Среда, 04 Јануари 2017   
НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА АЛБАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА

1 јануари 2017 година, Тирана, Албанија

На албанската државна телевизија емитувана е новогодишна честитка на македонски јазик, како и на јазиците на сите малцински етнички заедници во Албанија - на српски, грчки, влашки и ромски јазик.

Новогодишната честитка на македонски јазик ја упати Нико Китани, член на Државниот комитет за малцинствата при Владата на Република Албанија, кој е претставник на Македонската заедница.

albanija

- Новогодишните празници се време кога си ги потврдуваме нашите искрени честитки. Ги испраќам моите најискрени желби, им ја честитам Новата 2017 година на сите Македонци каде и да се, и на сите граѓани на Република Албанија, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и хармонија во секое семејство. Во новата година уште посилно и уште подлабоко да ја негуваме нашата традиција на соживот, почитување и прифаќање на различностите. Среќна и бериќетна 2017 година, - порача Нико Китани.

Претседател на Државниот комитет за малцинствата е Гркинката Констандина Бежани.

За првпат честитка и на македонски јазик на државната телевизија беше емитувана во 2014 година, што Китани го оцени за историски настан.

Нико Китани верува дека годинава на албанската државна телевизија ќе почне да се емитуваат еднаш неделно информативни и други емисии за животот, културата и традициите на малцинските етнички заедници.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.