Среда, 31 Јануари 2018   
Осветување на МПЦ „Св. Кирил и Методиј“ во Чикаго (6)

sad6-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Обично патувањата се одвиваат по копно или вода, а најмногу во воздух. Ова наше патување од Торонто до Чикаго го направивме со американската авио компанија  „Пан Американ”“. Беше рано утро кога стасавме на аеродромот „Пиесон” во Торонто, еден од најголемиѕе авио пристаништа на сверноамериканскиот континент.

Таму бројни патници брзаа кон шалтерите за предавање на багажот и се упатуваа кон влезот за сите дестинации. И ние (тогашниот полошко-кумански митрополит Кирил, ѓаконот Александар Цандовски и автот на овие редови, Славе Катин) ги извршивме потребните контроли и се упативме кон излезот за авионот кој требаше да лета на релацијата Торонто-Чикаго.

Инаку, аеродромот „Пирсон” во Торонто е огромен, едноставен, практичен, со голем паркинг на катови, со безброј патокази и упатства за патникот за да може лесно да се снајде кон својата дестинација. Ние се упативме кон излезот за Чикаго, каде што набрзина ја завршивме царинската и граничната процедура и се најдовме пред влезот на „Пан Американ” авионот кој леташе од Торонто за Чикаго.

И покрај тоа што летот беше од интерен карактер, авионот ДЦ-9 беше еден од најсовремените. Покрај удобноста што ја чувствувавме при патувањето, забележавме дека секое второ седиште има и телефон.

Под нас веќе беше дел од Мисисага и огромен простор од метрополата Торонто која се распространила долж езерото Онтарио. Го прелетавме тој дел на Онтарио и се упативме на северозапад, кон Чикаго, до каде што патувавме еден и пол час и стасавме на тлото на Соединетите Американски Држави.

Полетувањето од Торонто до Чикаго беше удобно. Уште од авионот ја гледавме метрополата Чикаго, која  е една од најголемите и најкон­тро­вер­зните во светот, каде слетавме на неговиот најголем аеродром, „Охеира”. А. Чикаго е втор по го­лемина град во Соединетите Американски Држави, а најголем во државата Или­ноис. Тој е распространет долж Мичигенското Езеро и достигнува десетина милиони жители со пред­гра­ди­­јата.

Поради вонредно добрата геостратешка по­ложба Чикаго е важна сообраќајна раскрсница и пристаниште. Тој е најголем пазар на жито, стока и др­ва, како и најголема берза на производи. Чикаго е град со пет универзитети, високи технички школи, бројни науч­­ни институции и институти, меѓу кои најпознат е Институтот за користење на атомската енергија, ка­­ко и Уметничкиот институт, а познат е и по му­зе­и­те, операта, саемот…

sad6-2
Црквата „Свети Кирил и Методиј” во Чикаго

Според историските податоци, Чикаго бил фор­ми­ран во 1803 година, со што спаѓа меѓу постарите ме­тро­поли. За жал, во 1827 година бил уништен во силен по­жар, а потоа бил обновен и се развил во еден од најголемите и најпознатите центри, не само во Соединетите Американски Држави, туку и во светот.

Во Чикаго, на аеродромот „Охеира” не пречекаа претставници на црковниот храм и неколку наши пријатели, за потоа со белата лимузина, која беше под рента за таа пригода, се упа­тивме кон новата македонска православна црква „Свети Кирил и Методиј” во мес­носта Бервин.

Пред црквата имаше поголема група Македонци, ста­ри и млади, а меѓу нив имаше и облечени во народни носии, со цвеќиња во рацете ја дочекуваа делегацијата од Република Македонија на чело со многупочитуваниот митрополит Кирил. Сите тие беа цо македонскиот храм за да го збогатат мигот на осветување на црквата „Свети Кирил и Методиј”. Секако, за нас  убавиот духовен празничен повод и свечената пригода претставуваше вистинско задоволство.

Свеченоста по повод осветувањето на Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј” започна со отслужување доксологија (молитва за добро пристигнување), на која присуствуваа бројни иселеници, а тоа претставуваше прва архијерејска молитва. Пред црквата се вееја бројни македонски знамиња. Сè беше подготвено за свечениот момент – осветувањето на црквата, што требаше да се изврши наредниот ден.

sad6-3
МПЦ „Св. Кирил и Методиј” во Чикаго

На тоа македонско место од неколку хектари е изграден еден од најубавите духовни и културни центри на американскиот континент. Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј” е пространа црква, изградена од тврд материјал, на која сè уште мирисаше свежиот малтер.

Во храмот има голема и убава свечена сала за околу 500 луѓе, две помали сали и други простории и голем паркинг. Во таа прекрасна оаза од зеленило што излегува на две улици е изграден дом за свештеникот и убав простор за одржување пикници и други манифестации, во што се вградени трудот, средствата и љубовта на целата управа и на сите членови и донатори на црквата.

Свеченостите за евангелисувањето на црквата започнаа во претпладневните часови, кога река од луѓе и автомобили се слеваше кон новиот македонски храм. Во присуство на повеќе од илјада луѓе свечениот чин го изврши полошко-кумановскиот митрополит г. Кирил, во сослужение на поголем број македонски свештеници. Се отслужи прва архијерејска литургија, се направи опход околу црквата, потоа на македонски и на англиски јазик се читаше Апостолот, а се извршија и други церемонии од архијерејската литургија.

Во попладневните часови првпат во новата сала се одржа банкет на кој присуствуваа повеќе од 500 верници, за кои управата на црквата приреди бесплатна гозба. Во атмосфера на големо расположение од осветувањето на црковниот, културно-просветниот и спортскиот дом, дарежливите Македонци на дело ја покажаа љубовта кон црквата и дедовската земја – Македонија.

Во тие мигови на радоста  беа собрани околу 50.000 долари, што го збогатија фондот на Црквата за во иднина да биде центар  за собирање на македонските доселеници од тие простори. Најголемата радост на банкетот, секако, беа четириесетината Американчиња од македонско потекло на друштвото „Гоце Делчев”, кои пред присутните, по химната „Денес над Македонија се раѓа”, ги презентираа своите фолклорни и пејачки способности, за што беа наградени со долготрајни аплаузи.

sad6-4

Инаку, иницијативата за покренување на изградба на македонскиот духовно - културен дом „Свети Кирил и Методиј” што служи за интересите на македонските доселеници од сите делови на Македонија беше покрената на 21 мај 1976 година. Притоа, беше одлучено храмот да го носи името на светите Кирил и Методиј, со што Македонска црковна  општина беше примена како дел од Македонската православна црква со писмо на Светиот архијерејски синод.

Потоа, во потесното градско подрачје на Чикаго управата купи зграда на една лутеранска црква што ја преуреди и ја приспособи за вршење на православни богослужби. Тогаш беше купено новото место каде се поставија темелите и беше изграден новиот денешен храм „Свети Кирил и Методиј”.

Инаку, во состав на Црквата работи Фудбалскиот тим „Македонија”, неделно училиште, женска секција и Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев”, едно од најдобрите и најуспешните македонски друштва во Соединетите Американски Држави.

Другиот ден го искористивме за разгледување на Чикаго и за посета на значајни места. Нашите домаќини нè однесоа во строгиот центар на градот, каде се наоѓаат бројни високи згради многу познати во светот. А центарот на метрополата Чикаго, или „даун таун”, како нашите го презеле збо­рот од англискиот јазик, навистина е, можеби, еден од нај­ка­рак­теристичен за Америка.

Таму има извишени згради со многу интересна архитектура. Секоја е целина за себе, а сите тие многукатници пра­ват едно големо архитектонско чудо. Градот диши, пулсира многу потопло, попријатно и на­род­ски од каде било во светот со својата посебност.

Се шетавме по сите квартови во кои живеат Кинези, Италијанци, Елини (Грци), Полјаци, Евреи… Според составот на населението така се нарекуваат и квартовите. Меѓутоа, центарот се чини е најпривлечен и со многу топлина. Затоа често се вели дека и Ал Капоне, не случајно го одбрал центарот на Чикаго.

Домаќините ни ги покажаа и улиците од времето на Ал Капоне и од филмовите за него. Беше интересно кога слушнавме дека и еден Македонец од Преспа бил дел од ган­г­стерскиот живот на Чикаго во тие години.

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.