|
|
АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКАТА И АЛБАНСКАТА ВЛАДА ЗА ПОМОШ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОБЛАСТИТЕ ГОЛО БРДО И ГОРА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКАТА И АЛБАНСКАТА ВЛАДА ЗА ПОМОШ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОБЛАСТИТЕ ГОЛО БРДО И ГОРА! 12 јануари 2017 година, Тирана, Албанија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење што Македонците во областите Голо Брдо и Гора во Република Албанија се оставени сами со лопати да ги чистат патиштата, односно сами да се деблокираат од големите снежни врнежи. СМК изразува разочарување од Владата на Република Албанија поради отсуство на мерки за деблокада на патиштата до македонските села во областите Голо Брдо и Гора и недостигот од храна и лекови што ги загрозува животите и здравјето на Македонците долж албанско-македонската граница. СМК апелира до Владата на Република Македонија да им помогне на Македонците во областите Голо Брдо и Гора во помош со соодветна механизација за расчистување на патиштата до нивните населени места и со дотур на храна и лекови заради нормален живот во македонските села во граничниот појас меѓу Македонија и Албанија. СМК, истовремено, апелира до Македонија пат, да организира помош за расчистување на патиштата до македонските села во Голо Брдо и Гора во Република Албанија. |