|
|
Во Версај – седиштето на француските кралеви (3) |
ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ФРАНЦИЈА Ја напуштивме Богородичната црква, и продолживме да шетаме низ Париз. Се упативме да го разгледаме уште и Версај. Патувавме десетина километри до Версај, познатото седиште на француските кралеви. Плени огромниот дворец изграден во минатите векови од француските монарси. Пред дворецот има ограден простран двор поплочен со специјална калдрма, кој некогаш служел за смотра на војската, односно на кралската гарда. До ден-денес зачувани се просториите каде што биле врзувани и сместувани коњите на посетителите. Сега таму ги паркираат луксузните автомобили. Кралскиот дворец е зграда од четири-пет ката издолжена во благ полукруг, со најразлични уметнички фигури и скулптури на фасадата. Предната страна на дворецот, всушност, е неговото лице од каде што доаѓаат посетителите. Низ широк влез како огромна порта поминавме и излеговме од неговата задна страна. Оттаму зданието изгледа како сосема друг дворец, зашто таа страна е градена во друг стил. Всушност, видовме дека дворецот Версај е изграден со две лица. Гледајќи го, човек не може да определи од која страна е поубав. Задната страна, всушност, била наменета за одмор и рекреација на кралевите и на нивните семејства. Поради тоа таму има огромни површини од повеќе десетици хектари на кои се протегаат прекрасни паркови и шуми со столетни дрвја, разни спортски терени и игралишта, езерца и фантастично убаво уредени цветни површини. Посебно е импозантна глетката на огромната ботаничка градина со егзотични растенија од сите делови на светот. Такви езготични растенија, палми и други ретки растенија има во голем број и на повеќе места. Париз е карактеристичен и по подземната железница во која поминуваат милиони патници на ден. Помалку е познато дека во Париз покрај метрото постојат и рововите од некогашниот каменолом кој зафаќа една десетина од површината на Париз. Париските катакомби, пак, за разлика од римските ги примиле своите вечни жители пред околу 200 години, кога градските власти затвориле десетина градски гробишта и сите коски ги преселиле под нозете на поколенијата.
Исто така, Париз може да се пофали со бројните музеи, галерии, театри, цркви, гробишта, стоковни куќи, ресторани, спортски борилишта и многу, многу други зна-чајни градби во кои однатре пулсира животот на овој мегалополис. Сето тоа заедно го прави севкупното, значајното и незаборавното живеење на градот на светлината - Париз. Но, го прави побогат во доживувањата и секој патник намерник кој престојува во оваа космичка метропола, една од најпосакуваните дестинации во светот. Историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ. Тие заедно со векови опстојуваат, но, во исто време, страдаат и се борат против асимилацијата, денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на другите простори ширум светот. Така, Црквата за македонскиот народ одиграла првостепена улога во тешките периоди на ропство, затоа со право се вели дека таа е база за национално осознавање и лулка на преродбата на Македонецот во еден долг период. Македонската православна црква игра значајна улога во опфаќањето на Македонците надвор од земјата, особено во прекуокеанските и европските земји. Таков е случајот со Македонците во Франција. Првата македонска православна црква во Европа е Македонската право-славна црква во Гетеборг, Шведска и претставува основа за формирање на македонска православна црковна-општина и на други православни општини во Европа, меѓу кои и Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Париз. Иницијативата за формирање на македонско национално-духовно и црковно катче во Париз датира од поодамна. Во отсуство на црковен и духовен живот Македонците во Париз, а и во цела Франција, и пред формирањето на црковната општина имаа организиран културно-забавен и спортски живот. Така, во 1973 година во Париз почна со работа првото училиште на македонски јазик. Исто така, во главниот град на Франција работеле повеќе клубови и други асоцијации, како што се асоцијацијата „Треска“, која се занимавала со хуманитарна дејност и клубовите: „Пелистер“, „Македониија“, „Скопје 63“ и дуги. Сите тие во своите програмски определби имале содржина од културата, спортот, духовното живеење, а во последно време се организирале и разговори со Македонци - бизнисмени за економско дејствување во Македонија. Потоа, редовно се организирале и културни манифестации, прослави на верски празници и на значајни датуми од македонската историја, спортски приредби, како и советувања за економско поврзување со родниот крај. Продолжува
|