Среда, 17 Јануари 2018   
Двата Илиндена – меѓници на Македонската држава (18)

ilinden18-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Гоишното чествување на стогодишнината од Илинденското востание и 59-годишнината од историското заседание на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), исто така на ден Илинден во 1944 година, во историјата на македонскиот народ, се од големо значење. Низ вековната ослободителна борба за самостојна држава, Илинден и АСНОМ претставувале континуитет на најсветлите слободарски идеали, што се пренесувале од една на друга генерација, со незгаснат стремеж да го задржат тој факел на слободата, запален од непокорот и немирењето со ропството наметнато со оружје и крв.

Во средиштето на целокупната политичка философија на македонското ослободително движење, секогаш како цел стоела државноста на Македонија. Од Разловечкото и Кресненското востание (1876 - 1879) и преку Илинденското востание и Крушевската Република (1903), до Првото заседание на АСНОМ (2 Август 1944) и Референдумот за самостојна Република Македонија од 8 септември 1991 година.

Кревањето на Илинденското востание на 2 август 1903 година, претставувал чин на масовен облик за отфрлање на ропството на Империјата и создавање самостојна политичка платформа. Тоа требало да доведе до државничка автономија, односно отворање нови насоки кон целосно заокружување на ослободителното движење во самостојна македонска држава, која според прогласите на народот, пледирала на граѓанска формула за сожителство со другите национапности, без притоа да биде загрозена неспорната - македонска нација.

Зашто, соседите на Балканот, и во Илинденското востание гледале можност за задоволување на своите „наследни" интереси од територијата на Империјата, во чиј состав се наоѓала Македонија. Софиските врховисти, во тој чин на македонскиот народ, кој преку познатиот Крушевски манифест ги повикал на востание сите угнетени, без оглед на националност и вероисповед, презеле се’ на востанието да му дадат неславан крај, со изјавите во светската јавност за нивната „незаменлива" улога, ако востанието било во нивна организација!

А, всушност, востанието го разгорувале над 30.000 востаници од македонското население, зафаќајќи една забележлива востаничка територија од околу 10.000 квадратни километри. Според оригиналните извори, најголеми успеси постигнале востаниците во и околу Крушево. Таму, Реонскиот штаб организирал претставнички, извршни и судски тела, управа која, всушност, ја претставувале единствената од овој вид на Балканот, Крушевската Република.

ilinden18-2

Управната структура на власта на Крушевската Република поаѓала од политичката платформа на една цела плејада македоиски револуционери, на чело со Гоце Далчев и Ѓорче Петров, со неразделните Даме Груев, легендарниот Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, претседателот на Крушевската Република Никола Карев и сите оние кои во таа ослободителна епопеја станале темелник на денешната македонска државност.

Нивната политичка философија, нивната револуционерност и нивното директно учество во таа македонска револуција што траела во континуитет, биле насочени, пред се’, кон зачувувањето на самостојноста на македонското ослободително движење, задржување на природната, економската, етничката, а во догледно време и државната целост на Македонија.

Меѓутоа, ваквите поставки не воделе само кон национална, туку и кон формулата за граѓанска држава. што секако не се исклучувале меѓусебно. Оттаму и то] висок степен на хуманистички пристап на Илинденското востание, кон севкупното население кое го носело во себе слободарскиот дух.

Бруталното задушување на Илинденското востание, подоцнежните настани на Балканот, Младотурската револуција, а потоа и Балканските војни, ги поттикнале великобуржоаските пропаганди спрема, и во Македонија, за делби, денационализација и асимилација на македонското население. За ново приграбување на териториите, што како природна географска, историска, етничка и економска целост, биле основните постулати на македонското ослободително движење.

Визионерството на идеологот на ова движење, соборецот на Гоце Делчев, Димо Хаџи Димов за Втор Илинден, бил новиот, идеолошки изграден лозунг, што мошне брзо бил преточен во нов револуционерен поттик и во организирана форма. Тоа било постигнато низ веќе осведочената и бескомпромисна антифашистичка коалиција на македонскиот народ и националностите во Втората светска војна, преку народно-ослободителни формации, ја доживеало својата кулуминација во текот на новото бугарско-германско окупаторско фашистичко ропство наметнато во 1941 година.

Самостојното ослободување во 1944 година било крунисано со претходниот чин од 2 август истата година, во манастирот „Свети Прохор Пчински", каде што биле удрени темелите на македонската државност на Првото заседание на АСНОМ.

Вториот Илинден што го посочи Димо Хаџи Димов во децениите пред тоа, претставувал логична реализација на стогодишните стремежи за самостојна македонска државност, а тоа за денешна Република Македонија започнало од таа илинденска дата и епопеја. Решенијата на АСНОМ, всушност, биле чин на конституирање на таа државност, преку кои, прв пат во нашата историја, биле конституирани врховното законодавно извршно претставничко тело, и највисокиот орган на македонската државна власт.

Тоа било чин на суверено право и волја на народот, кој во ослободителната војна имало десетици илјади жртви, како и неброени последици и рани. Како федерална единка, ги добило сите права за изградба на татковината, озаконување на мајчиниот јазик, признавање на правата на националностите и, воопшто, здобивање со заеднички државнички компетенции.

Со Референдумот од 8 септември 1991 година, Република Македочија ја заокружи својата самостојност, преземајќи ги сите функции на државата во свои раце, пред се’ со воведуаањето на повеќепартискиот систем и изградувањето на новите демократски форми за управување со сопствената иднина.

Република Македонија, држава со сите карактеристики на самостоен и меѓународно признат субјект, со целосна сувереност и вклученост во светските демократски процеси, празнувањето на двата Илиндена го доживува во услови што се мошне значајни за нејзината натамошна егзистенција, и покрај сета нивна сложеност.

Навраќајќи се на времињата минати, што наведуваат на неизбежна споредба со денешните отворени хоризонти на таа вековно сонувана и конечно изборена државна самосгојност, не можат да се заборават некои појави од нашето соседство на Балканот, што на извесен начин претставуваат рецидиви на минатото.

Времето на делбите и освојувачките војни на Балканот, одамна се зад нас, па секоја ваква пројава на националистички, шовинистички, иредентистички или манифестации на верска нетрпеливсст, претставуваат опасност за мирот на Балканот, за сите држави на овој простор, за секој народ што сака да се вклучи во напредниот свет.

Овие илинденски празнувања. за жал, и денес се во фокусот на некои сенишни појави, дел од анахроните доктрини за негирање на македонската самобитност, нејзината државност и нејзините демократски институции, што со уставни решенија обезбедуваат рамноправност на сите граѓани на Република Македонија.

Конечно, на сево ова, без оглед дали е во нашето соседство, или пак се манифестира делумно и во нашата средина, треба да се одговори со неотповикливите историски поуки, што толку остроумно ги дефинираат сите последици од било какви обиди за нови делби и поткопување на мирот толку неопходен за Балканот, каде што се воделе најнемилосрдните и истребувачки војни.

Двата Илиндена на Република Македонија, секако се најочигледен пример за тоа како се достигнува слободарската цел, и колку таа скапо се плаќа. Секое посегнување врз интегритетот на една ваква демократска држава, претставува сериозна закана за севкупниот мир на Балканот. Барем така не учи историјата, досега онаа што ја оставивме зад себе.

ilinden18-3

Затоа, овој пат скромно ќе напишеме за симболот - споменикот на македонскиот народ „Македониум“ кој треба да не води кон посреќната иднина. Имено, Споменикот кој зафаќа поголем простор се наоѓа на местото „Горно Гумење", каде во 1903 година заседавал Горскиот штаб. Споменичкото решение претставува комплекс на повеќе компоненти. Самиот споменик кој е во вид на кулола е висок 20 метри, а во основата 17 метри. Споменикот е поделен на два дела - горен и долен.

И двата претставуваат една функционална целина. Долните четири галерии се обликувани со релјефи посветени на македонскта историја. А другите четири со витраж. Горниот дел на споменикот е простор во кој се емитува аудио-визуелна програма со одбрани текстови од нашата поезија и музика, додека долниот дел претставува проекциона сала во која се проектира  фотографска документација за вековниот стремеж на македонскиот народ за национална слобода и независност.

Овој споменик, чиј автори се Јордан и Искра Грабул, е прв во Македонија, кој претставува синтеза на повеќе уметнички гранки - скулптура, архитектура, витражи и мозаик, музика, поезија итн.

Сломеникот беше завршен на 2 август 1973 година, на јубилејот на Илинденското востание.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.