Среда, 15 Февруари 2017   
Гласот на Македонците од Егеј на петтиот континент (20)

united-macedonia

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Весникот „Глас на егејските Македонци“ се појави во мај 1986 година, на 4 страници, на формат 29 х 42 см., како орган на Движењето за човечки и национални права за Македонците во Егејска Македонија. Него го издаваше Информативниот одбор во координација со Централниот организационен комитет на Комитетот за македонски и човечки ирава (ЦОК за МЧП), чиј главен редоктор на весникот беше извесен Михајло Горноселов.

Клишето на главата од весникот е на македонски јазик, а некои текстови се печатени, покрај македонски и на англиски и на грчки јазик. Во кусиот вовед на Редакцијата во првиот број, покрај другото, се вели: „ЦОК за МЧП е форхмиран кон средината на септември 1984 година во главниот град на Македонија  - Солун, а на 3 октомври истата година се јави во јавноста со овој манифест во кој се изнесуваат основните барања пред грчките власти и ја запознава светската јавност со тоа. Движењето со својот проглас постави пред грчката влада и грчката јавност шест барања кои беа објавени во оригинал во сите грчки и ред странски весници,, а по решение на ЦОК за МЧП ја повторуваме публикацијата на истите материјали само на македонски јазик во првиот број, со цел да се запознаат и Македонците со тие материјали“.

glas-za-egejot
„ГЛАС НА ЕГЕЈСКИТЕ МАКЕДОНЦИ"
(1986 - 1987)  - МЕЛБУРН

Во првата година се отпечатени три броја, а четвртиот број се појави во втората година во јануари 1987 година, на ист формат и со слична содржина. Бројот 5, пак, излезе во август 1987 година, чие клише на главата е модифицирано. Имено, најпрво името на весникот е дадено на англиски јазик, а потоа на македонски. Од лево е амблемот на ЦОК за МЧП, а од десно знаме од античко време со 16 краци. Весникот е печатен на 8 страници на формат 29x41 см. Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: „Весникот е повремена публикација, а има за цел да ја инфојрмира јавноста и македонската заедница со настаните околу македонските организации и нивната борба за добивање човечки и национални права за Македонците од Егејска Македонија во сегашните граници на Грција“.

Потписник на воведот е Австралискиот поткомитет за македонски човечки права. Весникот го уредил Одбор во состав: Џон Нитсон, Стојан Србинов и Бил Коциос, а Филип Антон е технички уредник. Весникот е печатен во Македонската компанија за печатење и публикување од Мелбурн. Во овој број е поместена етничката карта на поделена Македонија, под која стои текстот за македонските национални граници, потоа текстот за покренувањето на прашањето за правата на малцинетвата во европските земји, меѓу кои и правата на Македонците во Грција, доставен до Европската заедница, како и текст за мешањето на грчките власти во австралиските етнички работи, што е даден во продолжение на неколку страници.

Бројот 6, пак, кој се чини е последен, е отпечатен во декември 1987 година, на 8 страници и на ист формат и глава како предходниот. Посебен простор во овој број е посветен на текстот кој се однесува на одржувањето на таканаречениот „Македонски конгрес“ во Мелбурн од страна на грчката пропагандна машинерија.

makedonski-vesnik
МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК“ (1986) — МЕЛБУРН

Весникот е орган на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија „Св. Горѓии, отпечатен и на 16 страници на формат 29x41,5 см. на македонски и англиски јазик со латиница, а само преземените текстови ое со кирилица. Тој излезе во август 1986 година по повод илинденските празнувања.

Во него се поместени текстови за Илинден илустрирани со фотографија на Гоце Делчев, за трагичната омрт на архиепископот Охридски и Македонски гјг. Ангелариј, како и информацијата за антимакедонската пропаганда во Грција во која, покрај друтото се вели дека таа пропагапда се пренесува во Австралија и дека претставува директен напад врз официјалната мултикултурна политика на таа земја. Под сличен наслов е поместен текст и на англиски јазик. Од изворните текстови треба да се истакне оној што се однесува на црковниот живот и активностите на Македоиската православна црква „Св. Горѓи.а

knigi-katin

Поголемиот број текстојви на македонски и на ангдиски јазик се преземени од весници и списанија што се печатат во Републиката, а кои се однесуваат на реагирањата во средствата за јавно информирање против антимакедонската пропаганда во Грција.

Исто така во весникот е отпечатена и Резолуцијата од масовниот собир на Македонците од Мелбурн, одржан на 3 август 1975 година, која се однесува на грубото и неосновано   негирање на постоењето на Македонците во Пиринска Македонија и во општо во Бугарија, ипратена до партиските лидери и до Владата на Бугарија, а содржи и други вести и информации.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.