Среда, 08 Ноември 2017   
Во Сиднеј премиерно се прикажа СОНЦЕ МОЕ СО НЕЖНОСТ И ЉУБОВ

My Sunshine cast with SSI staffМинатата сабота во просториите на Civic Theatre во Хрсвил, предградие на Сиднеј, премиерно се прикажа драмата „Сонце мое-My Sunshine“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу.

На почетокот пред преставата поздравно се осврна директорката на Future Ability, Georgia Zogalis која нагласи дека парични средства беа обезбедени од државната влада за ставање на сцена „Сонце мое“ со цел да се промовира новата Национална програма за осигурување при онеспособеност (NDIS). Потоа следеше поздравен говор од извршниот директор на Settlement Services International, Steve O’Neill, кој нагласи дека нивната невладина организација нуди разновидни служби за новите доселеници и еден од нивните проекти е на еден културен приод за Македонците (театарот) да се промовира националната програма корисна за луѓето и нивните семејства соочени со инвалидност, а со тоа и официјално ја отвори премиерата на „Сонце мое“. За австралиските гости на англиски јазик се прикажа една сцена од драмата, а потоа следеше целата изведба на македонски јазик.

Како што беше најавено, Театарот постави на сцена една „нежна и полна со возвишеност приказна за љубовта и живеење независно на луѓе со попречености“. Авторот и целиот актерски тим ни престави една трогателна приказна за животот што може да биде полн со неизвесност кој не носи на различни патишта преку кои се испитува нашата моќ и слабост се испитува тоа што е најважно во нашиот живот. Огромната љубов, преовладуваше во сите сцени, од родителите и старателите што ја поседуваат кон своите деца и најмили со попречености. И тоа беше главната цел на авторот да се поттикне размислување и дијалог преку сценска изведба и театарот како наша најстара традиција да се употреби како медиум да се дискутираат социјални и здравствени теми.

Главната улога и беше доверена на Валентина Апостоловска која во карактерот на Дана ги видовме нашите сопруги, старатели, мајки соочени со секојдневни предизвици – емоцијално не надразни да си погледнеме подлабоко во нашите души. Потоа Васко Србиновски во карактерот на Бранко не донесе до реалноста – страдање од деменција со која многу луѓе во своите одминати години се соочуваат па поприфатливо е да се гледа смешната-комичната страна на оваа опака болест. Јаворка Котевска во улогата на Грозда ни ја покажа една самохрана мајка која цел живот и го посветила на својата ќерка со интелектуална попреченост. Зоран Гулабоски повторно се покажа како актер кој длабоко завлегува во карактерите, успешно го прикажа депресивниот Пецо кој се „дружи“ со инвалидската количка. Мена Ристевска на сцена ни прикажа еден мошне тежок карактер, Наташа, која покрај својата попреченост „живее во свет на млади години“ и преку нејзините игри не доближи до реалноста да се живее во еден поинаков непознат за нас свет. Татјана Нешковска, со карактерот на Ребека ни ја покажа не само професионалната страна туку и добрата-човечката страна што социјалните работници ја поседуваат. Антонио Нешковски во улогата на Горан ни престави еден лик кој од сите во семејството е „заборавен“ бидејќи нема специфични проблеми. Никола Апостоловски преку ликот на Бил донесе една свежина во драмата и се покажа дека треба „смешната страна“ да ја прифатиме и да уживаме во животот. Стефо Нанцу со улогата на Сем не донесе поблиску до луѓето кои страдаат од церебрална парализа и овој лик го одигра со голема уверливост.

Режисерот Стефо Нанцу избра еден професионален актерски тим што прикажа драмско дело кое досега не е видено во нашата заедница. Посебни честитки на Стефо, Мена, Зоран и Васко кои ни преставија ликови на луѓе со специфични проблеми и попречености, а за тоа да се постигне не треба само актерска дарба туку и пожртвуваност за да се уловат таквите карактери. Честитки до целиот тим и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, а посебно до Душан Ристевски кој повторно на сцена постави драма за која долго време ќе се зборува.

Покрај премиерската изведба драмата „Сонце мое“ два пати се изведе во неделата а следните престави се во Bankstown Polish Club (11 East Terrace Bankstown) на 11 ноември во 2 и 7 часот и во Wollongong во Sun Lounge Centre (8 Stewart St. ) на 25 ноември во 6 часот.

Иван Трпоски

MySunshinePosterA4-22092017

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.