Среда, 10 Мај 2017   
„Македонија“ (1957) – прв весник на политичката емиграција во Европа (2)

makedonija-zname

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Појавата на македонскиот иселенички печат во македонската дијаспората, а со тоа и во Европа е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија.

Македонците во Европа секаде и во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја. Во таа насока се и настојувањата на авторот на овие продолженија во Веб-порталот „Македонска нација“ преку публикацијата  „Македонскиот иселенички печат” (НИО „Студентски збор“, Скопје, 1993, 1-254), да ги претстави хронолошки по години информативните гласила пред читателите, да ја прикаже љубота на Македонците кон пишаниот збор, вистината на иформирањето, постигнатите резултати на полето на новинарството и публицистиката и со еден аналитички пристап да се претстави историскиот развој на новинарската дејност кај Македонците во поранешна Европа, денес Европска унија.

Делото "Македонскиот иселенички печат" е резултат на авторовата долгогодишна истражувачка работа во областа на печатот и новинарството и публицистичките достигнувања на македонските иселеници во прекуокеанските земји - Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји. Таа е подготвена да го претстави печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од 1945 година, односно од конституирањето на НР Македонија до 1992 година, времето кога Република Македонија стана самостојна суверена и независна држава.

Оваа книга има исто така за цел да биде помош за новинарите, културулозите, историчарите, политичките, научните и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонските иселеници во Европа, денешна Европска Унија..

Прв весник што на македонски јазик се појави на стариот континент- Европа е „Македонија". Тој излезе во пролетта 1957 година како весник на среден формат. Умножен на шапилограф него го уредиле Пеце Спасевски, политички емиграит од Битолско, кој живеел во Швајцарија. Меѓутоа, од „Македонија" е отпечатен само еден број. Сознанијата за весникот (добиени преку посредни ннформации и разговори), упатуваат дека се работи за предвесник на списанието на македонски јазик „Македонска лоза" што се појавил во Осло 1959. Дотогаш Македонците биле подложнени на пропагандното влијание на бројни туѓи емигрантски гласила {бугарски, четнички и усташки) кои ја негирале македонската нација и македонскиот литературен јазик, црква и опстој.

„МАКЕДОНСКА ЛОЗА" (1959)

Гласилото „Македонска лоза“ е лрво списание печатено на македонски јазик во европските земји, а второ информатино гласило, по весникот „Македонија". Првиот број е отпечатен на 1 јануари 1959 годнна на формат 21 х 29 см, со теми од политиката и културата. Како гласило на првата повоена македонска емиграција во Европа, „Македонска лоза" излегуваше како месечник девет месеци со последниот деветти број од октомври 1959 година. Во вториот број (од февруари) се наведува дека редактор е Драгап Богдановски.

Ова гласило излегуваше на шапилограф на македонски јазик, но и со текстови на српско-хрватски. Во него, покрај друпото, се објавуваа литературни остварувања на политичките емигранти од Македонија што живееа во Европа. Тоа беа главно средношколци кои како стипендијанти на разни фондации ги продолжуваа студиите на универзитети во Европа. Поради чистиот македокски јазик списанието беше прифатено од емиграцијата, но истовремено беше изложено на напади од туѓите пропаганди.

„СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА" (1960—1961) — ГЕТЕБОРГ

slobodna-makedonija-geteborg

Гласилото „Слободна Македонија“ беше орган на Македонскиот национален комитет формиран во Осло. Се печатеше како месечник во Гетеборг, на македонски јазик со кирилица, притоа улотребувајќи руски слог. Ова гласило залочна да излегува во почетокот на 1960 година од кое на увид ни беа бројот 8 од август, двобројот 12 и 13 од декември 1960 година и бројот 16 од април 1961 година. Во почетокот излегуваше како списание на формат 21 х 29 см. со различен број страници, потоа како весник на 4 страници на формат 29,5 х 42 см, a no 1961 година се појави во вид на       билтен чиј уредник беше Страхил Пеев. Клишето на бројот осум е на македонски со кирилица, со етничката карта на Македонија, и Статуата  на  слободата  во  Њујорк.

Текстовите поместени во „Сдободна Македонија" се со изразена патриотска нота, а содржински опфаќаат теми од културата и литературата, како и од историјата на Македонија и на македонскнот народ.

Број 16 од април 1961 година, отпечатен на 34 страници се чини дека е последен.

„МАКЕДОНИЈА (1963—1969) — ГЕТЕБОРГ

makedonija-geteborg

Списанието „Македонија“ започна да излегува 1963 година како орган на Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ). Се печатеше на различен број страници на формат 21 х 29,5 смна македонски јазик со кирилица, но и со текстови на англиски јазик. Клишето на главата е на македонски јазик со кирилско писмо, а под тоа, на англиски јазик стои „Човекот може да биде уништен, но не поразен". Главен и одговорен уредник на првиот број е Миле Илиевски, а во наредните броеви, меѓу другите во Редакцијата се јавуваат Георги Јовановски, Владо Марковски, Пане Спасовски, Стојан Пенов, Славко Дојчев и други.

Во првиот број на англиски јазик, во воведната статија се вели: ,,Весникот „Македонија" е нова публикација што ја издаде ОКМ, кој е формиран на 23 јуни 1962 година во Трелеборг, Тој е независен и не припаѓа ни на една политичка партија, a тоа ќе биде и во иднина, но ќе соработува со гекоја организација, политичка група, печат, радио итн., доколку друтата страна има искрени чувства за соработка.

Соработката со другите народи во други земји е добредојдена, доколку не е опасна по мирот во светот, особена на Балканот и доколку ги почитува правата и намерите на македонскиот народ. Најначајна цел на весникот е да помогне на македонската нација. на нејзиниот национален и територијален интегритет, бидејќи поделбата на оваа земја е неправда од историски, морален и политички аспект, а во исто време е постојана опасност за мирот и причинува затегнатост на Балканот. Овој весник ќе биде против шовинизмот. фракционерството и ќе се бори за соединување на сите прогресивни сили во борбата за постигнување на главна-та цел — повторно обединување на татковата земта... Јазикот што ќе се употребува во публикацијата ќе биде оној што се употребува како официјален јазик во Република Македонија".

Вториот бpoi е отпечатен на 2 декември 1963 година, а третиот излезе на 3 јануари наредната година. Во втората и третата година се отпечатени десет броеви, а таков е случајот и во 1966 година. Бројот на страниците се движи од 22 до 32. Послединот број што ни беше на увид е 46 од март 1968 година, со форма и содржина идентична како и претходните и главно со текстови со негативен однос кон раководството на Република Македонија.

До бројот 32 излегуваше како списание на кирилнца, а од бројот 33 до згасиувањето во 1969 гадина, (двобројот 58/59 од мај—јуни 1969) година се печатеше како весник, обично на 4 страници на формат 42 х 58 см., како орган на ОКМ и како единствен весник на македонски јазик со изразито национална определба, кој изврши  извесно влијание и во Австралија, во Канада и во  Соединетите Американски Држави.

Во бројот 54 од декември 1968 година (година V) во статијата под наслов „Македонија меѓу емигрантскиот печат", посебно се истакнува целта на весникот и е запишано: „Нашиот весник „Македонија" е горд што се вбројува во помалиот дел од емигрантскиот печат, и покрај тоа што меѓу весниците и списанијата на тој помал дел постои и мора да постои разлика. Македонското прашање го надминува доменот на „југословенската внатрешна политика — тоа е и балканско, а денес и меѓублоковско прашање, па затоа „Македонија" како слободна национална трибуна и како орган на едно македонско ослободително движење чија што главна цел е обединување на распарчена Македонија, има задача која што весниците и списанијата од демократскиот и прогресивниот дел на другите национални емиграции ја немаат.

„Македонија" како слободен македонски весник исполнува една историска мисија во која што борбата против повратокот на старото зазема важно место, зошто повратокот на старото означува повампирување на Српската Кралска Југославија, уништување на Македонската национална Република и впрегнување на Вардарска Македонија, одново во јаремот на српскиот кралски империјализам. Денес „Македонија" стои во првите борбени редови на фронтот против сите оние мрачни снаги во емиграцијата кои сакаат тркалото на историјата да го вратат назад, а со тоа нашиот скромен весник исполнува во ова време една важна национална задача", се вели во бр. 54 од весникот „Македонија“.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.