|
|
Одгласи на Илинденското востание во Велика Британија (12) |
„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“ Илинденското востание наишло на силен одглас сред јавноста на Европа и Америка. Илинденската ослободителна борба на Македонците била пречекана од меѓународната јавност со изразити симпатии и солидарност. Востанието претставувало настан од првенствено значење, За неговото актуелизирање најпрвин се ангажирал печатот. Преку него се ширела вистината за Македонија. Скоро целокуониот светски печат во помала или поголема мера го коментирала овој значаен настан. Големите новинарски куќи и агенциите имапе свои постојани или специјални дописници и известувачи во Македонија. Тие со своите извештаи придонеле да се запознае јавноста со состојбата во Македонија во времето на Востанието. Повеќето светски весници го окарактеризирале Илинденското востание како „општа револуција". Печатот во светот бил оној регулатор што придонел да се прошири интересот за илинденската македонска борба. Токму нелосредно преку печатот јавното мислење се запознало со борбата на Македонците и презело акција за посредно ангажирање во македонските работи. Во повеќето земји се формирале специјални „македонски комитети" за организирање на промакедонските манифестации Тие издавале прогласи и организирале митинзи посветени на борбата на Македонците и преземале собирни акции за помош на настраданите во востанието. Во оваа активност се вклучиле сите демократски и либерални кругови. Илинденското востание ја изненадило европската дипломатија. Империјалистичките големи сили и балканските капиталистички држави не се надевале дека револуционерниот потфат на македонските маси ќе добие такви размери. Големите сили заинтересирани за опстанокот на Османлиската империја, сметале дека се засегнати и нивните интереси и затоа инсистирале кај Портата за воспоставување на ред и мир. Презеле мерки за реорганизирање на османската армија и за поенергично дајствување во задушувањето на македонското востание. Започнало да се говори за полезноста од донесување на нови реформи, но за задржување „status kvo“ и без примена на воени интервенции. Се појавиле и различни планови за уредување на Македонија и тоа како автономна држава; федерација; самостојна држава; назначување на генерален гувернер и слично.
Тогаш, „најзаинтеросираните" држави: Царска Русија и Австро-Унгарија, донеле во Австрија на 2 октомври 1903 година реформи (Мирштетски реформи) кои само делумно ја „реформирале" состојбата. Биле назначени цивилни агенти за средување на администрацијата и воени претставници за реорганизација на османлиската жандармерија. Тоа било „привремен" лек за „немирна" Македонија, во која продолжувала борбата за национално и социјално ослободување. Во Британскиот парламент Илинденското востание се следело со жив интерес. Во Долниот и Горниот дом настаните во Македонија станале предмет на живи дискусии. Во она време на чело на Британската влада биле конзервативците, кои воделе протурска политика. Затоа и во Парламентот таа политика ја критикувале либералните пратеници. Така, на едно заседание одржано на 10 август 1903 година, либералниот пратеник Брајс поднел интерпелација до Владата, определувајќи се во полза на македонските револуционери. Одговорот на Владата, во кој бил заземен протурски став, предизвикал бура на негодување сред либералите, а и сред напредната јавност. Повторно прашањето за Македонија било подигнато на заседанието на Долниот дом на 14 август 1903 година. Прв зел збор либералниот пратеник 0'Конор, кој говорел за востанието во Македонија, за односот на турската солдатеска и масакрот над македонскиот народ. Тој го допрел прашањето за критичната состојба во Македонија и одговорноста на силите, особено на Британската влада. Тој истакнал дека „симпатиите на оваа земја се со угнетените, а не со угнетувачите". Тој го подвлекол сочувството на британската јавност со борбата на Македонците за слобода. Пратеникот 0'Конор ги навел податоците за масакрот на македонското население и за анархијата во Македонија, за што била одговорна Британската влада. На крајот тој рекол дека „народите на Европа јасно гледаат дека треба да се ослободи народот во Македонија".
По пратеникот О'Конор говорел пратеникот Брајс, кој го поддржал и ја нагласил тешката положба во Македонија. Тој пледирал за поголема и енергична акција на силите, а како што самиот нагласил „...за елиминирања на турското господарство на овие територии, со давање на народот шанса со автономија и слобода да стекне среќа и просперитет". Слична дебата либералите воделе и во Горниот дом. Дебатата во Парламентот имала силен одглас, како во самата Британија, така и надвор од неа. Со големо одобрување во јавноста биле дочекани истапувањата на либералите. Тоа и било повод да се развие уште поголема агитација во полза на Македонското ослободително движење. На 17 август 1903 година, во Лондон се одржал голем митинг во полза на македонскиот народ. Била донесена Резолуција во која се барапо укинување на директното управување на турскиот султан со македонските провинции. Уште со самиот початок на Илинденското востание, во Велика Британија биле преземени низа промакедонски акции. Јавноста била возбудена од настаните во Македонија и апелирала за преземање чекори за организирање промакедонски манифестации и помош на Македонците. Дебатите во Парламентот имале силен одглас во британската јавност. Тоа придонело уште повеќе да се зголемат симпатиите кон праведната борба на македонскиот народ. Биле преземени низа чекори и за организирано оформување на промакедонски акции. На чело на овие акции застанал „Македонскиот комитет" кој бил основан непосредно пред започнувањето на Илинденската епопеја во 1903 година. Членовите на овој Комитет развиле широка активност во полза на Македонците низ цела Велика Британија. Преку специјални публикации тие го популаризирале Македонското ослободително дело. Најголем ангажман овој комитет имал во организирањето митинзи низ цела Велика Британија во полза на Македонската ослободителната борба. Биле одржани над 200 митинзи во сите краишта на Велика Британија. На сите тие митинзи британскиот народ ја изразувал солидарноста со ослободителната борба на Македонците. Биле донесувани Резолуции во кои се барало најефикасно решение на кризата со интервенции на големите сили и донесување најпогодни реформи за решавање на маквдонското прашање. Речиси, во сите Резолуции се барала автономија на Македонија и назначување на европски гувернер под заштита на големите смли. Највеличествен митинг во полза на Македонија бил одржан на 17 август 1903 година во Лондон, во салата „Џејмс Хол". Продолжува
|