|
|
Сто години од Илинденското востание (4) |
„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“ Втори август е запишан со крупни позлатени букви во календарот на македонскиот народ во етничка Македонија и кај македонските иселени ширум светот. Тој ден 1903 година избувнапо Илинденското востание, а на 2 август во 1944 година, Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија се конституирало во највисоко тело на македонската држава. Илинден 1903 година бил највисок револуционерен врв на борбата што ја водел нашиот народ за соборување на султанската тиранија. Илинден 1903 година бил преломен чин и патоказ во национално-револуционерната борба на македонскиот народ и другите народи кои живееле во тогашна Македонија за слобода и независност. Тој епохален ѕвезден миг зазел челно место во револуционерните врвици на македонската слободарска традиција. Со тој „јуриш кон небото" се изразил визионерскиот слободољубив идеал, кој создал перспективи и нови димензии за натамошната борба на македонските прогресивни генерации. Тие во најновите историски услови со уште поголема упорност и доследност ја извршиле својата историска задача со ефикасно извршување на илинденските завети, создавајќи слободна, самостојна, самоуверена македонска Република. Илинден 1903 година е првиот македонски Илинден. Тој го навестил вториот Илинден, што настанал во новата достоинствена епоха, затоа што тој ги посочил патиштата за постигањето на високата цел на слободата. Низ тие бурни бранувања и отпори македонскиот народ го докажал и го оправдал своето историско постоење, својот благороден и храбар пат кон слободата, кон лрогресот. Затоа илинденскиот херојски подви длабоко и цврсто се врежап во свеста на македонскиот народ, кај широките народни маси на Македонија. Оттука не е чудно што илинденскиот чин станал знаме, симбол и патоказ на борбените македонски генерации, кои не дозволиле македонското ослободително дело, македонската кауза да скршне од новата револуционерна епопеја. И покрај некои обиди да се оспори придонесот на широките македонски народни маси, овој триумф значел многу за своето време. А, за времето на иднината, визионерски бил навестен виорниот илинденски факел на слободата. (Според авторот на овие редови, Славе Катин, а земајќи ја во предвид историската вистина за Македонија, Илинден 1903 година е Вториот Илинден за македонскиот нарот. Имено, можеби треба да се смета за Прв Илинден битката кај Хиронеа која се случина на Илинден во 338 година пред Христа, кога големиот војсководец за тогашна македонска држава-Филип Македонски ја извојувал голема победа над античките Елини-Грци и ги стави темелите на големата Македонска империја. Но тоа да го оставиме на идните историчати и на политичките прилики и неприлики.) Илинденското востание претставувало повод за да се разгранат со векови задушуваните револуционерни стремежи на македонскиот народ да се искачи на пиедесталот на слободата. Токму во тој пресвртен чин дошле до израз евидентните дострели на слободата за остварување на самобитните државотворни традиции.
Во деветтата деценија на XIX век во Македонија наполно созреале условите за појава и развој на национално-ослободително и револуционерно движење. Тогаш, кај свесните и разбудени Македонци, кои израснале од народот и ги изразувале чувствата и пулсот на широките народни маси, созреала мислата за создавање на единствена револуционерна организација на национално-ослободителното движење. Така, во 1893 година била формирана Македонската револуционерна организација, која подоцна се трансформирала во Тајна Македонска Револуционерна Организација (ТМРО), а станала позната и како Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Таа со време ги сихронизирапа своите револуционерни акции и со македонските социјалисти, како и со другите револуционерни сили и групи, за да создаде комплексно единство на национално-ослободителното движење. Тоа бил голем и значаен чин во новата историја на Макодонија, на македонскиот народ и народностите во неа. Организацијата се нашла пред мошне крупни и одговорни задачи. Најпрвин требало да се организира народот за борба против постојниот деспотски режим, а потоа против сите посегнувања однадвор во нејзините работи. Се настојувапо да се отстрани секое надворешно штетно влијание врз Македонија. Ширењето на орагнизационата мрежа и насочувањето на масите кон вистинскиот пат на револуцијата бил првенствена цел. Највидните корифеи и протагонисти: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански, Петар Поп Арсов, Димо Хаџи Димов и ллејадата други, му дале импулс и поттик на револуционерното движење, го омасовиле, ја доразвиле народно-демократската концепција за философијата на самородната автентична револуција.
Во тој исклучителен пункт се наоѓал единствениот спас за револуционерното организирање на македонските маси и за создавање на масовен револуционерен организам на македонскиот народ. Оттука, согласно со постојната внатрешна и надворешна политичка состојба се пристапувало кон етално изведување на македонската револуција. Таа требало да се изведе по пат на низа постапни револуционерни потфати, чија кулминација требало да претставува општонародно оружено востание. Изѕедбата на тој висок чин требало да се изврши со самостојни сили, по автохтонен пат. Стриктно поврзано со овие цели се изградувала револуционерната власт. Револуционерната цел ја опфаќапа определбата за наоружување на револуционерните сили и целиот народ. Балканскиот подвиг бил направен со правилниот став на Организацијата кон народностите во Македони-а. Со тоа било прокламирано демократското зближување на народите во борбата за национално и социјално ослободување. Меѓутоа, остварувањето на целите на македонската револуција, наидувале на сериозни пречки, особено преку спротивставувањето на врховистичките и други елементи. Тие се стремело да го компромитираат самостојното македонско дело, да му нанесат штета и да се вовлечат во редовите на Внатрешната организација. Се служеле и со провокации за да се создава смут меѓу народот, да се претстави поинаква слика пред надворешниот сѕет за состојбата во Македонија и во македонските работи. Контрареволуционерните потфати се криеле, особено, во исфорсираните востанија, со цел да се предизвика надворешна интервенција. Злобни цели се криеле и во намерата да се искористи затворањето на неколку членови на Централниот комитет на Внатрешната организација, како и отсуството на Гоце Делчев и на Ѓорче Петров, кои како задгранични претставници на Организацијата се наоѓапе во Софија. Тогаш Иван Гарванов, врховистички експонент и агент на бугарската влада успеал да се вовлече во составот на Централниот комитет и привремено да ја заземе должноста претседател. На централно место било поставено прашањето за подигање на востание напролет 1903 година. По ова судбоносно прашање се воделе долги и сериозни дискусии. Делегатите на Конгресот се поделиле на двѕ групи: за и против востание. Едните сметале дека револуционерните окрузи се’ уште не биле подготвени за ваков решаѕачки чекор (слабо наоружување; мал број раководни воени кадри; непогоден момент). Другите се залагале за поволна ситуација во која ќе се подигне востанието, а според залагањата на И. Гарванов се сметало на помошта од Бугарија. Вториот предлог преовладал и се решило востанието да се дигне на пролетта 1903 година. За да се одложи покренувањето на востанието се дејствувало со пореално објаснување и изјаснување за ситуацијата. За таква активност и раздвиженост во револуционерните окрузи, особено се залагал Гоце Дел-чев. Тој успеал на неколку средби со револуционерните дејци да укаже на штетноста од предвремено востание. Дури во Солун се сретнал со Даме Груев, кој се вратил од заточение. Дамевата оддалеченост од Македонија, во извесна смисла, влијаела на неговата неинформираност за вистинската состојба. Затоа тој го прифатил решението за востание. Но, Гоце Делчев му ги изнел сите последици од една ваква предвремена одлука. Не можел да го разубеди, Даме Груев останал на своето. Сепак, Делчев успеал да го наговори востанието да започне неколку месеци подоцна. Во врска со стогодишнината на Илинденското востание ќе ја претставиме песната „Сто години Илинден“ од Стив Пљакас од Њумаркет, Канада. Стив Пљакас, или Стево Плаков, како што тој милува да се претстави е канадски Македонец, или македонски Канаѓанец по потекло од убавото македонско село Зелениче, Леринско, од егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и САД. Бизнисменот Стив Пљакас е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и силни борци за афирмација и за одбраната на македонското име, на Македонците ширум светот, Македонската православна црква и на духовниот живот. СТО ГОДИНИ ИЛИНДЕН Сто години Илинден 1903 на Мечкин Камен Тие им покажаа на сите, Имињата нивни свети Стив Пљакас (Канада) (Песната „Сто години Илинден“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 170. Продолжува
|