Среда, 16 Август 2017   
Весникот „Демократ“ од Вроцлав – глас на прогонетите Македонци (4)

demokrat4-1

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Први меѓу емигрантите од Грција во Полска беа децата-бегалци-прогонетите, а со нив по некоја жена или мома кои имаа улога на воспитувачки. Уште со доаѓањето во новата непозната  татковина,тие се населија во Солице Здруј, Лондек Здруј, во Згожелец, а од таму беа префрлени во Вроцлав, Легница, Свидница, Шчечнн и други места.

И на тие нови простори Македонците се бореа да го зачуваат и да го афирмираат својот мајчин јазик, култура, литература, традиции, а со тоа да го зајакнат националниот дух.

Така, уште во 1949/50 година во Згожелец се издаде билтен и на грчки и ва македонскн јазик. Македонските страници на ова информативно гласило го подготвувале ентузијастите Коста Христов, Махи Христов иЈордан Ивановски.

Co зголемувањето на политичките емигранти, во август 1951 година, започнаа да се печатат македонски страници во весникот „Димократис" (,Демократ"). Истата година кога раководството на Грците и на Македонците се пресели од Згожелец во Вроцлав, а со тоа се пресели и Редакцијата на весникот.

Прв и одговорен уредник идушата на весникот беше подоцна универзитетскиот професор и член на Полската академија д-р Коле Симитчиев, познат и признат полски интелектуалец и вњубеник во родната Македонија, чиј корени се од с. Воштарени, Леринско, кој во тоа време имаше завршено фиполошки науки во Солун.

Исто така, за одбележување е тоа што од 1950 година подолг период во весникот работеа Пандо Шапкаров и Коста Пановски, а беа вклученм, и: Христо Маркозанов, Васил Кизов. Ване Плуковски, Олга Попова, Пандо Шамандуров, Ташко Малинов, Васил Шаманов, Ристо Аргиров, Трајче Караќорев, Христо Влахов и многу други познати Македонци.

„ДИМОКРАТИС" (ДЕМОКРАТ) (1951—1974) — ВРОЦЛАВ

demokrat4-2

Од покренувањето, весникот „Демократ“ излегуваше секој ден освен во недела; се печатеше на формат 36 х 51 см., во тираж од две до три илјади примероци. Излегуваше на четири страници од кои во почетокот три, а потоа две на грчки и две на македонски јазик. Од 1956 година весникот се печатеше два пати неделно на шест, односно осум страници од кои половина беа на македонски јазик, потоа излегуваше еднаш неделно, а две страници беа на македонски јазик.

Во оваа значајно информативно гласило се пренесуваа дневните вести и состојбите во Грција, потоа информации од животот и активностите, особено од културата и литературата на политичките емигранти во Полска и во другите социјалистички земји, особено во Советскиот Сојуз, за Република Македонија и пошироко од светот, како и за  најмладите  —  децата.

Кон крајот на шеесеттите години, голем број Македоици се преселија од Полска во Република Македонија и во прекуокеанските земји, особено во Канада и Австралија. Како резултат на тоа, во 1974 година се укинаа страниците на македонски јазик во „Димократик", а кратко време  потоа  згасна  и весникот.

Од друга страна, пак, на просторите на Полска во периодот од 1953 до 1957 година во селото Кросченко, околија Устшики Дољне, близу сегашната граница со Украина, во Земјоделската задруга „Нов живот" се печатеше билтен на македонски јазик. Hero го подготвуваа Павле Шамандуров и Алеко Клеанов,

Во периодот, пак од 1952—1954 година Полското радио за странство што се емитуваше во Варшава, покрај емисиите на македонски од Вардарската редакција, воведе и „Егејски" емисии кои имаа  чисто  политички  цели.

Според некон нецелосни податоци бројот на политичките бегалци од Грција во Унгарија, пак, се движел од осум до десет илјади, од кои околу 80% биле Македонци, меѓу кои и илјада деца сместени no детските домови ширум Унгарија. Нив гн имаше во Будимпешта, село Белоез, потоа во градовите Озд, Мишколц, Балатон Алмади Балатон Кенеше, Балатон Леле, Хјутес, Искар Сенѓур, Дик, Чурго и други места. Децата беа на возраст од три до тринаесет години и во домовите покрај македонскиот  јазик учеа и  другн  предмети  на мајчин македонски јазик.

„ЛАИКОС АГОНАС" („НАРОДНА БОРБА") (1951—1975) — БУДИМПЕШТА

narodna-borba

Покрај овие активности во 1950 година започна да се печати весникот „Лаикос агонас" („Народна борба") во кој покрај трите страници на грчки јазик, една страница се печатеше на македонски. Тој излегуваше на различен формат, но обично беше на стандарден формат 42 х 58 см.

Прв главен и одговорен уредмик и иницијатор на страниците на македонски јазик беше Лазо Маљов, по потекло од село Крупиште, а во подолгиот период на печатењето, пократ другите, беа вклучвни и Ристо Попов од, с. Ајтос, Леринско, потоа Коста Хрисаков, Васил Симов и други.

Во почетокот се печатеше само една страница на македонски јазик, а подоцна се печатеа две страници како додаток од кој, бидејќи весникот се дистрибуираше и во Грција, лесно можеше да се извади долатокот, како „дел од грчката политика“. Весникот излегуваше секој ден, со исклучок во почетните години кога беше неделник.

Содржината на весникот „Лаикос Агонас" („Народна борба"), особено страниците на македонски јазик обилуваа со информации за животот и активностите на Македонците во Унгарија, за активностите во Беломорска Македонија и пошироко.

Притоа, посебно место му се посветуваше на животот на децата бегалци (прогонети од родното огниште)  по домовите, како и на активностите од културно-просветното живеење на политнчките бегалци од Грција во Унгарија. Весникот престана да излегува во 1975 година, кога и бројот  на  Македонците  рапидно  се  намали.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.