|
|
Во Сиднеј по 20 години повторно на сцена: НЕДА |
Поетската драматизација „Неда“ од Душан Ристевски во продукција на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј успешно се постави на сцена на Гала вечерта на 17 декември посветена на доделувањето на наградите за глума Александар Македонски за 2016 година. А која е Неда? Ликот на Неда е прикажан како страдалник на македонската жена и мајка која штотуку дознава за убиството на нејзиниот единец Кузман од проклетите Геги кои ги пустошеа македонските села во западниот дел на Македонија, убиваа невино и незаштитено населени, силуваа мајки и девојки... се под крилата на Отманите кои ја пиеа крвта и цедеа македонската пот... Болот и солзите на Неда лесно се пренесе врз гледачите кои колективно гледаа во оваа мајка како херој и спасител и дека треба да се истрае и да се бара одмазда за ослободување од стегите на поробувачите... а поробувачи сеуште ја стегаат мајката Македонија. А уште колку Неди, солзи и тажачки ни се потребни да се разбудат Македонците? Преставата беше работена од еден цел тим на актери од македонскиот театар, музичари и играорци од КУД Илинден, кои со висока професионалност го поставија ова дело на сцена под режија на Стефо Нанцу. Сцена беше премала за Валентина Апостоловска која со голема артистичка вештина ги пренесуваше емоциите на мајката Неда, полна со неспокојство, очајание, жал, бол, омраза, борбеност и надеж. Никој не остана рамнодушен на пискотниците на Неда за несреќата што ги збра Македонците. Таа и беше целта на авторот Душан, да ни го доближи трагичниот лик на Неда кој познатиот поет Григор Прличев така возвишно го пишуваше во поемата „Сердарот“. Покрај Валентина на сцена се преставија и Стефо Нанцу, Спасија Огненовска, Зора Сазданова, Македонка Наневска, Самоил Митревски, Васко Србиновски, Антонио Нешковски, Горан Вељаноски, Кристофер Карафиловски, Антонио Трајковски, Стефан Климоски и Јован Апостоловски. Исто така гласовите на Дона Димовска Кантаровска, Никола Апостоловски и Валентина Апостоловска беа употребувани за подобро сценско прикажување, а сценските ефекти беа на Никола Апостоловски. Интересно е да се спомне дека „Неда“ за прв пат беше прикажана пред цели 20 години, во 1996 година, а во изведба на Македонскиот театар „Благоја Нешковски“ од Волонгонг, во главна улога на Олга Николовска. Треба да се збележи дека Македонскиот театар зад себе имаше плодна артистичка годишна програма, прикажа две драми: „Куферот“ и „Баба се мажи“ и ја заокружи програмата со поетската драматизација „Неда“. Македонска нација |