Среда, 22 Ноември 2017   
Прогласување на Крушевската Република (10)

ilinden10-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Прогласувањето на Републиката, позната како Крушевска Република, како што е влезена во историографската и во политичката литература, претставува настан од првостепено значење. Таа била поставена на „длабоко демократски и републикански начела" и претставувала прва ваква држава на Балканот со многу напредни примеси.

Крушевската Република е опишана во  делото „Илинден 1903-2003 и македонските иселеници“ од авторот на овие редови, Славе Катин. Ова дело е посветемо на големиот јубилеј Илинден и претставува издание од посебен вид во македонската иселеничка историографија. Во него е остварена еден вид синтеза на историската борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода во текот на цел еден век, крунисан со неговата самостојна и независна држава - Република Македонија. Во тоа борба за опстојување, секако се активно вклучени и македонските иселеници од сите делови на Македонија кои живеат насекаде во светот.

Така, во ова дело се вели дека за првпат по величествената Париска Комуна се изградува држава на револуционерно -демократски тип. Покрај високите органи, се пристапило и кон формирање на комисии за: снабдување, исхрана, внатрешен ред и поредок, облека, здравство и финансии. Бил избран и воен суд.

Формирањето на народната револуционерна власт во овој организационен вид, а и по својот револуционерно-демократски карактер, Републиката во многу својства потсетувала на револуционерната власт на Париската Комуна. Тој спроведувачки елемент превосходно се согледувал и во револуционерниот проглас на Републиката, таканаречениот Крушевски манифест.

Тој ги озаконува високите цели на Револуцијата, на Крушевската Република, која Димо Хаџи Димов ја нарекол - „величествена Крушовска федерација". Тие цели се вообичаени во демократските и слободарските принципи за остварување на суверените права на македонскиот народ и на народностите. Во Манифестот најречито биле изразени програмските лозунги на народно-демократската револуција. Тој Проглас - Манифестот бил пишуван на народен македонски јазик и во него со восхитена убава реч се изразени високите начела на македонската револуција, доследната револуционерна борба на сите потиснати, нивните демократски принципи за братство меѓу народите.

Доследноста кон прокламираните револуционерни принципи била изразена преку конкретно спроведување на револуционерната власт со експропријација на установи потребни за одбраната, попис на стоката, распис на востанички данок, вооружување на сето население - со оружје, муниција, изработка на црешови топчиња, со изградување на поштенската служба, со мерки за утврдување на градот и подготовка на населението за одбрана, со обиди за неутрализирање на муслиманското население во околните села исо други револуционерни потфати, со што навистина се остварувале државотворните начела на слободната Крушевска Република.

Крушевската Република, родена во времето на Илинденската револуција, покрај обезбедената слобода не можела да опстане во тогашната констелација. Потпрена на своите сопствени сили, а наоѓајќи се во разговорот на Востанието, кое ја опфати цела Македонија, не можела подолготрајно да ги ужива благодетите на очекуваната слобода.

nikola-karev-goce-delcev
Никола Карев, 
Гоце Делчев 

Републиката во Крушево и другите ослободени востанички места и слободни територии во Македонија, не можеле да се спротивстават на османлиската контраофанзива, која веднаш започнала да се организира за уништување на Востанието, зафаќајќи поголем простор десет дена по прогласувањето на Илинден.

Најголем лроблем за османлиската солдатеска претставувало заземањето на Крушево. Кон 9-10 август 1903 година османлиските сили го започнале походот кон градот и неговото опкружување. Главнината на војската се наоѓала под командата на Бахтијар-паша. Таа се движела од Прилепско Поле кон Крушево и се состоела од 10.000 војници, придружена со артилерија. Војска доаѓала и од другите правци и го опкружувала градот, броејќи до 20,000 војници.

Наспроти големата османлиска сила се наоѓале крушевските востаници и револуционери, на број од 1.200 души. Тие биле распоредени по должината на  линијата за одбраната на градот.

По одбивањето на османлискиот ултиматум за предавање, Горското начелство решило да се брани градот. Од 12 август натаму се одвивала крушевската епопеја за одбраната на Релубликата, во која, покрај силниог притисок на војската и на нејзината казнена експедиција, бил даден силен и херојски отпор од крушевските востаници и револуционери.

Силниот настап на војската од сите страни предизвикал дилеми на Штабот на Горското начелство за натамошна одбрана на градот или за негово напуштање. Во тој херојски отпор настанала нова крушевска епопеја - епопејата на Слива и Мечкин Камен. Револуционерната саможртва за одбрана на Републиката најсилна била кај Мечкин Камен: Питу Гули, големиот крушевчанец, на чело на својот одред го жртвува својот живот.

Така заврши епопејата на Крушево. Истиот и следниот дан солдатеската со репресалии, масакрирања и грабежи го разиграа својот жесток бес врз слободољубивиот крушевски народ. Тогаш, во пламенот на крушевската револуција, самородниот, илинденски поет на Крушево Нашку Лози, на 20 август, непосредно по катастрофата, ја напишап својата песна „Писокот на Крушевчани" за да ја овенча славата на слободата, за да ја воспее тагата на поразот.

Илинденското востание и Крушевската Република биле скапо платени со крвта на македонскиот народ. Турската власт повторно се вратила по селата и уште повеќе пораснала тиранијата. ВМРО не се откажапа со раководењето на понатамошните борби за ослободување.

Иако недоволно подготвено и предвремено кренато, Илинденското востание има големо значење за историјата на македонскиот народ. Тоа покажало дека македонскиот народ ја сака својата слобода и независност. Македонците му покажале на целиот свет дека се посебен народ и дека сакаат своја држава, како што тоа го имале и другите балкански народи. Но, тие соседни држави не го сакале ослободувањето на Македонија од самите Македонци, туку со нивна помош, за да може секој од нив повторно да ја пороби.

Таквите планови на соседите ги знаеле водачите на ВМРО и сакале ослободувањето на Македонија да биде од самите Македонци, та никој да не рече дека не’ ослободил, па може да не владее. Затоа, скоро сите со таква идеја биле убиени и не ја дочекале слободата на Македонија. Некои и пред востанието, а повеќемина по него.

Така на пример, легендарниот водач на ослободителното дело на македонскиот народ, Гоце Делчев, бил предаден и убиен и со неговата смрт многу се измениле подготовките за востанието.

Во Солун се одвивала сета македонска прогресивна активност, преку гемиџиите - атентатори, до развиена револуционерна активност која продолжила и трае се до денешни дни. Во 1915 година бил убиен и „Пиринскиот цар" Јане Сандански, еден од последните револуционери доследни на илинденскиот идеал.

meckin-kamen
Мечкин Камен

Откако Турците биле истерани од Македонија, по Балканските војни, соседните држави Бугарија, Грција и Србија ја разделиле меѓу себе. Македонија не можела да се ослободи сама во тоа време борејќи се против три поробители, но желбата за слобода никогаш не згасна.

Илинденското востание и Крушевската Република биле поразени. Но, во нив македонските широки народни маси излегле морални победници. Тие служеле како поука и искуство во натамошниот револуционерен самостоен пат во борбата за конечно национално и социјално ослободување. Затоа, Илинденското востание поконкретно, имало типичен народан карактар и претставувало историски пиедестал за изградување на идната македонска слобода.

Заедно со Крушевската Република тоа ја зрачело поновата македонска ослободителна епоха, ја определувало насоката и историската перспектива во остварувањето на натамошната борба за македонска национална државност, со која се здоби со АСНОМ, по 41 година од Илинденското востание.

Во продолжение ја поместуваме песната „Илинден“ од Бошко Рајчовски-Пелистерски, истакнат иселеник од Детроит и од Флорида, организатор, радио новинар, поет и публицист, кој половина век го води Македонскиот радио час „Оро македонско“ од Детроит и Чикаго.

ИЛИНДЕН

Во нашите очи твојата виделина и твојот мрак течат
Како река, како виножито што болно гали.
Илинден, легендата ни ја краде онаа твоја вечер,
Духот што им го крепи на сите мали.

Илинден, една топла ѕвезда што уште долго ќе гори.
Над Крушево, во раскошот на едни вечни бои
Илинден, твојата утеха како единствен пријател збори
Со едно пламнато знаме во вените мои.

Бошко Рајчовски - Пелистерски (САД)

(Песната „Илинден“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 188.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.