Среда, 24 Мај 2017   
„Камбана“ од Лозана - значајно списание на Македонците во Европа (4)

lozana4

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Едно од најзначајните и најиздржаните списание со патриотска содржина беше, секако списанието „Камбана“. Првиот број на „Камбана“, кое беше независно македонско списание за книжевност и општествени прашања се појави 1966 година како тримесечник (за јануари, февруари и март), во Лозана, Швајцарија. Се печатеше на македонски јазик со кирилица на 66 страници на формат 21 х 29 см., со годишна претплата од 15 швајцарски франци, или 3 УCA долари, а само воведната статија е и на француски јазик. На насловната страница под името има камбана на која пишува „Илинден 1903". He e назначено кој го уредува списанието и покрај тоа што на некои текстови се јавуваат автори под име В. Јакимовски, Б. Стрезовсгш и други.

„КАМБАНА" (1966) — ЛОЗАНА

kambana-vesnik

Иницијатор за покренување на списанието беше група македонски интелектуалци кои живееа во туѓина и кои беа свесни за големата потреб а од „духовна храна'; за луѓето, особено кога се во прашање актуелните настани во светската книжевност. Тие во првиот број од „Камбана" ги изнесуваат целите на списанието нагласувајќи: „Ова списание нема политички цели... Заглавието „Камбана" е инспирирано од камбанариите на македонските цркви кои од секогаш играле една од најважните ролји: просветата, утехата, револуцијата и науката, тргнале од истите тие цркви, што ние со гордост констатираме, биле едни од најскромните, најнародните и најхристијанските од историјата, како и најтолерантните слрема другите вероисповести, што е многу важен христијански принцип.

Од Балканските војни наваму Македонија живее во три различни држави: Грција, Бугарија и Југославија, односно Србија. Таа мала земја без среќа го плати данокот на окупацијата, меѓу другото, и со загубата на своите најдобри синови и ќерки кои ја напуштаат татковината за да одат на туѓина каде ќе можат да речат дека се Македонци и каде ќe можат да го зборуваат мајчиниот јазик, без да ризикуваат да бидат затворени", се вели во воведот.

Во овој број воведната статија е поместена и на француски јазик со цел подобро да ја информираат пошироката јавност, а во продолжение се застапени рубриките: „Страници од историјата на македонската книжевност", „Наша поезија", „Наша проза", „Хумор", „Актуелни теми". Исто така, има и: текстови за „Постои Македонска национална црква?", „За Венко Марковски", и други.

Вторнот број на „Камбана" се појави како двоброј за април и мај 1966 година. Тој е отпечатен на 108 страници, во Лозаиа. Овој број е идентичен и по форма и по содржина како и предходниот. Тој епосветен на литературните остварувања на Венко Марковски, како и на други остварувања од литературата, а содржи и материјали од политиката.

Бројот три е отпечатен како триброј за јули, август и септември 1966 година и е многу сличен по содржина на предходниот број. Тој е отпечатен на 102 страници, во тираж од 500 примероци, а е исполнет со материјали од литературата, културата и јазикот. Последниот број од ова списание, под број четири, е отпечатен есента 1966 година.

„РЕЛАЦИОНИ  МАЧЕДОНИЈА"  („RELAZIONI  MACEDONIA") („ИНФОРМАЦИИ  ОД МАКЕДОНИЈА")   (1971—1988) — РИМ

relacioni-macedonia

Списанието „Информации од Македонија“ излегуваше во рамките на Информативната агенција за печат „Репигиозе" од Рим, чиј директор и главен и одговорен уредник беше Антонио Јерков, од хрватско потекло и голем пријател на Македоиија и македонскиот народ и кој ја ширеше вистината за Македонија ширум светот. Тоа се печатеше на италијански јазик, на различен број страници, на формат 21x27,5 см. Првиот број се појави на 24 мај 1971 година по повод празнувањата на гробот на свети Кирил Солунски, сесловенскиот просветител што се одржаа во главниот град на Италија — Рим. Тој е отпечатен како агенциски извештај на 17 страници и содржи бројни куси вести од културата и други информации за Македонија и македонскиот народ

Bo воведот на првиот број на „Информации од Македонија“, се истакнува: „Овој билтен нема некои таинствени задачи, заштита на некои, ниту други посебни претензии. Неговата единствена цел е да служи на македонската кауза. Баравме и најдовме контакти за да ја прикажуваме вистината и во македонскиот дел од Југославија и во Пиринска и Егејска Македонија, односно деловите во Бугарија и во Грција. Но не им служиме ни на еден од тие делови. Ние сакаме да бидеме непристрасни сведоци на пријателски и братски односи и за каузата за единство на сите Македонци.

Размислата е чиста, човечка, сентиментална, праведна. Во две прилики ја посетивме македонската земја во последните години, каде што се сретнавме со голем број луѓе, меѓу кои и со авторот на овие редови. Секоја средба со тие луѓе и со земјата за нас беше врска со ентузијазам и на еден почеток. А овој почеток се роди многу спонтано. ,,Релациони Мачедонија“ е акт на сведоштво, крик на светот за реалноста на еден народ".

koloseum-rim
Колосеумот во Рим

Првата годипа од излегувањето на „Релациони Мачедонија" се отпечатени 14 броеви, а наредните години тој број варира, како и бројот на страници. Покрај уредникот Антонио Јерков, акредитиран новинар од Македонија беше Олга Спиркоска виден новинар од „Нова Македонија", а во содржината се среќаваат бројни текстови и прилози од македонски автори (меѓу кои и авторот на овие редови), кои се однесуваат на културата, историјата, науката, литературата, јазикот, религијата...

Клишето на главата на списанието е на италијански, во левата страна е поместена етничката карта на Македонија, a под тоа започнува содржината на бројот. Од бројот 9 од 11 октомврн 1971 година е сменета главата на весникот. Така, името на гласилото останува исто, а преку целата прва страница е дадена етничката карта на Македонија. Вакво клише на главата списанието го задржа се’ до неговото згаснување во 1988 година.

Исто така, во рамките на Информативната агенција за печат што ја водеше и уредуваше Антонио Јерков, се печатеше и списанието „Балканика". Тоа започна да излегува на италијански јазик, на формат 15x21 см. од 1982 година, на сто до сто педесет страници, и да објавува материјали од културата, религијата, историјата на Македонија, Романија, Бугарија и Југославија. И за ова списание дописник од Македонија беше познатата новинарката Олга Спиркоска. Ова списание излегуваше, најчесто како двоброј.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.