Среда, 12 Јули 2017   
Унгарија - земја на различна фолклорна традиција и изразена архитектура (5)

ungarija4-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – УНГАРИЈА

Кога се пишува за Унгарија, меѓу другото, треба да се каже декакултурата во ова земја има свој специфичен стил, богат со различни елементи и стилови. Поради богатата  историја, унгарската култура има значајна фолклорна традиција изразена во архитектурата, начинот на животот, поезијата, литературата и сликарството. Унгарската музика е мошне богата, почнувајќи од класичната до унгарската ромска музика и танци. Исто така, литературата е многу богата и шаренолика со голем број автори меѓу кои има и светски познати писатели и поети.

Унгарија е држава во Средна Европа, што се граничи со Австрија, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Словенија и Словачка. Денешната територија на Унгарија во стариот век била провинцијата Панонија, дел од Римската Империја. Во IV век на таа територија се населиле  Хуните под водство на Атила. Подоцна територијата ја населиле и германски племиња. По Германците дошле и Аварите и Словените, што потоа резултирало со доаѓање на Угрите, односно денешните Унгарци. Угрите се населиле во 896 година.

Според историските документи, во 1001 година Унгарците како религија го прифатиле  христијанството и тогаш кнезот Иштван I се крунисал во крал. Во 1526 година, за време на Мохачката битка Турците извојувале победа над Унгарија и со тоа престанала таа да постои како држава.

Територијата на Унгарија била поделена на три дела од кои: еден дел целосно потпаднал под власта на Турција, друг дел под власта на Хабсбуршката Монархија и третиот дел бил полунезависна држава во вазалски однос со Турција. Кон крајот на XVII век сите три дела биле дел од Хабсбуршката Монархија и тогаш Унгарците ја менуваат религијата прифаќајќи го лутеранството и калвинизмот.

Во 1848 година Унгарците дигнале востание против Монархијата за национални права, но не успеале во тоа. По востанието политиката на Монархијата кон Унгарците се менува и тогаш е формирана Австроунгарија.

ungarija4-2
Будимпешта

Во Првата светска војна Австроунгарија била дел од Силите на оската заедно со Германија и Италија. Кога Австроунгарија ја изгубила војната, државата била поделена на два дела: Австрија и Унгарија, додека делови потпаднале во рамките на стара Југославија, на Романија и на  Чехословачка.

Во Втората светска војна Унгарија повторно ја поддржала Германија и тогаш по вторпат ја загубила војната. По војната Унгарија била под раководство на Комунистичката партија на Унгарија и од 1990 година е демократско повеќепартиско општество.

Унгарија била христијанизирана уште во текот на X век. Така, тогашниот прв унгарски крал Свети Иштван I го зел западното христијанство, иако неговата мајка била крстена по источниот обред. Унгарија останала претежно католичка земја до XVI век, односно до појавата на  реформацијата и лутеранството, каде калвинизмот бил прифатен речиси од целата популација. Од XVII век, Унгарија постанала католичка земја. Православието  е религија, главно на некои национални малцинства во земјата, особено,  Романци, Руси, Украинци и Срби.

Будимпешта е најголемиот, најубавиот и главниот град на Унгарија. Тој е нејзин основен  политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар кој ги зафаќа двата брега на реката Дунав  со спојувањето на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Тој бил и вториот главен град на Австроунгарија, големата сила која пропадна во 1918 година.

ungarija4-3
Синагога во Будимпешта

Се смета дека овој град на минатото, сегашноста и иднината -, Будимпешта е еден од најубавите градови на  Европа, нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав. Во него се наоѓаат замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот. Исто така, други значајни точки во градот се тоа што таму се наоѓа втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.

При нашата посета бевме информирани дека околу една третина од 200.000 Евреи во Будимпешта биле убиени за време на нацистичкиот геноцид за време на  германската окупација во Втората светска војна. Будимпешта за време на 80-тите години од XX век ја поделила судбината со градовите во другите европски држави, кога бројот на станари се намалил под дејство на емиграцијата и намалениот наталитет.

За  главниот град на Унгарија - Будимпешта  често се вели дека, ако Њујорк е препознатлив по Кипот на слободата, Париз по Ајфеловата кула, Пекинг по Затворениот град, Лондон по Биг Бен, Будимпешта својот знак на идентификација го има во Парламентот.

ungarija4-4
Парламентот во Будимпешта

Меѓу бројните културно-историски и други знаменитости со кои изобилува овој град, сепак, како негов симбол е зградата на Унгарскиот парламент, кој ваквиот епитет го стекнал поради својата голема монументалност и специфичните архитектонски белези.

Историските податоци велат дека е граден од 1885 до 1904 година, по углед на Вестминстерската палата во Лондон, која е седиште на Англискиот парламент и едно од најубавите зданија во Англија. Другите податоци укажуваат на фактот дека Унгарскиот парламент е еден од најголемите во светот, со 691 просторија.

Во Унгарскиот парламент бевме во недела, како учесници на Меѓународниот симпозиум „Улогата на црквите во новите општества“. Уште на влезот во зградата бевме импресионирани од големиот број податоци за ова здание. Посетивме повеќе простории, сали, а на крајот влеговме во големата сала во која заседава парламентот, каде ни се обрати неговиот потпретседател и министер за религија. Имавме чувство како и ние да сме дел од тоа значајно политичко светилиште.

Будимпешта, со сето богатство создавано во текот на повеќевековното постоење, е голем пре­диз­вик за секој намерник што од кој било повод и од кои било  при­чи­ни и побуди ќе ја посети, сеедно во кој било период од год­ина­та. Со ширум отворени порти таа секогаш пречекува со безмалку беспрекорен ули­чен ред, со восхитувачки и смирувачки старински изглед на прекрасните архитектонски градби на монументите што им припаѓаат на разни градителски епохи и стилови.

Продолжува

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.