|
|
39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ! |
Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат, во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа добротворната забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 27 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште. Покрај, студентите и родителите на забавата присуствуваа и: претседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Г-от Алберт Вела, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Г-та Љубица Талеска , координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Г-та Анѓела Лирис, како и претседателката на МПУО за НЈВ- Г-та Жаклина Михајлова. Во своето обраќање до присутните, госпоѓа Михајлова истакна дека „ Културата на еден народ се одржува преку јазикот и тој е единственото нешто преку кое можеме да ги пренесеме и задржиме нашата историја и нашиот идентитет овде во Австралија. Вие, почитувани матуранти, носите две култури и тоа е големо богатство, вие имате големи вредности и притоа им помагате на луѓето околу вас овде во Австралија да дознаат која е Македонија. А, Македонија е лулка на културата. Ние, Македонците сме домородци на светот и имаме света крв. Затоа примарно е да си ги зачуваме корените и јазикот, наш македонски “, истакна Михајлова. Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата која ја доделува Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, - Авионска карта за Македонија, овојпат за најсреќниот матурант кој најмалку 5 години го изучува македонскиот јазик во средното образование. Среќата ѝ се насмевна на Цветанка Марковска, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија. Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна. Вечерта свиреа членовите на “Група без име“ кои забавата ја направија незаборавна и весела. Водители на вечерта беа учениците од 11 година Емили Касовска и Филип Менчевски. Матуранти 2017 Од Центарот Bankstown: Кристина Блажевска, Натали Богоевска, Константина велковска, Јован Гашоски, Елена Димовска, Андреј Дунимагловски, Стивен Ѓорѓоски, Изабела Илиоска, Цветанка Марковска, Сара Милојковска, Вероника Превска и Александра Стојановска Од Центарот Kogarah: Џонатан Апостоловски, Марија Грозданова, Мелани Козаровска, Владимир Лозановски, Кристина Неданоска, Шанел Нешкоска, Тијана Петреска, Анастасија Ристовска, Мелани Спасевска, Џасинта Талевска, Климент Трајчевски Катрина Лиговска. Од Центарот Smith Hill: Ана Марија Анѓелковска, Стевче Димески, Мартина Дулеска Им честитаме! Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на: PAYMENT METHODS DIRECT DEPOSIT Account Details: Macedonian School Council
Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description. CHEQUE Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216 |