|
|
Списанието „Искра“ од Аделаид - значајно македонско информативно гласило (16) |
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА Едно од позначајните македонски тласила во Австралија и општо меѓу иселеништвото беше списанието „Искра“ од Аделајд, Јужна Австралија. Се печатеше на литературен македонски и на аиглиски јазик и претставуваше вистински светилник и афирматор на македонската историја и култура. Тоа е резултат на новоформираното Македонско културно друштво „Искра“, конституирано во ноември 1982 година. Списанието „Искраа излезе во почетокот на 1983 година, како гласило на Друштвото и на Македонската правоелавна оиштина за Аделајд и Јужна Австралија „Свети Наум Охридскиа. Името на списанието ја симболизира вековната борба на македонскиот народ и неговата незгасната и постојана верба во едно посветло и посреќно утре, за целосна национална, црковна и социјална сл бода. Првиот број е печатен на 66 страници 30x21 см, односно 70 страници заедно со кориците. Уште од првиот број, списанието „Искраа привлекува со својата содржина и техничка опременост. Првиот број, како што е, спомнато во воведот на англиски јазик, е посветен на 80-годишнината од смртта на големиот син на Македонија - Гоце Делчев. Списанието го уредуваа македонски иселеници, млади ентузијасти ,вљубеници во македонската историја, култура, традиции, јазик.. . Главен и одговорен уредник беше Мајкл Радин, познат адвокат и општественик, еден од деветмината членови во Државната комиоија за етнички прашања во Јужна Австралија и прв Македонец на ваква должност. Има завршено правен факултет и постдипломски студии за политички науки на Универзитетот во Аделајд, а потоа докторира на тема за Илинден. Заменик главен и одговорен уредник беше Бранко Ѓорѓиевски, додека ликовното и графичкото обликување и циркулацијата на списанието ги вршеше Александар Глуфцис, а уредник беше Стефан Костов. Во предговорот на првиот број што е отпечатен на 66 страници се вели: „Списанието „Искра“ започна да излегува како потреба и инструмент за информирање на Македонците што живеат и работат во далечна Австралија. Се планираше списанието да излегува трипати годишно и да претставува вистинско гласило на Македонците од трите дела на Македонија. Истовремено, списанието е овековечување на 36-годишното постоење и работа на Македонската православна општина за Аделајд и Јужна Австралија. Списанието „Искра“ има за цел да ги информира Македонците кои работат и живеат во Австралија, особено оние од Аделајд и околните места, за настаните што се збиднуваат во земјата, потоа да се грижи за обезбедување подобра соработка на македонската заедница со другите етнички групи, да развива братство меѓу Македонците во Австралија и да се бори за афирмација на македонското име и нацијата“. ИСКРА“ (1983—1984) — АДЕЛАЈД
Во текот на неговото излегување отпечатени се четири броеви. Така, во првиот број е поместен материјал, кој се однесува на 36-годишнината од постоењето и работата на Македоиската православна општина за Аделајд и Јужиа Австралија, што е даден во чегири продолженија. Вториот број на списанието! „Искра“, како и првиот број, е печатен на ист формат и квалитет на хартија и ист број на страници (66). Во предговорот на англиски и на македонски јазик, се вели дека голем број писма и коментари со позитивна содржина пристигнале до Редакцискиот одбор на „Искра“. Во продолжение е поместена статијата за првото македонско друштво „Александар Велики (Македонски)“ формирано во Аделајд. Како што се вели, во тоа време Друштвото било член на МАНС (Македонско-австралиски народен сојуз), општа македонска организација на македонските иселеници во Австралија. Целта на Друштвото „Александар Велики“ била да го организира културно-забавниот живот, да организира вечери ки и да одржува прослави на македонските верски и национални празници, со цел да ги афирмира народните обичаи и традиции, Третиот број, кој содржи воведна статија на англиски и макадонски јазик, е печатен во 1984 година, на 76 страници и е посветен на Кочо Рацин, креаторот на македонската пролетерска литература. Во продолжение е објавена кратка содржина во која посебен простор е посветен на осветувањето на Македонската православна црква „Свети Наум Охридски — Чудотворец“ во Аделајд. Четвртиот број е отпечатен во 1984 година на 74 страници без кориците и е посветен на АСНОМ и 40 години на македонското самоопределување. На првите страници е поместен написот „Историја на македонската општина во Аделајд (четврто прадолжение), а потоа материјалот за првиот Каталог на старопечатените и ретки книги на НУБ „Свети Климеит Охридски“ од Скопје. Во продолжение на англиски е поместено интервјуто со министерот за етнички прашања на Јужна Австралија господинот Крис Самнер, статијата за македонските училишта во источно-европските земји по 1948 година, како и написот по повод 6--годишнината од убиството на Димо Хаци Димов. „СЛОВО“ (1983—1986) — ПЕРТ
Гласилото „Слово“ се појави со Одлука на Црковно-општинската улрава од Перт, донесена на 14 декември 1982 година. Така, решено е списанието „Слово“ да излегува трипати годишно и тоа по повод Божик, Велигден и Илинден. Првиот број се нојави како троброј во периодот април - септември 1983 година, како орган на Македонската православна црвка „Свети Никола“ од Северен Перт. Него го уредувал Одбор во кој беа: Сашо Цветковски, Цане Талевски, Владо Димитровски и Зоран Косески, а главен и одговорен уредник беше протоерејот Мирко Пешовски. Гласникот е отпечатен на македонски јазик со кирилица, на 48 страници, на формат 21x29 см. како списание. Клишето на главата е на македонски јазик, а на насловната страница е поместена фотографија одј свети Никола, патронот на црквата на Македонската општина. Во овој број на англиски јазик е поместена Одлуката со која се потврдува дека од 1 јуни 1981 година Македонската правоолавна црква „Свети Никола“ станува инкорпорација. Во продолжение е дадена куса историја на црквата и членовиге на црковната управа за периодот 1977—1983 година; како и за дејноста на црковниот храм. Од севкупното живеење во оваа втора црковна општина со исто име во Перт се презентирани активностите на младинската секција која започна со работа во 1980 година, а во која членуваат 120 младинци од македонско потекло, потоа за женската секција што е формирана уште со конституирањето на црковната општииа, а во 1982 година е обновена со бројни активности во храмот и во заедницата, како и за радио-часот на македонски јазик. Поѕсебен простор е посветен на текстот што се однесува на македонските училишта „Гоце Делчев“ и „11 Октомври“, при што, покрај другото, се вели: „Училиштето „Гоце Делчев“ што работи во соетав на Мдкедонската општина го посетуваат 30 ученици, а училиштето „11 Октомври“ што работа во рамкиге на МПЦ „Св. Никола“ го посетуваат 54 ученици, додека двете гимназии во Перт околу 80 ученици, на возрает од 10 до 16 го- дини, кои го учат македонскиот јазик со дополнителна настава во редовните училишта“. Двобројот 4 и 5 се појави на 32 страници и го опфаќа периодот од март до јули 1984 година. Во него, покрај другото се поместени текстови од општествениот и социјалниот живот на МПЦО „Свети Никола“. Следниот двоброј (6 и 7) на списанието „Слово“ е за периодот септември-декември 1984 година. Отпечатен е на 28 страници на македонски јазик, а содржи бројни текстови, покрај кои, за посетата на австралискиот амбасадор на Македонската православна црква во Скопје, извештајот за работата на МПЦО „Свети Никола“, како и за друти активности на младинската секција, хорот, женската секција и др. За периодот од октомври 1985 до мај 1986 година, под година IV, како триброј е отпечатен бројот 11, 12 и 13. Во него се дадени дарителите на храмот, за животот на макејдонскиот спортски клуб „Вардар“, за активностите од црковно-духовното живеење во македонската колонија, како и за Катедрата по македонски јазик на Универзитетот во Сиднеј, на која се запишаа поголем брот студенти, а се дадени и други информации за активноста на Македонците. Во јуни 1986 година излезе брошт 14, кој, всушност е последен број на списанието „Слово“. Тој е отпечатен на 12 страници и на ист формат како претходните бпоеви. Покрај другите текстови, главно место е дадено на информацијата за упокоението на архиепископот Антелари и одржувањето на комеморацијата во МПЦО „Свети Никола“. Ппитоа се поместени биографски податоци за архиепископот Охридски и Македонски г. г. Ангелариј, како и телеграмите по повод тој трагичен настан. Продолжува
|