Среда, 20 Септември 2017   
Во Шведска – земјата на Викинзите (1)

svedska1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШВЕДСКА

Беше утро кога полетавме со авионот од Скопје за Копенхаген, во градот кој е главен административен, политички, културен и економски центар на Данска. Во оваа данска метропола, чија популација ја до­стиг­нува бројката од два милиона, го по­чув­ствувавме пулсот на напредокот, престижот, скандинавското живеење и     ид­ни­на­та на оваа европска држава.

Копенхаген е престолнина на Данска и морско пристаниште на источниот брег на островот Селанда (Шелана) на мореузот Сунду. Во ова динамично трговско место, развиена е бродоградбата и сите други индустрии. Тој е формиран како населба уште во 1443 година, а универзитетски град е од 1479 година. Има бројни споме-ници на културата кои се дел од богатата културна ризница која датира од времето на Викинзите. Сè до денес е центар со богат кул­турен живот, универзитетски меѓународен цен­тар, престолнина на музиката и убавата умет­ност, поз­нат по школата на наивците, по­ ани­м­и­раните фил­­мови, из­лож­­би, кон­цер­ти, саеми и други манифес-тации.

Го на­­пуштивме овој град со брод, што превезува пат­ници од Дан­ска во Шведска и се упативме кон Малме. Бро­дот небаре леташе на површината од морската шир. Се движеше кон исток паралелно со мостот Оресунд кој ги поврзува овие две земји. Имено, мос­тот што ги поврзува градовите Копенхаген и Малме влегува под водата како тунел, и на две места излегува ка­ко „забревтан кит“ кој ги сече морските бранови. Посетителот понесува впечатлива глетка од тие  северни води.

Инаку, според историските податоци со кои се запознавме во англиската литература се вели дека Шведска или Кралството Шведска е држава  во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад и со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со околу или 2 милиони жители во метрополитенската област.

Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од над 9 милиони жители. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со околу половина милион жители, а трет најголем град е Малме.

Стокхолм  е главен и најголем град на Шведска. Тој е основан во 1252 година на спојот на езерото Меларен и Балтичкото Море. Главен град на Шведска службено станал во 1436. Седиште е на, помеѓу другото, Кралската академија на науките, Карловиот институт и Шведската академија, која ги одбира добитниците на Нобелова награда од физика, хемија, економија,медицина и литература.

Името на градот води потекло од старошведските зборови Сток и Холм што во буквален превод значи „место на островче“. Ова има смисла, ако се знае дека најстариот (денес средиштен) дел од градот се наоѓа токму на островот Хелгеандхолмен.

erusudskiot-most
Ересундскиот мост

Стокхолм се развил во близината на источниот брег на Балтичко Море. Градот се развил на стратегиско место каде оддалеченоста помеѓу големото шведско езеро Меларен и Балтичко Море е најмала. Затоа, дадената положба стратегиски е многу важна - градот е формиран со цел го штити влезот во системот езера, кои е „срж“ на внатрешноста на земјата. Градското подрачје е претежно бреговито, а надморската височина на градот се движи помеѓу 0-50м.

Подрачјето на градот Стокхолм било населено во раниот среден век. Првото спомнување на градот поврзан со денешното име се поврзува со 1252 година. Првобитно, градот се развил како пристаниште за извоз на железна река од рудникот во градската област Бергслаген. Благодарејќи на ова градот брзо станал значајно средиште на трговијата. Градот наскоро станал ханзетска испорака на доселениците од Германија. Тие ја сочинувале градската власт до 1478 година.

Во втората половина на 19 век, со појавата на индустријата и со изградбата на железничката мрежа, доаѓа до нов преокрет во градот. Стокхолм доживува благосостојба, која трае и ден денес. Како очигледна слика на тоа, тука се одржани Летните олимписки игри 1912.

По втората светска војна градот ги достигнал своите управни граници. Тогаш е започната масовна изградба на бројни предградија. Во нив денеска живее скоро исто толку население како и во градот.

Шведска, пак, е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија, здравство и школство. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство.

Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска), пак,  бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Оттогаш, Шведска е земја која го поддржува мирот и е неутрална држава.

Интересен е податокот за Викиншката ера во Шведска. Имено, тој период траел од 8 до 11 век кога Шведите ја прошириле својата држава на југ кон Јеталанд. Додека Викинзи од Норвешка и Данска патувале и освојувале на запад и југ (југозапад). Викинзите од Шведска освојувале и на исток и југ (југоисток) кон Финска, балтичките земји, Русија и кон Средоземното Море. Нивниот пат преку руските реки ги донел дури до Константинопол (денешен Истанбул) којшто го напаѓале и ограбувале неколку пати. 

Затоа и византискиот император Теофил бил воодушевен од нивните борбени способности и Викинзите ги вработувал како негова лична гарда (Вараншка гарда). Постои теорија дека викинзите кои тргнале од Шведска ја создале Русија. Во 9 век шведските викинзи биле нарекувани Руси и словенските племиња ги „поканиле“ викинзите да ги управуваат и бранат од непријателот. Така станале елитни воини кои владееле и освојувале други племиња и формирале колонии.

Во XVII век Шведска се развила како една од големите сили во Европа. Во ова време таа претставувала најмоќната држава во Cеверна Европа. Овој период започнува со кралот Густав II Адолф и неговото успешно учество во триесетгодишната војна, се‘ до 1721 година кога царството се распаднало. Статусот на Шведска како царство во ова време е главно поради економските реформи и воведувањето на протестантството од страна на Густав I.

Најуспешните години за Шведското царство биле од крајот на XVII до раниот XVIII век. Најголеми територијални проширувања Шведска имала за време на Карл X (1622-1660) по Роскилдскиот мировен договор во 1658 год. Но подоцна преамбициозните Швеѓани започнале поход во Русија што завршила со победа на руската војска во одлучувачката битка кај Полтава (1709).

Понатаму, во текот на битките, убиствената руска клима, како и борбените тактики на царот Петар Велики довеле до пораз во битката кај Полтава. Овој пораз значел и почеток на крајот на Шведското царство. Територијалните загуби јасно ја тргнале Шведска од списокот на големите сили на Европа, а Шведска го изгубила и приматот во Cеверна Европа, препуштајќи ѝ го на Русија. Со тоа Шведска на некој начин ѝ овозможила на Русија да се претвори во голема сила.

stokholm
Стокхолм

Во 18 век, Шведска не била доволно моќна за да ги задржи териториите вон Скандинавскиот Полуостров, па поголем дел од нив биле загубени, а сето тоа кулминирало со загубата на земјата нарекувана „Источна Земја“, Естерланд и источните делови од Норланд кои биле припоени кон Русија: овие територии  ја основале полуавтономната Финска.

Откако Данска-Норвешка била поразена во Наполеонските војни, Норвешка била припоена кон Шведска на 14 јануари, 1814 год. по договорот во Кил. Норвешките обиди за независност биле одбиени од страна на Карл ХIII. Тој организирал воен поход против Норвежаните на 27 јули, 1814 год. којашто завршила со Конвенцијата во Мос, којашто предвидела Норвешка да биде во личен сојуз со Шведска. Овој сојуз не бил раскинат сѐ до 1905 год. Овој поход од 1814 претставува и последна војна во која Шведска учествувала како борец.

Денес во Шведска официјални статистички податоци за етничката припадност на жителите нема, но според Централната статистичка служба на на оваа земја во 2012 година, околу два милиони или околу (20,%) од жители се со имигрантско потекло, односно родени надвор од Шведска, или пак родени во Шведска но имаат родители родени надвор од Шведска. Според оваа дефиниција најчести земји на потекло биле Финска (2,38%), државите од поранешна Југославија(2,06%), Ирак (1,74%), Полска (0.91%) и Иран (0,84%).

Исто така, од литературата дознавме дека Шведска сè до XI век била паганска земја, кога започнала да се христијанизира. Во времето на Протестантска реформација во 1530 година, земјата станала Лутеранска, кога била создадена и Шведската црква. Раната христијанизација во Скандинавија била започната од страна на Ансгар, епископ на Бремен кој бил испратен во Данска во 820 година. Мисијата му се определува како деловно успешна, па по две години бил вратен во Германија. Најголем подем христијанството во Скандинавијата доживеало во времето на Кнаут IV и Олаф I во годините по 1000 година.

Денеска, во земјата живеат околу 70% христијани, главно протестанти. Како помала религиозна организација е муслиманската (околу 3%). Бројот на нерелигиозните групи и атеистите е околу 30%.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.