|
|
Списанието „Гласник“ на УНЕСКО од Париз на македонски јазик (10) |
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА Одсекогаш улогата на средствата за јавно информирање кај Македонците била од големо значење. Тие се незаменливи во продолжувањето на културните традиции на македонските доселеници во новиот свет. Гласилата настојуваат целосно да го запознаат читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од сите делови на Македонија. Таков е случајот со списанието на УНЕСКО „Гласник“ (1980—1991) од Париз. Првиот број на ова значајно списание на македонски јазик се појави во септември 1980 година. Тоа е отпечатено на 36 страници и на формат 21 х 29 см, како гласник на УHECKO — Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура, чие седиште се наоѓаше во Париз. Главен и одговорен уредник беше Жан Голен, а одговорен уредник на изданието на македонски јазик од Македонија беше Цветан Станоевски. Во првиот број се вели дека списанието „Гласник" се печати на 24 јазици и дека тоа излезе по повод ХХI седница на Генералната конференција на УHECKO одржана во Белград од 23 септември до 28 октомври 1980 година. Co исклучок на третата година од печатењето, во наредните години редовно се печатеа по три броја годишно, на ист формат и на ист број страници. Секој број има тематски наслов, a како додаток на македонските изданија се објавени бројни прилози од културата, науката, образованието, историјата, литературата, јазикот и друго. Македонското издание на „Гласник" на УHECKO го издаваше Републичката комисија за културни врски со странство и го дистрибуираше до УHECKO во Париз, до уредниците на сите јазигчни изданија, до сите позначајни куптурни, научни, образовни и други институции и заинтересирани поединци. Благодарение на научно-опширниот јазик во обработката на телате, потврдениот висок квалитет и автентичноста на содржините, списанието „Гласник" се’ повеќе се пробиваше меѓу читателската публика во секоја земја.
Броевите на списанието „Гласник" тематски беа посветени на образованието, науката, културата и информатиката. Во него се објавуваа прилози од најеминентни автори од голем број земји и нивните размислувања за современиот свет, уметноста, науката, историјата на цивилизацијата, со што се поттикнуваше соработката и разбирањето помеѓу народите. Затоа, изданието „Гласник" на македонски јазик имаше големо национално и културно значење. Особено што во рамките на секој број, покрај основниот текст, се вградуваше и додатен материјал од 4 печатени страници по избор на македонската редакција и од македонски автори. Затоа, со право можеме да кажеме дека списанието „Гласник“ беше вистински гласник на македонската културата, науката, образованието, историјата, литературата, јазикот, на македонскиот народ и Македонија. ТАТКОВИНА" (1984—1988) — КОПЕНХАГЕН
Списанието „Татковина" беше орган на Клубот „Македонија" и Здружението „Преспа" од Копенхаген - Данска. Првиот број излезе 1984 година како тримесечник на 20 страници мал формат (14,5x21 см.) и се печатеше на македонски јазик. Списанието започна да го уредува Редакциски одбор од седум члена и тоа: Б. Котевски, X. Бахтијар, Б. Дамјановски, Ф. Шабединовски, П. Тошев, О. Ајазовски Д. Вељановски, а соработници беа: Е. Нешевски и С, Робевски. Изпегуваше четирипати во годината, а издавач беше фирмата „Меркур" од Балерш. На корицата од првиот број е поместена карта на Југославија и песна од Ванчо Николески. Во воведната статија (на втора и трета страница) се истакнува: „Co потпишувањето на Југословенско-данската декларација за школство и со првите организирани училишта, а особено со формиравњето на Клубот „Македонија", се создадоа услови за издавање на ова списание. Така, на 18 декемврм 1983 година е формиран Редакциски одбор и е одлучено за името на списанието, со поткрепа па Клубот „Македонија" и Здружението „Преспа", a e донесен и Правилник за работа на списанието „Татковина".
Во продолжение од првиот број следат информации од Законот за странци, списокот па Управниот одбор на клубот „Македонија", за библиотеката на клубот и за Здружението „Преспа", кое од почетните 50 членови, веќе во 1984 година ја достигна бројката од 395 членови, главно од турска националност, a по потекло од Преспанскиот крај. Следат текстови за мајчиниот македонски јазик, за најмладите, за годишен одмор во Татковината, страница за хумор со крстозбор, како итекст по повод одржувањето на Македонскиот фестивал во Гетеборг, Шведска на 22 април 1984 година. Броевите два и три се печатени на 28 и 36 страници и се слични и по форма и по содржипа. И бројот 4 од 1984 година е отпечатен на 32 страници и има ист формат како и претходните броеви. И овој бpoј обилува со информации од Законот за странци, од активностите на Клубот „Македонија" и Здружението „Преспа" во каи се одржани годишни собранија со избор на нови претседатели. Така, за претседател на Клубот „Македонија" е избран Мито Силјановски, а на Злружението „Преспа" Кенан Бајрамовски. Исто така, се презентирани и текстови од други информативни гласила. Bo 1985 година се отпечатени три броја, идентични и по форма и содржина со броевите од претходната годнна. Следната 1986 како и 1987 година излегоа четири броја, додека во 1988 само еден број. После ова следи одреден прекин во печатењето на ова гласило. Карактеристика на речиси сите броеви на списанието „Татковина" е тоа што тоа дава една слика за животот и активностите на македонските доселеници во Данска, како и во другите европски земји, со посебна нагласка на активностите во Клубот „Македонија" и Здружението „Преспа". Продолжува
|