Среда, 13 Декември 2017   
Во Дубаи – новата светска метропола (13)

dubai13-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ОБЕДИНЕТИ  АРАПСКИ ЕМИРАТИ

Патувањето од Македонија за Обединетите Арапски Емирати го започнавме во едни студени декемвриски зимски денови кога насекаде се чув­ствуваше дека снегот е пред прагот на балканските простори. Беше понеделник, ден Гос­подов. На аеродромот во Цирих вриеше како во кош­ница. Пред полноќ, кога ги завршивме царинските и другите процедури се најдовме во меѓународната зона на аеродромската зграда. 

А, таму многу патници кои брзаа кон своите дестинации речиси од сите држави, раси, бои, на­ро­ди… Меѓу нив имаше десетина патници од Ма­кедо­нија. Ние со нетрпение ја чекавме најавата за зами­ну­вање на авионот за Дубаи, кој потоа продолжуваше за Австралија – далечната „непозната“ земја на Јужниот Пацифик.

Ја извршивме царинската обврска и се упативме кон авионот, кој заедно со патниците повеќе личеше како да е големо село. Имаше неколку стотини патници: и бели и црни и стари и млади… Нашите седишта беа во близината на про­зо­ре­цот до една Унгарка, мажена за Италијанец, која за првпат би­ла на посета во родната земја кај своите, во Будимпешта. Таа зборуваше течно англиски и ита­лијански јазик и веднаш разврза муабет за нејзините роднокрајни средби и разделби. Исто така, се пофали дека во Сиднеј имала пријатели Македонци од Леринско, па дури научила и неколку македонски зборови, кои ни ги повтори неколку пати.

Домаќините во авионот не угостија со пиење и јадење и со муабет, а пред сѐ поради спротивната насока од движењето на Земјата, не почувствувавме кога летна ноќта. Бргу се раздени и започна еден нов ден на Истокот. По пет и пол часа летање, авионот ги надлета Обединетите Арапски Емирати. Во Заливот можеа да се видат многу бродови, а на копното во не­по­сред­на близина на брегот го­лем број рафинерии и нафтени полиња.

Авионот меко се спушти на пистата на аеродромот во Дубаи, градот што се простира во полупустинскиот дел. И лево и десно се гледаше само песок, а можеа да се видат и за­бележат контрастите на животот: од пустински де­лови, до прекрасни оази како рај на поднебјето.

Се поздравивме со нашата сопатничка која патуваше за Сиднеј, го напуштивме авионот и се упативме кон пасошката и царинската контрола. На из­ле­зот од авионот кон пристанишната зграда нè пресретна топол пустински воздух. Температурата на воздухот во утринските         ча­сови беше како да сме се нашле сред лето, а во аеродромската зграда, восхитуваше      асор­ти­манот на стоките, светските брендови и љубезните и убави про­да­вачки. Таму видовме повеќе вработени од женски пол, кои можеа да се препознаат дека се муслиманки, бидејки носеа шамии, но сите зборуваа течно англиски јазик.

Ги завршивме потребните контроли и со такси-возилото што беше на ред се упативме кон хотелот. Љубезниот таксист кој, исто така, зборуваше течно англиски јазик нè информира дека во Дубаи сите такси-возила се дел од државниот апарат, дека тие добиваат плата и се обврзани да покажат максимум љубезнот, коректност и сигурност кон патниците. Младото момче се трудеше да ни објасни многу работи и да не воведе во големото чудо што се вика Дубаи, кој е предизвик и за градежниците и за бизнисмените и намерниците и за светските патници кои го посетуваат овој убав град и по многу нешта карактеристична метропола во пустината.

dubai13-2

По половина час стасавме во хотелот кој беше со 4 ѕвезди, се сместивме во една прекрасна голема соба на четврти кат, а потоа излеговме да ги видиме просториите во хотелот и да се запознаеме со околината. Вработените во хотелот беа мошне љубезни, ни подарија поголем број проспекти за градот и околината, со цел како туристи да се запознаеме со сето она што не интересира за градот, со културно-историските споменици, плажите...

Инаку, првата асоцијација кога се стапнува на почвата на Обединетите Арапски Емирати се богатите полиња нафта, шеиците со скапи автомобили, раскошните хотелски капацитети, космос-архитектурата која стана заштитен знак во тој дел на азискиот континент, а со некои градби и во планетарни рамки и секако, непрегледните пустински песочни пејзажи.

Во литературата прочитавме дека од седумте емирати кои ги сочинуваат ОАЕ, најголем е Абу Даби, заземајќи близу 90% од целата територија на оваа богата земја. По некое парче од останатите проценти им припаѓаат на уште шесте останати емирати – Аџман Дубаи, Фуџера, Рас Ел Хајма, Шарџа и Ум Ал Кајвејн.

На географскиот атлас, Обединетите Арапски Емирати се наоѓаат во југозападна Азија кај Персискиот Залив а граничните линии ги делат со Оман, Саудиска Арабија и Катар. Најголемиот дел од територијата ја прекриваат пустински предели, додека највисокиот планински врв Јибир (1527 метри), речиси е за помалку од половината повисок од највисоката зграда на светот Бурџ Калифа, која, кога сте на нејзината платформа и пред влезните врати, погледот доста тешко ја фаќа целината одоздола. Бидејќи колку и да го истегнете вратот напрегнувајќи се да фатите некој метар од тие последни височини, дали едвај ќе ви успее, бидејќи овој колос, чиниш го допира небото.

dubai13-3
Дубаи

Интересно е да се спомене дека само пред еден - два века, пирати од тој дел на светот ги напаѓале корабите што пловеле под британско знаме во персиските води и Индискиот Океан. И сè било така, додека Британското Кралство во 1819 година со повеќето договори не ги стави земјите од Арапскиот Полуостров под своја капа, пред сè, одбраната и надворешната политика. Кога заврши британската доминација, тогаш слободните земји се определија за свој развоен концепт како Бахраин и Катар. Додека седумте емирати, заедно, обединети, креираа сопствен модел на живот и иднина.

А во самостојноста како да се распредели власта меѓу двата најмоќни емирата, се воделе дискусии и се барале модалитети. По цели десетина години ривалство и нејаснотии, најдено е соломонско решение. Функцијата претседател ја зазема емирот на Абу Даби, додека  функцијата премиер е доделена на емирот на Дубаи. Во државата има вистинска мултиетничка шареница. Голем дел од населението се Индијци, локални Арапи, Иранци и Персијци а дојденци од регионот на Јужна Азија има веќе повеќе од половината од сите тамошни жители.

Секој емират има своја автономија, своја влада, карактеристични белези и други посебности, но колку што се различни, толку се и слични со тие од останатото емиратско семејство. Затоа често се вели дека владеењето на државата е во вид на пирамида и претставува убав пример и за другите земји во светот, кои на свој начин и модел сакаат да го заштитат богатството и да ја обезбедат иднината на својот народ и својата држава.

На површина од 83.600 километри квадратни, живеат околу два и половина милион жители, од кои една третина се во метрополата Дубаи. Или близу 90 проценти се во градовите, бидејќи во пустинските сурови услови се знае колку може да се опстане. Сепак, има и помали населби кои се навикнале на животот на работ од пустината.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.