Среда, 06 Септември 2017   
Весникот „Глас на Егејците“ – сведок за децата-бегалци по домовите (7)

glas-na-egejcite

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

И во Ѓаково, Војводина, беше основан Дом за де­цата-бегалци од егеј­скиот дел на Македонија. За жи­во­тот и активностите во овој  дом е за­бележано во бројот 17, од декември 1951 година.

Во текстот се вели дека првите деца-бегалци стасале во 1948 година. Во 1949 го­дина тие го основаа друштвото „Крсте Ми­сир­ков“ со околу 120 чле­но­ви. Ова друштво постигна вид­ни резултати со презентирањето на ма­ке­донските песни и ора на гостувањата во повеќе околни градови, но особен успех  доживеаја со дра­ма­та „Печалбари“.

Во бројот 2 од октомври 1950 година, објавен е мате­­ријалот кој се од­несува на посетата на странски­ мла­дин­­ци на децата од егејскиот дел на Ма­­­ке­до­­нија во Домот во Цриквеница. Странската група мла­дин­ци со­ста­вена претежно од Французи, потоа од Виет­нам­ци и еден Индиец, кои беа на изградба на Сту­дент­ски­от дом во Загреб се сретнаа и разговараа со деца­та во Домот, каде што наидоа на топол и срдечен прием.

Во наредниот, пак, број од ноември 1950 година, посе­бен простор е пос­ветен на текстот за заминувањето на 56 деца во Австралија, кои оти­доа кај своите родители и роднини на 26 октомври 1950 година преку Цр­вениот крст. Потоа е претставена прославата на „Неделата на Цр­ве­ни­от крст“ во Цриквеница, како и писмото на група од 77 де­ца од Осиек, во кое е изразена благодарност за гри­жата што им е укажана.

Анализирајќи го весникот „Глас на Егејците“забележавме  декаво бројот 4 од декември 1950 година, на првата стра­ница, објавен е текс­тот под наслов „Околу пра­ша­ње­то за децата од Грција“, во кое, меѓу дру­гото, се вели:

„Предавниците на интересите на грчкиот и македонскиот народ од Егејска Македонија - Захаријадис и компанија, побеснети, со крокодилски солзи, си ги кинат алиштата за да успеат да го измамат свет­ското јавно мислење по прашањето на децата кои за време на Гра­ѓан­ската војна во Грција беа принудени да се префрлат во народните     ре­публики а на прво место во ФНР Југославија...“

Понатаму во истиот текст се вели: „Како и по сите меѓународни проб­­леми, така и по прашањето на деца­та од Грција, југословенската Вла­да има јасен и прин­ци­­пие­лен став... Во минатата година од засе­да­ние­то на По­­­литичката комисија на ООН, југословенската де­ле­га­ција зазеде став дека децата треба да се вратат кај свои­те родители, без разлика во која земја живеат тие, от­ка­ко претходно ќе се провери тоа од Ме­ѓу­на­родниот цр­вен крст.“

Како поткрепа на тоа, авторот на текстот Ла­зо Да­мовски - Ошен­ски наведува еден карактеристичен случај. Имено, Ме­то­ди Амбаровски од селото Сара­ки­ново, Воденско, кој живее во Скопје има три деца. Ед­ниот син - Ване е за­др­жан во Романија, Мице во Че­хо­сло­­вач­ка и Стево во Пол­ска. А вакви случаи кај Маке­донци­те од Егејска Ма­­ке­донија има безброј. Затоа ро­дителите со полно право ги бараат свои­те деца, се истакнува во текстот.

Во бројот 6 од февруари 1951 година, поместена е репортажата од по­сетата во декември 1950 година на домовите каде што се сместени де­цата од Егејска Ма­ке­донија. При посетата на домот во Бела Црква, се вели во репортажата, дознавме дека таму живеат околу 500 деца.

banat-bela-crkva

Во До­мот има ред и добри хигиенски услови, а уче­ниците живеат и учат во уред­ни простории. Средбата со децата-бегалци е незаборавна и тешко мо­же да се опи­­ше; секое дете сакаше да се поздрави, да праша за свои­те блиски и подалечни роднини во НР Македонија.

Во бројот 6, весникот го објавуваи писмото од Тана Попова и Лена Јотева – тогашни де­ца од Егејска Македонија кои беа сместени во Домот во Бела Црква. Пис­мото беше ис­пра­те­но до весникот „Глас на Егејците“, а во него, меѓу другото,  пишува:

„Иако бевме малечки, сепак се сеќаваме на маките и стра­­дањата на нашите родители, како и на нашите маки. Многу од нашите браќа и сес­три беа мачени и убивани по затворите, само затоа што се бореа за свои­те права, за слобода на својот поробен народ. Борбата што ја во­деа нашите браќа и сестри, татковци и мајки против мо­нар­хофашистите навистина беше жестока. Таа борба ги принуди нашите родители да се од­делат од нас и да не’ испратат во Југославија, со цел да ни го спасат жи­­вотот“, се посочува во писмото.

Во Ѓаково, односно во Крушевље, се одржуваа и ки­нопретстави кои беа овозможени со проекторот кој бе­ше подарен од македонскиот ветеран Димитар Вла­хов, кои беа гледани со задоволство и одушевување. За актив­но­стите на децата бегалци во Ѓаково е објавено и во бро­јот 20, од март 1952 година. Во тек­стот се вели дека во Ѓаково има училиште во кое се воспитуваат 360 де­ца кои, покрај наставата, се организираат во домаќин­ска, хорска, аг­рар­на, балетска, рецитаторска, шаховска и фис­културна секција.

Во бројот 19, од февруари 1952 година, на првата стра­­ница од вес­ни­кот „Глас на Егејците“, поместен е текстот за  Шестото заседание на Генералното со­брание на ООН што се одржа во Париз на 30 јануари 1952 година, а на кое беше расправано и за децата-бегалци и нив­ното враќање дома. На Собранието југословенскиот делегат Сергие Ма­кие­до, меѓу дру­гото, во својот говор истакнал дека враќањето на децата-бегалци кај своите ро­дители има исклучително ху­манитарен карактер и таквиот однос не смее да се ко­ристи за политички шпекулации.

Во таа смисла, со­глас­но Ре­золуцијата за враќање на децата-бегалци кај свои­те родители, југо­сло­­венскиот Црвен крст настојува да го реши ова прашање колку што е мож­но поскоро, притоа барајќи да се поднесат оригинални барања од ро­­­дителите. Југословенскиот делегат исто така истакнал дека во Ју­го­сла­­вија се наоѓаат околу 7.800 деца-бегал­ци со своите родители, а околу ил­ја­да деца се по до­мо­ви­те ширум земјата.

Во врска со враќањето на децата-бегалци од Егеј­ска Македонија беше рас­пра­вано и на Петтото заседание на На­род­но­то собрание на НР Ма­кедонија што се одржа на 30 април 1952 го­дина, на кое претседателот на Владата Лазар Коли­шев­ски даде од­говор, чиј текст е целосно објавен во бројот 23 од јуни 1952 година.

Колишевски меѓу другото рече: „Во ноем­ври 1949 го­­дина пред Политичкиот комитет на ООН беше по­ста­ве­но прашањето на децата-бегалци од Грција. На­шата де­легација зазеде по­зи­тивен став и со своето ис­та­пу­вање придонесе за неговото правилно тре­ти­ра­ње.  Беше донесена ре­зо­луција од Генералното со­бра­­ние на ООН со ко­ја децата-бегалци од Гр­ција треба да се вратат кај своите родители, без разлика во која земја се наоѓаат. Ова беше поздравено од сите оние во светот што мо­жеа да ја увидат хуманоста на овој акт и трагедијата на ро­дителите и децата кои не по своја вина се рас­прс­ка­ни и разделени едни од други во разни држави по светот“.

Во продолжение на говорот на Колишевски из­не­­­сени се податоци за децата-бегалци кои се вратени кај свои­­те родители. Така, речено е, дека сојузната и ре­пу­блич­­ката Влада сторија се’ што можеа да се овозмо­жи со­­­бирање на децата и родителите. Како резултат на тоа 555 деца се вра­тени кај своите родители во Грција, Ка­нада и Австралија.

Исто така, се истакнува во говорот дека југо­сло­вен­­ската Влада покрена барање за 2.509 деца-бегалци кои се наоѓаат во источните земји да се вратат кај свои­те ро­дители во Југославија преку Меѓународниот цр­вен крст. Тој истакнува дека Владата на НР Македонија му по­­све­тува посебно внимание на образованието на децата од Егејска Македонија.

Како резултат на тоа го­лем број од нив завршија разни нижи и средни училишта, а не­кол­ку и факул­тет. Само на скопскиот универзитет има 47 сту­ден­ти од Егеј­ска Македонија, бидејќи света должност е на децата-бегалци од Егејска Ма­ке­­до­нија да им се овоз­можи при­стоен и достоен човечки живот, истакнал на крајот Ла­зар Колишевски.

Во бројот 27, од октомври 1952 година, објавен е текст­от за Младин­ска­та бригада на девојките од Егејска Македонија од Домот во Осиек, ко­ја учествуваше на акци­јата во Маврово. Оваа Младинска бригада по­ка­жа вон­ред­ни резултати, неколкупати беше пофалувана, а два­пати го освои преодното знаме.

Од активноста на децата-бегалци кои живееја по до­мовите ширум Ју­­гославија, во бројот 30, од јануари 1953 година, посебно место е пос­ве­те­­но на активностите на де­цата во Домот “Лазар Трповски“ во Битола. Во на­писот е прикажан дочекот и прославата на Новата 1953 годи­на во До­­мот. По тој повод била изведена едно­чин­ка­та „Крап“, биле рецитирани стихови од македонски поети, биле изведени хорски песни, а приредбата за­вр­ши­ла со оп­шта веселба на домците и воспитувачите.

bitola
Битола

Се пренесува и веста за отворање на ос­нов­но училиште за деца­та-бегалци кои дојдоа од Вој­во­дина и се населија во Демир Капија, потоа за културно-про­свет­ната активност во Домот „11 Октомври“ во Не­го­тино, а во бројот 36, од април 1953 година, објавен е текстот кој се однесува на животот на децата-бегалци во Бела Црк­ва. Во последниот текст се вели дека името на Бела Црк­ва и на другите домови ширум Југославија, тесно е поврзано со историјата на Македончињата од Егејска Ма­кедонија.

Во Бела Црква најде закрила цутот на нај­мла­дата генерација од егејскиот дел на Маке­до­ни­ја кој беше осуден да го плаќа тешкиот данок, бидејќи при­паѓа на македонски родители кои мораа да го грабнат оруж­је­то и да се борат за слобода.

Се’ на се’ весникот ,,Гласот на Егејците”, останува да биде неизбришлив документариум за голготата, страдалниците, судбините, новите домови и човековата безгранична хуманост. Еве за тоа се вели дека за нас, весникот „Глас на Егејците“ е уште една страница од тажната македонска пре­сел­ничка сага.

Крај

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.