|
|
Одгласи на Илинденското востание од Америка до Австралија (14) |
„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“ Одгласите за Илинденското востани во светот биле големи и различни. Така, „Ноје Фрајс Пресе" од 14 август 1903 година јавил дека востаниците тогаш имале еден постојан центар во Крушево и укажал за свирепост слрема муслиманското население и дека и Грците се свртувапе заедно со турските власти против востаниците. Потоа весникот го дап своето мислење за декларацијата која им била поднесена од востаниците на претставниците на големите сили во Софија. Коментаторот мислел дека востаниците ги свеле своите барања на тоа да се постави христијански гувернер во Македонија, бидејќи потполна автономија би значела борба на сите против сите. Весникот ,Ди Цајт" (Die Zait) објавил: „Во Македонија се работи за еден народ кој го користи правото на самоопределување, она право кое јa измени темелно картата на Европа во 19 век. Тие го бараат ослободувањето од турското туѓо господарство и се повикуваат на членот 23 од Берлинскиот договор, кој го гарантираат, меѓу другите и Австро-Унгарија и Русија. Македонците, всушност, не бараат ништо друго, дури и помалку од она што го остварија пред нив Грците, Србите, Бугарите и во најновото време Критијаните, Само што кај овие секогаш требало да се води крвава војна. Но, македонскиот проблем големите сили сакаат да го решат без нарушување на мирот. Тоа е хуманитарна цел, за која зборувал рускиот цар во својата здравица. Брзо ќе се види дали двајцата државници кои сега се советувааат во шумската самотија на Мирштег, најпосле ќе ги најдат најпогодните средства и дали ќе знаат да ги спроведат. Навистина е крајно време". Во САД започнала да се шири вистината и за Внатрешната македонска организација. Со најголемо внимание и впечаток било примено пишувањето на њујоршкиот весник ,Д Ивнинг Поуст" (The Evening Post) кој истакнал: „ВМРО е едно тајно здружение на револуционери. Главата на Македонската организација не е ништо друго, туку тaен избран сенат од народот на една забранета република. Во средината на Турција, во срцето на една управа што се распаѓа, се јави една непогрешна организација, којашто всушност е, исто така, совршена, како што има еден слободен народ, што сам се управува. Има македонска полиција, училишта и весници и македонска пошта - има се’, иако турската влада прави големи усилби да ја уништи..." Таквотопишување послужило како еден аргумент повеќе за афирмацијата на македонското ослободитолно дело ширум Новиот свет. Во Аавстралија, една тема којашто ги исполнувала надворешно - политичките страници на дневните весници речиси, без сомнеж, глобално, било Илинденското востание. Таа не можела а да не биде присутна и на страниците на австраписките неделни весници. Во текот на 1903 година на територијата на Австралија излегуваат два позначајни неделни весници: ,Д Таун анд Кантри Џрнал" („The Town and Country Journal“) и ,Д Сиднеј Меил" („The Sydnney Meil"). Така од август до септември 1903 godina, сите прилози објавени во овие неделници биле нагласени дека се испратени телеграфски и тоа од нивните постојани дописници од Лондон. Првиот текст што го објавил „The Town and Country Journal“ за избувнувањето на Илинденското востание бил во бројот од 12 август 1903 година и бил озаглавен со: „Востание на Балканот" (Insurrection in the Balkans). Во прилогот се вели: „Со динамит е дигната во воздух кралската касарна, во Крушево и при тоа се убиени 50 турски војници. Десет илјади востаници оперираат во Битолско и уште десет илјади во околината на Костур. Востаниците се добро вооружени, имаат многу пари и со дигање на Востанието ги фатија Турците на спиење". Исто така биле споменати неколку вооружени судири, како и убиството на рускиот конзул А. Ростоковски во Битола. Следниот прилог посветен на Востанието на овој весник бил од 19 август 1903 година и речиси бил двојно поголем од претходниот. Прилогот овој пат бил озаглавен со „Востанието во Македонија" (Rebellion in Macedonia) и бил повторно од постојаниот дописник на весникот од Лондон. Карактеристично за овој прилог, како и за претходниот и сите последователни текстови на тема Илинденското востание биле дека, всушност, тие се комлилација на повеќе агенциски извештаи на разни теми и настани. Преку извештајот австралиската јавност се запознала и со егзекуцијата на убиецот на рускиот конзул А. Ростоковски и одбивањето на неговата вдовица да прими компензација (оштета) од Портата, поради убиството на нејзиниот сопруг од страна на турски војник. Весникот „The Town and Country Journal“ и во бројот од 9 од септември 1903 година објавил прилог за настаните во Македонија, овој пат озаглавен само со „Балканот" (The Balkans). Се говорело и за повеќе судири и големи загуби на двете страни, како и за злосторствата на турскиот аскер. Вториот австралиски неделник којшто во текот на 1903 година пишувал за Илинденското востание и воопшто за настаните во и околу Македонија бил „The Sydney Mail". Тој прв пат пишувал за избувнувањето на Илинденското востание во бројот од 12 август 1903 година и тоа во пет лрилози. Првиот прилог, според дописникот на овој неделник од Лондон, бил компилација на повеќе информации од разни извори. Во него се истакнувапо дека Востанието се ширело кон Скопје и Солун. Во Битолско, според овој неделник што се повикувал на лондонски „Таимс" (Times) имало 10 илјади добро вооружени востаници. Се вели, исто така, дека во Битола бил убиен рускиот конзул А. Ростоковски. Во вториот прилог била дадена констатацијата за извонредно големиот впечаток што бил направен во Стамбол по пристигнувањето на телеграмата (извештајот) на генерапниот инспектор за Македонија, Хилми - лаша, во која се констатирал почетокот на општото Востание во Македонија. Во бројот на тој неделник од 26 август 1903 бил објавен прилог од неговиот постојан дописник од Лондон под наслов: „Востанието во Македонија". Дел од прилогот се однесувап на притисоците што ги вршела Русија врз Турција, а во полза на Востанието во Македонија. Претставено било и заземањето на Крушево од Турците на 14 август при што, според конзулски извори 22 села биле запалени, а 8.000 лица останале без покрив на глава. Следната среда, на 2 септември 1903 година ,Д Сидни Меил" (The Sidney Mail) донел осврт за ситуацијата во Македонија. Во него се наведувапо дека Македонскиот комитет му предложил на Султанот план за прогласување на автономија на Македонија во рамките на Отоманската империја, а под гаранција на Европските сили. Опишани биле и повеќе воени дејствија на обете страни, а се споменувал и податокот дека во Одринско се проценувало дека имапо 6.000 востаници. Во врска со темата Илинден 1903 во австралискиот печат опширно се осврнува м-р Мартин Треневски во неговите две дела. Првото „Илинден 1903 во австралискиот печат“, издание на Матица македонска од Скопје, 1998 стр 1-200, а второто дело е превод на првото дело на англиски јазик под наслов „The 1903 Ilinden Uprising in the Australian Press“ (Илинден 1903 во Австралискиот печат), во издание на Македонска искра, Скопје, 2007 стр.1-200. Илинденското востание зазело значајна страница во историјата на македонскиот народ. Според Димо Хауи Димов „тоа беше величествен израз на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода". Македонското национално - ослободително движење успеа да ги сплоти широките народни маси во едно цело, да го подигне револуционерниот дух, да го поведе народот кон вооружена борба, која така експлицитно дошла до израз во Востанието. Според него: „Ретко се наоѓа пример во историјата на другите народи да се соедини еден цел народ, една цела земја лод едно знаме и за една револуционерна цел во текот на неполни десет години. Тоа стана во Македонија, тој пример ни го даде македонскиот народ, откако го овенча со оној голем историски настан, што го викаме Илинденско востание." Илинденското востание претставува голема поука и искуство, редок и светол пример за натамошните борби на македонскиот народ за слобода. Тоа предизвика значајни последици во натамошниот развој на македонското национално - ослободително движење и на Македонија воопшто. Продолжува
|