Среда, 11 Јануари 2017   
In Memoriam – Жална вест: ДИМИТРИЈА МОЈАНОВСКИ

Чаништа: 19 декември 1943 – Сиднеј: 30 декември 2016

Пред крајот на минатата година во Сиднеј ненадејно почина Димитрија Мојановски – Шахистот. Зад себе го остави ужаленото семејство, сопругата Симонка, децата Јован, Денка и Бети, снаата Мариа и зетовите Адам и Антони, неговите внуци Вилијам, Елизабет, Џејмс и Симона.

dimitrija-mojanovski-1

Димитрија Мојановски беше роден на 19 декември 1943 година во Чаништа, Мариово – Македонија. Тој беше најмалото и единствено машко дете на Јован и Денка Мојановски. Имаше постари сестри, Тодорка и Божна (сега починати) и Грозда која сеуште живее во Чаништа.

Татко му беше шнајдер и дуќанџија. Го напушти училиштето на своите 14 години и поради тоа подоцна многу жалеше кога ја пронајде убавината во читање книги и ја разбра вредноста на учењето. На своите 19 години ја запозна неговата жена Симонка од Крушевица и склопија брак на 25 ноември 1962 год. и таа брачна заедница траеше 54 години. Од брачната зедница им се родија децата: синот Јован (1964); ќерките Денка (1968) и Бети (1973).

Поради тешката економска состојба во Македонија сам го напушти своето огниште за да работи прво во Аустрија во товарен брод на реката Дунав. Подоцна го повлече со себе и семејството но таму не остана долг период и одлучи да се досели во Австралија во 1971 година, прво во Порт Кембла каде се вработи во Ливницата за железо, а потоа се пресели во Сиднеј каде што работеше во Државното водостопанство и возеше автобус повеќе од 30 години пред да се пензионира.

dimitrija-mojanovski-2

Уште од млади години на Димитар му се јави љубовта кон музиката и шахот. Повеќе години се дружеше со музиката, свиреше на армоника и гајда, но љубовта кон шахот беше посилна. Со преселувањето во Австралија слободното време, иако не знаеше англиски, го користеше во дружење со познати австралиски шахисти, одеше на шаховски турнири во повеќе градови во Австралија. Бидејќи беше неизмерно заљубен во шахот Мојановски не само што се бореше на шаховската табла тој беше и главниот организатор во организирање на шаховски турнири во првиот македонски шаховски клуб кој прво започна да функционира во Литературното друштво „Григор Прличев“ за да продолжи во просториите на Црквата „Св Петка“ во Рогдаел под името „Македонски шаховски клуб Илинден“. Истиот Клуб сеуште активно работи цели 30 години. На повеќе турнеи самиот клуб и тој лично освојувале прво, второ и трето место, а најповеќе му значеше групното играње со познатиот руски велемајстор Анатоли Карпов, Димитар беше еден од 72-те играчи.

Исто Мојановски активно членуваше и во Шаховскиот клуб St George во Сиднеј и во Литературното друштво „Григор Прличев“ каде што беше еден од најактивните читачи на книги во истоимената библиотека. После неговото пензионирање тој беше редовен посетител на библиотеката и своите пензионерски денови ги поминуваше во читање книги и играње шах на интернет и локалните шаховски клубови.

Семејството загуби еден добар сопруг, татко и дедо но македонската заедница загуби еден голем патриот и изврсен шахист кој преку шаховската табла ја преставуваше и промовираше македонската заедница и нација.

Вечна му слава!

Д.Р.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.