Среда, 05 Април 2017   
Весникот „Денес“ – најтиражното информативно македонско гласило во Австралија (27)

vesnik-denes-avstralija

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

На 2 август 1992 година во Томастаун, предградие на Мелбурн, се појави првиот број на весникот „Денес“, кој е отпечатен на 24 страници, на формат 41x30 см., на македонски   јазик со кирилица и на англиски јазик, чија цена на чинење е 1,20 австралиски долари. Излегува секој понеделник, како неделник, го подготвува заедничка редакција по име „Македонско-австралиско пријателство“ од Викторија, Нов Јужен Велс и Западна Австралија, а се дистрибуира на петтиот континент и насекаде во светот каде што живеат Макадонци.

Во воведната статија, покрај другото, се вели: „Да се задаволат зголемените потреби од добро и сестрано информирање, ќе биде првата задача на гласилото. Да се негува и унапредува австралиско-македонското пријателство, ќе биде втората задача рамна на првата. Како во некој мозаик, ќе се води беспрекорна грижа за хармонична застапеност на сите вредности, како во бизнисот, така во социјалниот, културниот, спортскиот и верскиот живот на заедницата.

 

„Денес“ ќе се труди да обезбедува свежи прилози од авторитетни соработници во Македонија и во Европа, да ги толкува сите нови процеси што ќе го зафатат тамошното општество и за кои дијаспората е заинтересирана. Гласилото ќе се дистрибуира малку пошироко и затоа треба да биде огледало на многу настани, што ќе се случуваат на планетата.

 

Гласилото ќе вложи напор за двојазичност, односно ќе се почитува јазикот на соработниците и особено ќе се внимава она што го публикува „Денеси да биде исклучителна вредност на македонската заедница, која во дијаспората ќе добие и други неделни и месечни изданија. Има место за сите да понудат квалитет. Судбината така сакаше, Македонците да имаат повеќе изданија во дијаопората одошто во Републикатаи.

„ДЕНЕС“ („TODAY“) (1992) — МЕЛБУРН

vesnik-denes-avstralija-2

Веоникот „Денес“ е добро технички уреден и содржи бројни материјали од општествениот, културниот, духовниот, социјалниот и спортскиот живот, посебно на Македонците во Австралија, како и на другите простори и во Македонија. Тој претставува аден од најиздржаните неделни весници во иселеништвото што ое печати на македонски јазик.

Денес ованајтиражното информативно македонско гласило во Австралија, излегува повеќе од 28 години како  „Австралиско-македонски неделник„ и 24 години „Австралиски неделни Денес“.

Така, на одбележувањето на 28-та годишнина и по повод излегувањето на 1.500-от број уредникот Игор Павловски ќе напише: „Нашата судбина е нашиот јазик и денес нема да најдете друг пример на македонски периодичен весник каде било во светот, вклучувајќи ја и Македонија, со толкав континуитет и целосно на слободниот пазар - без каква било субвенција, од првиот ден до денес. Во сите изминати години се трудевме да бидеме коректни партнери со читателите, со цел да ја изградиме и да ја одржуваме меѓусебната доверба и симбиоза. Така и ќе продолжиме да им служиме на нашите во дијаспората“.

vesnik-denes-avstralija-3

МАКЕДОНСКИ СТРАНИЦИ ВО ПЕЧАТОТ НА ДРУГИНАЦИИ

Во последната деценија и половина на дваесеттиот век, во одредени глаоила што се печатеа на хрватско-српски јазик (српско-хрватски), се јавуваа и македонски страници, на кои беа застапени куси вести и информации од активностите во македонските колонии, од кои поголемиот број беа преземени од некои гласила шта се печатат во Република Ма- кедонија. Тоа се правеше, пред се’, од економски причини, како дел од југословенското заедништво, како и од тоа што македонските доселеници чиј број е значително поголем од многу други народи на Балканот, играат значајна улога во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот во новите средини.

Овие гласила наидуваа на прифаќање кај македонските доселеници, од кои и не мал број биле претплатници јна тие весници, кои во одреден период кога немало автентично македонско гласило во дотичната средина, ги задоволуваа читатетелските потреби кај македонските доселеници. Ваквиот однос и симпатии кон хрватски или српски гласила биле поизразени кај македонските доселеници што дошле од Република Македонија.

 

Еден од таквите весници беше „Ново доба“ од Сиднеј, во кој од 1975 година цели дваесет години се печатеа и македонски страници, во почетокот само една,; потоа две и три. На овие макодонски страници, кои ги уредуваше Снежана Митревска, поранешен новинар во скопски ,,Вечер“, се поместуваа куси вести од општествениот, културниот и стопанскиот живот во Република Македонија, што најчесто се преземаа од гласила што се печатат во Реоубликата или агенциски вести и информации. Меѓутоа, се чини дека преовладуваа вестите и информациите од активностите во македонските заедиици во Сиднеј и пошироко. Од поактивните соработници на овие страници беа доселениците покојниот Јован Кокаиовски, потоа Кире Циревски, Иван Трповски, Душан Ристевски и други.

Од јануари 1978 година, секој понеделник започна да се печатат македонски страници и во весникот „Наше новине“ од Сиднеј. Тој има формат на скопски „Вечер“, во кој покрај другите соработници беше и Георги Бушиновски.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.