Среда, 11 Октомври 2017   
Почетоците на организирано дејствување на македонската дијаспора (3)

doom-logo

Во јули 1975 година на Конференцијата за европска безбедност и соработка која била одржана во Хелсинки, ДООМ испратил меморандум со иста содржина како оној кој бил испратен до државите учеснички на Конференцијата по прашањето за мир и безбедност во Виена во 1973 година. Меморандумот бил потпишан од ЦК на ДООМ.

Одржувањето на ваква конференција, каде што присуствувале бројни претставници на европските држави, вклучително САД и Канада, не можело да остане неискористено од страна на Богдановски и на ДООМ. Со запознавање на европската јавност со македонското национално прашање и со модулот на ДООМ за решавање на истото, целта била исполнета.

Меѓутоа, тука не застаниуваат активностите на ДООМ. По само неколку месеци, поточно во ноември 1975 година, Централниот комитет на ДООМ изработил „Експозе по македонското прашање“ кое било испратено на голем број комунистички, социјалистички и други прогресивни партии во светот. Во ова Експозе, кое било објавено во „Македонска нација“, бил даден кус осврт од историјата на македонскиот народ од раниот среден век до најново време. Целта била да се запознаат левоориентираните партии со македонската историја и македонското прашање, но и да се осуди „шовинистичкиот и некомунистички однос на Бугарската комунистичка партија кон македонскиот народ и неговото право на слободен национален живот“. (Експозе на ДООМ по македонското прашање“, Македонска нација, Г. V, бр. 30, ноември-декември 1975 година, 1.)

Во ова Експозе меѓудругото се вели дека Бугарската комунистичка партија почнала да „отстапува од марксистичко-ленинистичкото становиште по македонското прашање со доаѓањето на Тодор Живков на нејзино чело“. Во Експозето се изнесени и некои примери на денационализаторската политика на НР Бугарија, како спроведувањето на пописите, каде што Македонците биле насилно „запишани како ‘Бугари’ по националност“, а оние што и покрај притисокот се спротиставувале да бидат така запишани, биле изложувани на „тешки казни“ и „насилно преселени во Северна Бугарија“. Понатаму бил забележан отпорот на Македонците против денационализаторската политика на НР Бугарија и ликвидациите на Македонци без „секаков судски процес“. Оттука, ДООМ ќе побара „ова престапничко поведение“ на БКП да „биде најбескомпромисно осудено од сите комунистички партии во светот, од сите социјалистички партии, како и од други прогресивни движења“.

Исто така, во експозето била „изнесена и непријателската политика на денешна Југославија кон обединителниот идеал на македонската нација“. Иако во СР Македонија се развивал слободен национален и културен живот, сепак бил потенциран фактот дека „Титова Југославија го југословенизира македонското прашање“, односно по Резолуцијата на Информбирото, повела „една консеквентна политика против обединителниот идеал на македонскиот народ“. Во експозето било констатирано дека оваа политика била водена „во името на добрососедските односи“. Всушност ваквиот однос на сојузната влада претставувало „предавство на национал-ноослободителната борба на македонскиот народ – предавство на Илинден 1903 година и на Народно Ослободителните Борби на македонскиот народ водени од 1941 до 1949 година“. Потоа бил критикуван и самоуправниот социјализам како штетен не само за „македонскиот работен народен ами и за другите народи и народности на Југославија“.

На крајот од ова експозе биле изнесени причините за создавањето на ДООМ и неговите цели, каде е потенцирано дека Движењето не било „реакционерно“, туку се сметало за „прогресивно“. Па така „во однос на Пиринска Македонија“ била исфрлена „борбената парола“: „СОЦИЈАЛИЗАМ ДА, БУГАРСКО РОПСТВО НЕ!“ Тоа значело создавање на „македонска социјалистичка пиринска република како самостојна национална држава на македонскиот народ“. Додека во однос на СФР Југославија, од ДООМ се залагале за поголема самостојност на СР Македонија, а за прашањето за уредувањето биле „за победа на вистинските социјалистички снаги во Југославија и СР Македонија“. За делот од Македонија под грчка власт било предвидено „борбата за национална слобода“ да биде водена „заедно со грчките прогресивни и револуционерни снаги“ кои ќе го почитувале „правото на слободен национален живот и на национално самоопределување“.Ова Експозе било потпишано од членовите на ЦК на ДООМ.

Во својот коментар, авторот на трудот „Меѓународни активности на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (1973 – 1977)“ збележува дека „ова т.н. „скршнување на лево“ не е ништо ново ниту непознато за организацијата и за Драган Богдановски од причини што уште во текот на Конгресот одржан во Бремен во 1972 година, тој јавно застанал на ставот организацијата да не биде стриктно антикомунистичка, туку во своите редови да прима членови без разлика на идеолошката ориентација.

Имено, на 30 април и на 1 мај 1972 година во Бремен се одржал Вториот вонреден конгрес на организацијата. На Конгресот била донесена и специјална декларација во која биле нагласени обидот и желбата на организацијата да прерасне во општонационално движење. Во таа насока, во декларацијата меѓудрогото пишувало дека организацијата го разбира македонското прашање „не како партиско, не како комунистичко или антикомунистичко, туку како татковинско-обединувачко, како општо-македонско национално прашање“. („Во Бремен се одржа конгрес на ОКМ“, Македонска нација, г. II, бр. 9, мај-јуни 1972 г., 2).

Оттука целта на ова експозе била да се придобијат симпатиите од земјите на „Народната демократија“ и од другите комунистички партии и истото најверојатно било составено под силно влијание на австралискиот дел од ЦК на ДООМ, кој во најголема мера бил прокомунистички и просоветски ориентиран.

Обидите за соработка со Советскиот Сојуз се реализирале во 1976 година, кога австралискиот дел од ЦК на ДООМ испратил меморандум до Президиумот на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС). Во тој меморандум се барало морално и материјално да ја помогне дејноста на ДООМ, воедно и да им се дозволи на територијата на СССР и на други источноевропски држави, ДООМ да има свои претставништва. Меморандумот бил предаден во Советската амбасада во Австралија во август 1976 година.

Драган Богдановски бил против таквата соработка поради основаните стравувања ДООМ да не се претвори во обично орудие на советската политика на Балканот. Односно, при евентуалната агресија на Советскиот Сојуз врз СФРЈ, по смртта на Јосип Броз Тито, постоела опасност НР Бугарија да ги оствари своите територијални аспирации спрема СР Македонија.

Но зголемувањето на членството во австралиските поткомитети значело и зголемување на влијанието на тој дел од организацијата. Па така, иницијативите на австралискиот дел од ДООМ за соработка со Советскиот Сојуз, сè почесто преминувале во притисоци. Богдановски морал да балансира со австралискиот дел од ДООМ заради големата финансиска зависност што ја имала организацијата од нив.

Продолжува

Македонска нација

(Извор: М. Ивановски „Меѓународни активности на Движење за ослободување и обединување на Македонија (1973 ‒ 1977)“; ГЛАСНИК год. 58 бр. 1-2 стр. 1-117986 Скопје 2014 стр. 143)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.