|
|
Списанието „Повод“ – едно од најзначајните македонски гласила во Австралија (14) |
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА Едно од позначајните македонски гласила не само во Австралија туку и во светот кое излегуваше подолго време е списанието „Повод“ од Сиднеј. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на овој континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво „Грипор Прличев“ од Сиднеј, кое е формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј. Датум што е запишан со златни букви за литературните, театарските и други активности на Македонците во Сиднеј и пошироко. Во него членуваат Македонци ентузијасти, вљубеници во македоискиот јазик и литературата, кои во слободно време се занимаваат со пишување лични творби. Списанието како плод на Друштвото го уредува Редакциски одбор составен од Македонци по потекло претежно од Охридско-струшкиот и Битолско- преспанскиот регион. Целта и задачите на списанието „Повод“ е да ги обедини Македонците кои се занимаваат со пишување лични творби собрани околу Литературнто друштво „Григор Прличев“. Тоа првите три години излегуваше на три месеци, а од јануари 1981 година па потоа излегуваше различно како двомесечник или тримесечник. Се печатеше на македонски литературен јазик оо кирилица, но има и статии на англиски јазик, особено оние што се однесуваат на македонскиот јазик, литературата историјата, културата и други области од животот и активностите на Македонците на петтиот континент. Првиот број на списанието „Поивод“ излезе на 15 јуни 1978 година на четири страници со формат 30 х 21 см, додека наредните пет броеви со истата форма имаат зголемен број страници чиј број се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 23 страници, на мал формат 22 х 16 ом, а неколку броеви се печатени од 28, до 40 страници. Во периодот од скоро 15 години се отпечатени шеесетина броеви. Во уводиата статија на првиот број, а слични статии се објавени и во наредните броеви, покрај другото, се вели: „Списанието „Повод“, покрај презентирањето на литературните и просветните достигнувања во Републиката, ќе објавува лични творби од областа на поезијата, прозата и журналистиката на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличе!в“, а по пат на конкурси на членови и други лица кои се занимаваат со пишување лични творби и кои живеат во Австралија. Со формирањето на друштвото „Григор Прличев“ се појави р'кулецот којшто се разграни наоколу и ги привлече заинтересираните за македонскиот јазик и литература“. Содржината на списанието „Повод“ е разновидна. Така, секој број е посветен на по еден македонски литературен деец; Потоа се застапени рубриките: „Дела на наши членови“, „Од македонското народно наследство“, „За македонскиот јазик и литература“. „Страница од историјата“, „Јазично катче“ и „Детско катче“. Исто така, се поместени и голем број рекламно-пропагандни материјали од наши претставништва во Австралија и од македонски иселеници сопственици на разни бизниси во Сиднеј и околината. ПОВОД" (1978 ) СИДНЕЈ
Секоја година во описанието „Повод“ се објавува конкурс, преку кој се избираат најдобрите литературни творби во годината, со учество на автори кои анонимно и шифрирано ги доставуваат своите лични остварувања од областа на поезијата, прозата и детската литература. Вообичаено, на конкурсите нристигнуваат голем број литературни творби, од кои, поеебна комисија составена од членови на Друштвота и видни ошштественици од македонско потекло, избира три или четири поетски, прозни и детски литературни оетварувања. Наградените литературни творби се објавуваат во наредните броеви на списанието. Така, покрај другото, во почетните години се отпечатени: Зборникот „Видици“ кој содржи бројни дела од членовите на Друштовото, потоа публикациите „Полутици“ од Душан Ристевски, „Површински корења“ и „Око вано море“ од Иван Трпоски, „Чувар на детски спомени“ од Бранко Наумовски, „Збогување“ од Горјан Маслинкоски, „Лирско ехо“ од Лилјана Тошеска и „Фрагменти на една историја“ од Џим Томев. Овие литературни остварувања се од големо значење за јазичните и литературните процеси меѓу Македонците во светот и можност за афирмирање на културното наследство на македонските доселеници во Австралија. Тие се основа за идните литературни остварувања на Друштвото. Инаку, во првата година од печатењето на списанието „Повод“, (1978 година) излегоја три броја и тоа прјвиот во јуни, вториот во август и третиот во октомври. Од третиот број, се зголемува бројот на страниците и се подобрува квалитетот на списанието. Овие броеви ги уредува Редакциски одбор во состав: Цане Долевски, Лилјзана Тошеска и Душан Ристевски, како главен и одговорен уредник, додека иселеникот Миле Петровски е технички уредник. Во 1979 година се отпечатени исто така три броја, но како тромесечници, сите на 20 страници, на формат 21 х 30 см., додека четвртиот број, бројот 7 е отпечатен на 24 страници и на помал формат (16 х 21 см.). Оваа форма списанието ја задржува се до бројот 50 во 1986 година. Во овој а и во другите броеви во наредниот период се застапени рубриките: „Од број до број“, „Наши писатели“, „Дела нд наши писатели“, „Од македонското народно творештво“, „Конкурс“, „Јазично катче“, „Осврти“, „Забавно катче“, „Резултати од конкурсите“ и други. Во 1980 и 1981 година се отпечатени по четири броја: од бројот 8 до бројот 11 и од 12 до 16, како тримесечници чиј број на страници сс движи од 26 до 32. За сите овие броеви, а и во наредните во кои се застапени рубриките од претходните години, одговорен уредник е познстиот о признат Македонец во Сиднел, Душан Ристевски, а му помагаат членови на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Во периодот од 1982 до 1986 година, во секоја година се отпечатени по седум броја и тоа од бројот 17 до 49. Сите броеви се печатени на мал формат 16 х 21 см. на по 40 страници, на кои покрај споменатите рубрики, се поместени бројни рекламно-пропагандни материјали и информации од активностите и од другите македонски заедници ширум Австралија. Во исто време, во текот на овие пет години се објавени најголем број лични творби на членовите на Друштвото „Григор Прличев“, како и други активности и постигнати резултати меѓу Македонците на петтиот континент. Бројот 50 во септемоври 1986 годизна е последииот во тој период, а потоа настапува пауза од три години, до јануари 1990 година кога се појави бројот 51. Педесет и првиот број е печатен на 24 страници, со корици од потврд материјал, на формат 21 х 27 см, чиј одговорен и технички уредиик е Душан Ристевски. Во воведникот на овој број, покрај другото, се вели: „Еве не повторно по три години со нов број и нов изглед на списанието... Да напоменеме само некои од активностите што беа дел од нашата работа: организирањето на Деновите на македонската култура во 1986 и 1988 годана; организираозме протесни собири против грчкиот и српскиот шовинизам; издадени се 6 книги со поетски остварувања од членови итн“. Во март 1990 година, во дванаесеттата година на печатењето се појави бројот 52, кој е печатен на формат 21 х 30 см. Тој обилува со лични творби на членовите на Друштвото, за литературното творештво на поетот Блаже Конески, за Методија Андонов-Ченто и други материјали кои се значаен придонес во афирмирањето на македонскиот народ, македонската вистина и етничка Македонија. Продолжува
|