Среда, 22 Ноември 2017   
Разговор со: МЕНА РИСТЕВСКА од АМТС

mena-risteska-1Повод на разговорот е Мена Ристевска, познат преведувач, која е присутна во македонската заедница повеќе години и активно (во сенка) е вклучена во Литературното друштво „Григор Прличев“ и во Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Поради нејзината скромност малку се пушувало за неа, но нејзиното резаме ни покажува дека Мена е личност за која доправо ќе се слуша.

Родена е во Полска од родители деца бегалци (избркани) од Егејскиот дел на Македонија каде судбината ги натера токму во Полска да го створат своето семејство. Поради желбата да се биде во Македонија, семејството Поповски се населија во Битола. Потоа следеше повторно откорнување во далечната 1978 год. кога Мена одлучи да се исели во Австралија и да оформи семејство со Душан Ристевски. Уште наредната година ја започна преведувачката кариера и досега има работено во повеќе државни установи како толкувач, предавач на курсеви за преведувачи, титлувала филмови за СБС. Преведувала и повеќе стотици страници на материјал за здравството, просветата и правото. Дипломира (1990) на универзитетот Маквари во Сиднеј во полето на лингвистиката, а потоа продолжи со посдипломски студии и се здоби со диплома за судски Посредник (1998). Течно зборува српски/хрватски и полски јазик.

Како ја започнавте својата кариера во Театарот?

Татко ми беше фотограф и уште од најмали години бев изложена на влијанието на камерата, фотографирање и филмување. Уживавме да одиме на кино и да ги гледаме последните филмски проекции. Театарот и сцената отсекогаш ме привлекувала но никогаш не сум ја имала таа можност во Македонија. Во Сиднеј, преку Австралиско македонскиот театар за прв пат стапив на цена во драмата „Стари и весели“ во 2009 година каде имав две мали улоги. Тоа беше музичка комедија и беше доста занимливо да се учествува. Имав мала улога и во „Раскол“. Подоцна ми беа понудени две улоги во „Борење со мечка“ за една специфична и корисна тема што ме правеше стреќна да земам учество. Со оваа драма бевме на турнеја и во Македонија. Потоа следеше посериозна улога во „Куферот“ каде ја играв Зои. Во драмата „Сонце мое“ ја толкувам улогата на Наташа.

mena-risteska

Со улогата на Зои во „Куферот“ ја добивте наградата Александар Македонски за најдобра придружна улога

Да, таа ми беше првата улога која навистина уживав да ја глумам. Тука е прикажана една жена која на секој начин се обидува да си најде посебно место во едно македонско семејство соочено со разновидни проблеми. Бев пријатно изненадена што жири комисијата ми ја додели таа награда.

„Сонце мое“ е најнова продукција на АМТС во неа ја играте Наташа

Улогата што ја играм е доста трогателна и напорна бидеќи бара многу од самиот актер. Наташа е помлада жена која има развојни попречености и разбирливо има специфични потреби. Многу е поврзана со нејзината постара мајка. Карактерот требаше да го проучувам и да дознам повеќе за лицата со попречености за веродостојно да го толкувам. Мислам дека публиката ќе извлече доста поука од животот на Наташа и нејзината мајка и старател.

mena-risteska-2

Порано пишувавте песни и раскази за кои добивавте и награди. Дали работите на издавање на книга?

Мои песни се застапени во антологијата „Видици“ (1984) и (1988), а во минатото песни и раскази имам објавувано во списанието „Повод“ што се издаваше од Литературното друштво „Григор Прличев“.

Повеќе сакам да пишувам раскази, а некои од нив беа наградувани на наградниот конкурс за Прличева награда. И понатаму пишувам раскази и текстови за кои се надевам дека еден ден ќе ги издадам во книга. Но тоа никогаш за мене не било приоритет. Некои од расказите сакам да ги претворам во дијалог и да ги понудам како драмски текстови кои подоцна би можеле да се стават на сцена.

Што е во план после „Сонце мое“?

Зависи што ќе се припрема од АМТС и каква улога ќе ми понудат. Учеството во театарот се претвори во мое хоби и ме прави среќна што сум дел од театарската група. Мислам дека ќе следи драма со национални обележја, со актуелни теми, блиски до срцата на сите Македонци.

Драмата „Сонце мое“ последно ќе се прикаже во градот Волонгонг на 25 ноември во 6 часот во просториите на македонскиот Sun Lounge Reception Centre 14 Steward Street Wollongong.

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.