Среда, 15 Ноември 2017   
Смилевскиот конгрес и илинденското Крушево (9)

smilevo

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Илинденско Крушево e запишано со светли букви во историјата на македонскиот народ. Тоа е град во западниот дел на Република Македонија. Тоа е градот на Крушевска Република во кој е изграден познатиот споменик Македониум. Крушево се смета за типично планинска гратче, кој има просечна надморска височина од 1350 метри, а со тоа, го држи приматот за највисоко гратче на Балканскиот Полуостров.

Крушево е во категоријата развиени и организирани градски населби која е формирана на крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. За формирање на Крушево како урбана населба, покрај Македонците, најзначително е доселувањето на православни Власите од Москополе на крајот на XVIII век и од планината Грамос, во почетокот на XIX век.

Заедно со Власите се пресели и една мала група православните Арбанаси на Јужна Албанија. Власите се познати како успешни градители, трговци, кираџииi, занаетчии и печалбари. Но, во процесот на економскиот и културениот развој на населбата, како и во организираното живеење биле вклучени и македонските Мијаци од Реканскиот крај кој се познати и успешни градители, резбари, зографи и иконописци.

По Смилевскиот конгрес крушевските револуционери најактивно се подготвувале за востание. Особено големо внимание било посветено на воените подготовки и на вооружувањето. Тука спаѓал и умешно подготвениот воен план за заземање на Крушево. За поуспешно опфаќање на сета вооружена сила се спровела раслределба на револуционерни одреди под раководство на опитни војводи. Секој одред добил точно определен пункт во градот, каде што според оперативно-стратегискиот план требало да се изврши планираната операција за заземање на градот.

За сета подготовка на востаничките операции за заземање на градот се грижело Горското начелство, кое (согласно на решението на Смилевскиот конгрес) се формирапо во Крушевскиот реон. За началник бил избран Никола Карев (1877-1905), истакнат македонски социјалист, кој се приклучил кон револуционерното движење. Непосредно пред востанието, Горското начелство слегло во Крушевската Рамнина и извршило распределба на револуционерните сили. По ова сите војводи со своите чети се собрале во Биринската Корија и биле издадени последните упатства за изведување нападот на градот.

Штабот на Горското начелство објавил специјален проглас со кој се означил почетокот на востанието. Во прогласот се повикувале крушевчани да се кренат на востание за извојување на слободата. Прогласот завршувал со извикот: „Да живее Македонија".

Востаничките акции за заземање на Крушево започнале ноќта, на 2 август 1903 година. Најпрвин, одредените револуционери со секири ги пресекле телефонските столбови надвор од градот. Потоа започнало изведувањето на тактичкиот план за заземање на градот.

Нападот врз градот се изведувал ло важните клучни точки и тоа на: касарната, поштата, општината и на други установи и полициски објекти. Ова умешно содејство на крушевските востаници ги присилиле османлиските војници на панично бегство. Но, најсилен бил нападот врз касарната. Борбата траела целиот ден и најпосле касарната била запалена

smilevo2
Смилево

Борбите продолжиле и на 3 август. Тој ден крушевските востаници и револуционери наполно го ослободиле својот град. Со тоа, целосно била обезбедена победата. Тој голем чин претставувал голем настан. Во него се изразиле вековните желби за слобода и создавање на своја сопствена држава. Оваа вековна желба за прв пат по Самуиловата држава и по создавањето на слободните територии во време на Крушевското востание, била остварена во тоа македонско живописно катче.

Ослободувањето на Крушево по петвековната османлиска власт претставувал голем чин на Илинденската револуција и забележителна страна во историјата на овој планински град. Затоа, првата задача на револуционерите се состоела во обезбедување на слободната револуционерна власт. Притоа се пристапило кон избирање на револуционерни органи. Со оглед на тоа што Штабот на Горското началство ја претставувал воената власт на градот, било неопходно роапизирање на поставената цел за изградување на сопствената народна власт. За изборот на органито на Револуцијата било свикано Собрание на истакнати граѓани, лретставници на сите народности во градот. Ова Собрание го сочинувале 60 личности. Се смета дека тие го сочинувале Советот на Републиката, бидејќи само ваков висок орган можел да ја прогласи Републиката и да избере нејзин Претседател, во лицето на Никола Карев.

smilevo3

Инаку, Крушевската Република била вистинска демократска држава. За подобро одржување на новата македонска народна власт во Републиката, населението било вооружено и градот утврден со длабоки ровови, се отвориле работилници за оружје и муниција, а особено е важно црешовото топче. Биле отворени болници за болните и ранетите, пекарници за леб и др.

Претседателот на Крушевската Република Никола Карев за да ја објасни праведната борба, го објавил Крушевскиот Манифест, кој покажува дека борбата на македонскиот народ била не само „Македонија на Македонците", туку борба за слобода на сите понижени и обесправени во Македонија, без разлика на нивната вера и нација. Исто така, манифестот ги советувал муслиманите да не се борат против Македонците, оти тие, исто така, биле поробени од Турците.

Во продолжение ја претставиме поемата „Илинден 1903“ од големиот патриот од егејскиот дел на Македонија кој својот живот го помина во Торонто, Канада, доблесниот иселеник Стефан Л. Букчев. Тој беше еден од најактивните членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е дел од Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто

ИЛИНДЕН 1903

Пет векови цели робуваме ние
македонскиот народ по зандани гние.

До кога мили браќа ќе трпиме стига
верна дружина на востание се дига.

Делчев војвода народ припрема
во туѓа помош надеж тие нема.
На нога се крева народ херој
турско ропство не трпе тие.

Пушки пукаат земја горе
Империја се тресе народ се бори.

Во горниот Пирин Зандански царува
во бурниот Егеј Делчев бунтува.

Шуми Вардар и хајдучки песни пее
на Шар Планина комитско знаме се вее.

Бомби тештат обруч се стега
турскиот аскер во паника бега.

Питу и Ѓорче се борат смело
и Груев је жив во свештеното дело.

Атентатори од Велес во Солун пристигаа
Отоманската банка, во воздух ја дигаат.

Нека чуе Европа и западот цел
слобода бара Македонецот смел.

Во Крушево Карев Република стори
Европа се мисли и планови крои.

Султанот беснее и лири дава
Гоце го бара и неговата глава.

Но Долчев војвода клетва си дава
во турски раце жив се не дава.

Со вера во гради за светла иднина
од куршум пронижен Гоце паѓа.

Со ура во уста смрт или слобода
за Македонија жртвува Делчев војвода.

Македонија ќе жали за синот херој
а Делчев е жив меѓу народот свој.

Стефан Л. Букчев (Канада)

(Песната „Илинден 1903“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 97 и 98.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.