Среда, 08 Март 2017   
Македонците во Канада со Семакедонски собир за унитарна Македонија

5 март 2017 година, Торонто, Канада - Денес во големата банкетна сала на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, а во врска со политичката криза во Македонија, се одржа Семакедонски собир за унитарна Македонија.

unitarna-makedonija-kanada-1

На Семакедонскиот собир присуствуваа повеќе од 600 Македонци од цела Канада, управите и членовите на црковните општини, македонските организации и здруженија.

Македонците во Канада изразија сериозна загриженост за политичката криза во Македонија и дадоа силна поддршка на унитарноста и државноста, истовремено отфрлајќи ја двојазичноста и федерализацијата на татковината.

makedonskata-zaednica-vo-kanada-2

Пред присутните зборуваа македонската активистка Соња Павловска, претседателот на Македонска Црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто Чедо Миленковски, претседателот на Организацијата “Обединети Македонци во Канада“ Мендо Бакаловски, и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Канада и Заменик Претседател на Светскиот Македонски Конгрес Боби Темелков.

Семакедонскиот собир го поздрави и Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Јовица Палашоски.

Претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Канада Боби Темелков ја прочита Декларацијата на Македонската Заедница во Канада.

Во декларацијата се вели: “Во овие историски моменти, кога опстанокот на нашата татковина е доведен во прашање, заради грубо надворешно мешање во внатрешните работи на земјата, Ние, Македонците од Канада, изразувајќи длабока загриженост за случувањата, го повикуваме Македонскиот народ и другите етнички заедници во земјата на единство, а политичките партии на разумно однесување заради заштита на унитарноста на Македонија.

makedonskata-zaednica-vo-kanada-3

Историските искуства укажуваат дека секогаш меѓународниот фактор бил замешан во решавањето на македонското прашње, секогаш биле носени решенија на штета на Македонците, без да се почитува неговата воља. Сега, кога во прашање е доведено името, идентитетот, унитарноста и сувереноста на Македонската држава, ние Македонците од Канада како нераскинлив дел на Македонскиот народ, укажување на следното:

(1) Македонија е држава на Македонсиот народ како единствен носител на државноста, во која сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадноаст!

(2) Да се спречи секаков обид за федерализација и воведување на втор јазик како службен на целата терироија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

(3) Го повикуваме целиот демократски свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија!

(4) Да се отфрли секаква размисла за промена на името, знамето, грбот и химната!

(5) Да се стави крај на разговорите за името меѓу Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под уставното име Македонија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна дистинкција од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик!

(6) Независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година, да се продолжи со развивање, надминување на недоразбирањата и зголемување на соработката со соседите за виталните интереси кои ги оптоваруваат народите на Балканот!

(7) Да се изврши попис на населението во Македонија!

(8) Да се отфрли владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација!

(9) Повикуваме на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

(10) Декларацијата се доставува до: Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Руската Федерација, Народна Република Кина, Република Франција, Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа, како и до властите во Канада и Македонија.“ - се вели на крајот од Декларацијата за унитарна Македонија.

makedonskata-zaednica-vo-kanada-4

Поздравна телеграма до Семакедонскиот собир испрати претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, во којашто се вели: “Почитувани браќа и сестри Македонци, во името на Светскиот Македонски Конгрес, како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, упатувам искрени поздрави до организаторите и учесниците на Семакедонскиот собир за унитарна Македонија! И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Поради тоа, Ве повикувам на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството! Ве повикувам на одбрана на унитарноста и на државноста на Македонија! Ве повикувам на одбрана на македонскиот јазичен простор во државата Македонија! Останете лојални државјани на Канада, но никогаш не ги заборавајте вашите корени во Македонија и бидете горди и достојни Македонци! Нека Господ Бог Ве благослови сите Вас, нека Господ Бог ги благослови Македонија и Канада! - се вели на крајот од поздравната телеграма до Семакедонскиот собир од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.