Среда, 11 Јануари 2017   
Куба – светска дестинација за одмор и рекреација

cuba1-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – КУБА  (1)

На пат за Куба тргнавме од аеродромот „Пирсон“ во Торонто во попладневните часови. Во делот каде го чекавме авионот имаше патници за трите авиони кои летаа на различни аеродроми во Куба. Ние летавме од Торонто до Хавана, главниот град на Куба, земјата

за одмор и рекреација за сите возрасти, меѓутоа таа е „окупирана“  повеќе од возрасни, особено  од пензионерите. Тоа се должи на фактот што аранжманите во летувалиштата во Куба се многу поповолни од другите дестинации на Карибите, затоа голем број Канаѓани, кои како да се привилегирани, одат на одмор во Куба, за разлика од Американците, кои, за жал, можат само да ја гледаат Куба од Флорида.

Инаку, Куба е прекрасна дестинација за Македонците од Канада, особено за пензионерите, кои зимскиот период го поминуваат во Куба, Флорида или на други Карибски Острови. Како што слушнавме од еден Македонец од селото Баница, од Егејска Македонија, кој повеќе години имал ресторан во Торонто, секоја година одел од две до четири недели во различни места на Куба, каде со своите внучиња се чувствувал како да е на Халкидики, во Македонија. Таков е случајот и со други Македонци, кои во текот на зимскиот период заминуваат во Куба, со цел да се одморат и рекреираат, да ги заборават зимските периоди во нивната Канада.

На Куба природата е особено дарежлива кон овој карипски остров, затоа може да се каже дека  ова држава е вистински рај на земјата. Поради политичкиот систем и полувековниот пркос кон САД, Куба се нарекува и Остров на слободата, затоа ја посетуваат армии туристи од ширум светот. Затоа Куба е наречена дека е светска дестинација за одмор и рекреација.

Островот на слободата цели 50 години истрајува на револуционерниот пат. Затоа Куба е изложена на децениски санкции од САД, кои се оддалечени помалку од 200 км. Кубанците не знаат за “благодетите” на потрошувачкото општество. Возат автомобили стари половина век. Луксуз е дури и мобилен телефон. Сепак тоа е земја на грациозна сиромаштија. Иако никој нема многу, за сите е обезбеден стан, работа и образование. Нема политичка слобода, ама нема ни социјално раслојување, ниту криминал.

cuba1-2
Хавана

Нашата дестинација беше од Торонто до Хавана, а оттаму со автобус се префрливме на почетокот на полуостровот Варадеро. Патувањето беше удобно и траеше повеќе од три часа со авиокомпанијата од Монтреал, која секој ден лета за Куба.

За разлика од аеродромите на северноамериканскиот континент, аеродромот во Хавана е од стар тип.Меѓутоа, љубезноста на царинските и другите службеници заслужуваат посебно внимание. Сè беше во најдобар ред, особено за нас кои имавме македонски патни исправи, не гледаа со голем респект. Потоа се упативме надвор каде нè чекаа повеќе автобуси кои ги превезоа патниците до различни хотелски дестинации.

Инаку, островот Куба е еден од првите острови во „новиот свет“ населен од Шпанците, а првпат посетен од страна на Колумбо во 1492 година. Кога Колумбо пристигнал на островот, го нашол во неговата недопрена форма, рајска градина со огромни дрвја, прекрасни животни, мал број жители-домородци, кои биле пријателски настроени. Но, она што најмногу ги интересирало Шпанците,секако, било златото и другите племенити метали кои се наоѓале насекаде на островот, а Индијанците биле накитени со злато. Со цел да ги искористуваат богатствата на островот, Шпанците на чело со Колумбо ја основале својата колонија Куба.

cuba1-3
Плажа на Варадеро

Затоа, со право се вели дека денес градот Хавана е град со типична колонијална архитектура, но со многу примеси на она локалното и новото - кубанското. Тој е интересен за истражување, неверојатно шарен, убав и живописен, разигран и жив. И што е најинтересно, тој освен тоа што е град со историја, подразбирајќи ја тука историјата на првите шпански доселеници на „новиот свет“, тој сосема ги има сплетено различните традиции, култури и обичаи низ различните народи, локалните домородци, доселениците од Шпанија, доселените црни робови од Африка, кои изградиле една уникатна карипска традиција.

Тука се бројните фестивали кои се едни од најшарените и најинтересните настани во Куба. Секако, за Куба е многу значајно доселувањето на Американците во текот на минатиот век, за кои, од повеќе причини овој остров им бил „мека“ на американските контроверзни личности. Исто така, покрај Хавана, во Куба се интересни и голем број други градови расфрлени по островот, од Гвантанамо, како американски затвор до Хувентур, посебен остров-општина.

Постојат повеќе одлично уредени летувалишта. Најдобро место е Варадеро, кое со право е сместен во најголемите и најдобрите одредишта на Карибите. Ама, Куба има уште многу туристички адути. Првокласни услови за одмор има и во Гладавико, островите Санта Марија, Гилермо, Коко и други.

Освен уживањето на плажите кои се како од разгледниците, домаќините нудат мноштво интересни излети. Не е ефтино одвојувањето од хотелските соби. Но, Куба може да се види во вистинско светло само со излетите. Туристите, без оглед каде се сместени прво ја посетуваат Хавана, па вториот по големина град Сантјаго де Куба.

Стасавме во хотелот „Пантарена“, во Варадеро, во кој останавме седум дена. Таму удобно се сместивме и ги добивме сите потребни информации. Потоа со љубопитност се упативме кон километарските бели песочни плажи недалеку од хотелот. Човек таму се чувствува како да е дел од некој филм што Американците умеат да направат за такви природни убавини. Се чини дека белите песочни плажи кои го опкружуваат целиот остров, се едно од најголемите богатства на Куба.

cuba1-4
Пунтарена

Традицијата на туризмот почнува од 19. век. Сепак, сé почнало кога американските богаташи стартувале да купуваат недвижности на Варадеро, па местото добило статус на ексклузивно летувалиште. До револуцијата од 1959 година, таму одседнувале многу познати личности.

Секоја од плажите е специфична на свој сопствен начин. Секоја плажа овозможува по нешто уникатно и незаборавно. Гостите можат да се занимаваат со нуркање, сурфање, подводен риболов, пловење со едрилица и многу други спортови. Но, можеби најубаво од сè е шетањето по плажите и низ околните палмови шуми, каде човек може вистински да ги почувствува убавините на недопрената Мајка природа. Каде и да се свртевме, околу нас гледавме огромни палми полни со овошки. Не обземаше чувство дека, навистина, се наоѓавме на најпрекрасниот остров кој постои, каде сè што постои ни беше дадено од Бога, на наше располагање.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.