинденската прослава и активностите на КУД „Илинден“, од спортските настани во Републиката и во македонската заедница во Сиднеј.

Бројот 11 е отпечатен во октомври 1979 година и е посаветен на 11 Октомври. Тој е отпечатен на македонски јазик со кирилица и на 24 страници. Во воведникот, покрај другото, се вели: „Еве не пак, со единаесеттиот број на „Илинденски весник“, точно на единаесеттиот ден 11 октомври, ден кој со златни букви е запишан во историјата на македонскиот народ, ден кој пред 38 години ја отвори новата страница од таа историја“.

Овој број обилува со изворни текстови ,меѓу кои, за македонекото етничко училиште св. Кирил и Методиј во Анклиф, за богатиот општествен живот на Македонците во Њукасл и Вулунгонг, како и за септемврискиот фудбалски турнир, на кој учествуваа бројни македонски фудбалски екипи. Од спортските вести е и онаа за гостувањето на Вардар од Скопје во Австралија.

Во ноември 1979 година на 24 септември е отпечатен бројот 12. Тој е специјално издание и е посветен на „29 Ноември“. Уредници на овој број се: Николче Неделковски, Горѓи Бушиноски и Тоде Ќабровски. Овој број обилува со текстови позајмени од гласила што се печатат во Републиката, а од изворните е даден текст за прославата на 11 Октомври во македонската заедница во Сиднеј, проследен со бројни фотографии од манифестацинте. Посебен простор е посветен на гостувањето на фудбалската екипа „Вардар“ од Скопје и на бројни реклами.

Вројот 13 е отпечатен во февруари 1980 година, на 16 страници и на ист формат. На насловната страница, во овој број се дадени бројни информации од Македонија и од Австралија. Поместени се и бројни позајмени текстови, а од изворните заслужуваат внимание ииформацијата за свечената академија по повод завршувањето на учебната 1979 година во македонското училиште во Мелбурн, за прославата во Вулунгонг и спортските вести. Исто така, во овој број е поместена информација од редакцијата на весникот во која се вели дека се бара новото име на идниот весник, за што се предвидени и награди.

Вројот 14, пак, датира од април 1980 година, а е отпечатен на 16 страници. Тој е исполнет со текстови од други гласила и со мал број информации за активностите од македонските заедници. Се чини овој е последјен број на „Македонски вееник“ од Сиднеј.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.