|
|
Сиднеј, Перт и Мелбурн – најголеми македонски информативни центри (15) |
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА Гласилото „Македонски етник“ беше официјален весник на Македонската етничка комуна за Нов Јужен Велс, печатен во печатницата „Браќа Миладиновци “ во Сиднеј. Првиот број излезе во декември, 1979 година на 12 страници, на поголем формат 23 х 37 см. на македонски јазик со кирилица, а половина текстови се на англиски јазик.Отпечатен е на убава хартија. Бројот 1 е посветен на Даме Груев (1871—1906) и на првата страница е поместена голема фотографија од Груев. На втората страница е рефератот што е прочитан на спомен-вечерата, организирана од страна на членовите и симпатизерите на Македонската етничка комуна во Нов Јужен Велс. Рефератот, како и извештајот за Етничката комуна се напишани на убав литературен македонски јазик. На четвртата страница од „Македонски етник“ се вели: „Темелите на Македонската етничка комуна ги постави група Македонци од МПЦО „Св. Кирил и Методиј“. Таа е народна организација која му служи на целиот македонски народ, затоа идејата наиде на голема поткрепа и согласност за формирање на ваква организација. Потоа на една од конференциите се формира иницијативен одбор кој направи програма на Комисијата. На 13 јули 1979 огодина се регистрира Македонската етничка комуна пред австралиските власти со своја конституција со која австралиската влада ни дава право да работиме и живееме како рамноправни граѓани на оваа слободна земја, а со тоа сме признати за посебна Македонска етничка група, која ќе има право да го продолжи културното наследство од Македонија.“ Една од најзначајните дејности на Македонската етничка комуна, се вели во продолжение на весникот „Македонски етник“ е да ја развие својата дејност низ цела Австралија со заедничка работа на сите други организации, да има овој пратеник во Австралискиот парламент, кој ќе ги брани интересите на Македонците во Австралија од секакви туѓи посегања и од секаква дискриминација.
Во продолжение на англиски јазик е поместен опширен текст за Даме Груев, потоа текстот за античките Македонци, за праисторискиот период на Македонија и материјалот под наслов „Контраверзност за потеклото на античките Македонци и нивниот јазик“. На последната страница е поместен ликот на Александар Македонски и етничката карта на Македонија. Весникот „Илинденски поздрав“, пак, е всушност избор на текстови на англиски јазик кои се однесуваат иа Македонија и на македонскиот народ, во сиге делови на Македонија. Летокот односно изборот е отпечатен во Перт во август 1980 годана, на 14 страници на формат 20x33 ом. со исклучок на неколку текстови на македонски јазик, поголемиот број се само фотокопија и се дадени во оригинал на англиски јазик. Цената на чинењето е 50 центи. Тој е отпечатен како „Илинденски поздрав“ -1903-1980 година, на чија насловна страница се поместени фотографии од Никола Карев, Гоце Делчев, Кочо Рацин и Никола Вапцаров. На втората и третата страница е поместен текст под наслов „Илинденски поздрав до македонскиот народ, а Македонија е предмет за дискусија на светската сцена“. Во текстот се вели дека еден дел од светските политичари живо се заинтересирани за македонското национално прашање и продолжува: „Искрено веруваме дека светското мислење е од големо значење за афирмација на еден поробен народ, а за македонскиот народ тоа значи уште повеќе. Тука треба едно да ни биде јасно и чисто, оти и мислењето, желбите и мислите на македонскиот народ како и неговото достоинство во борбата за национална слобода, афирмација и обединување, се и ќе бидат решавачки фактор во тој однос“,
Исто така, во продолжение на гласилото „Илинденски поздрав“, покрај друтото, се вели дека С.Р. Македонија од своето создавање во 1944 година има постигнато огромни успеси во борбата за национална афирмација и за признавање на националните права на македонската нација, но да се добие национална слобода за самиот македонски народ Републиката треба да се бори за целиот македонски народ ширум светот. Изборот на материјалите во „Илинденски поздрав“ е на англиски и во оригинал. Така, на четвртата страница е поместен текстот од „Вашингтон пост“ (Washington post) од 11 мај 1979 година под наслов „Македонија се враќа од минатото како субјект на дипломатијата“. На пет страници е поместен опширниот текст „Советскиот фактор во македонската разврска“, објавен во „Срвеј“, (Тhе Ѕигvеу) журнал за источни и западни проучувања, вол. 24 бр. 3 (108) од Оксфорд. Потоа е поместен текстот под наслов „Кој треба да ја има Македонија“ објавен во весникот „0бзервер“ (Оbѕегvег) од 30 јули 1978 година, текстот „.Прашања што ги вознемирува границите“, објавен во весникот „Западен Австралијанец“ (West Australian), од 21 април 1979 година и други текстови.
Весникот „Македонија“ беше седмичен глааник и излегуваше подолг период секој вторнмк. Првиот број се јавува на 3 август 1982 година и до крајот на 1991 година се отпечатени 381 број. Првиот број е отпечатен на среден формат (29x42 см) на 16 страници. Цената на чинењето е 60 центи, а за Тасманија и Западна Австралија 70 центи. Весникот е печатен на македонски и англиски јазик, а тлавен и одговорен уредник беше Панко Стамкоски, иселеник од Егејска Макадонија, а му помагаше неговата сопруга Марија. Всушност овој неделник е збир на позајмени текстови што се објавуваат во дневните и периодичните гласила од Републиката. Единствено на втората страница обично се поместувани текстови со критизерска содржина, а се среќаваат и мал број изворни текстови, особено во спортскиот дел. Во воведникот што е поместен на втората страница, на македонски и англиски меѓу другото стои: „Ние сме 300.000 Македонци во Австралија, една од малкуте нации на овој контенент и при овој демократски систем, која се уште нема седмичен весник... Ке се трудиме да ја отстраниме секоја трага на омраза, злоба, љубомора, себичност и цинизам со целосно применување на љубов кон сите Македонци. Страниците на „Македонија“ ќе бидат пристапни за секој што е Македонец или има симпатии кон Македонците и македонството. Само така ние ќе станеме независна и успешна нација на секое поле од нашата активност, високопочитувана, не само од нас самите, туку и од оиот цивилизиран свет“. Во период од десетина години весникот „Македонија“ излегуваше со осцилации и не секогаш навреме. Според кажувањата на сопственикот и уредникот Стамкоски, весникот се печати во пет илјади примероци и се дистрибуира низ цела Австралија. Сите броеви на весникот „Македонија – седмичен гласник“ се исти по форма, а побогати оо содржина од оние во почетокот. Единствено е модифицирана главата на весникот која во минатото беше на македонски и со кирилица, последните години беше на англиски јазик На левата страна од главата е поместено знамето со лавот, а цената на чинење е еден долар. Во последните години ова гласило содржи бројни рекламно-пропагандни материјали, од кои, всушност се финансира поголемиот дел на весникот. Се чини, весникот „Македонија“ како неделник на македонски јазик, најдолг период излегуваше во Австралија, а и пошироко. За сето време на печатењето има различни содржини и неговиот квалитет зависи од позајмените текстови од гласилата што се печатат главно во Република Македонија. Од изворните текстови, пак, посебно внимание заслужуваат оние од уредништвото, големиот број писма од читателите и одговорите, полемиките со поединци и други информативјни гласила, критичките ооврти и други материјали со поизразени патриотски чувства. Продолжува
|