|
|
Јубилеј: Десет години од формирањето на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј |
На 23 мај 2007 година се формира Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој за последните десет години постави на сцена 13 оргинални продукции. Со своите продукции гостувал во повеќе градови во Австралија, успешно оствари две турнеи во Република Македонија каде учествуваше и на театарскиот фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. После само една година од формирањето, се стави на сцена драмата Страв и срам (2008), а потоа следеа драмите Мр Балкан (2010); Стари и весели (2011); Раскол (2012); Остави ја свеќата да гори (2012); Борење со мечка (2013) Ограда (2014); Доктор жими мајка (2015); монодрамата Ченто (2015); Куферот (2016); Баба се мажи (2016); монодрамата Неда (2016); Неочекувана забава (2017). Театарот е добротворна општествена организација со цел да ја промовира драмската и театарската уметност. Главните целина оваа организација се да ги зближи луѓето од македонско потекло кои се активни и креативни во сценски продукции, драма, театар, музика, филм, креативно пишување и играње; да ја промовира заедницата преку театарско, филмско и фестивалско творештво; да им помогне на интерпретатори, артисти, глумци посебно од помладата генерација со вклучување во оваа уметност. За време од една деценија Театарот одигра важна улога во подобрување на културно-забавниот живот на Македонците во Австралија но исто така повеќето од драмите, поради темите поврзани со здравјето и семејството, се употребија за просветување на македонската заедница, посебно тука би ги одвоил драмите „Страв и срам“, „Стари и весели“, „Оставија свеќата да гори“ и „Борење со мечка“. Театарот, преку своите продукции успешно делува во промовирање на македонската култура и нација во Австралија. Истите се посетени од повеќе илјади Македонци од сите генерации како и од австралјанската публика. Делови од преставите како и целосни престави се работени и на англиски јазик за пошироката публика. Театарот е награден во 2009 година од Министерството за здравје и Центарот за ментално здравје за успешното иноваторство во едуцирање на македонската заедница. Во 2015 година, од Мултикултурен НЈВ, Театарот ја доби престижната национална награда за култура и уметност за драмата „Ограда“. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во 2015 год. на Театарот му додели Повелба за промовирање на македонската култура и нација. Покрај тоа што Театарот повеќе пати е наградуван, самите артистите се имаат здобиено со повеќе награди. Драматургот Душан Ристевские награден со посебна награда за театарско иноваторство од Министерството за здравје на Нов Јужен Велс за драмата Страв и срам. Премиерот на Нов Јужен Велс во 2015 год. го награде Душан Ристевски за неговата неизмерна работа во мултикултурната заедница посебно во театарската уметност. Артистите Олга Николовска, Васко Србиновски како и режисерот Стефо Нанцу се добитници на наградата Златно сонце за своите достигнувања во театарската уметност и нивната работа во овој македоснки театар. Со цел да се признат креативните способности на артистите во Австралија, во 2015 год Театарот ја воспостави наградата Александар Македонски. Оваа престижна награда за најдобро толкување на машка улога ја имаат добиено Стефо Нанцу (2015) и Васко Србиновски (2016) за најдобро толкување на женска улога ја имаат добиено Јаворка Котевска (2015) и Валентина Апостоловска (2016). Со наградата Александар Македонски за животно дело во работење во театарот се наградени Душан Ристевски (2015) и Васко Србиновски (2016). Театарот исто така одигрува важна улога во зачувување на македонскиот јазик во Австралија. Преку продукциите гради еден мост помеѓу постарата и новите генерации на Македонци. Театарот преставува како амбасадор на македонската театарска уметност и култура во Австралија. Честит нека им е јубилејот со желба успесите да се множат и понатаму. Иван Трпоски Facebook: Australian-Macedonian Theatre of Sydney (AMTS) |