Среда, 28 Февруари 2018   
Најголемиот ден „Илинден“ кај Македонците во Австралија (24)

ilinden24-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Македонското културно уметничко друштво „Илинден" од Рокдеил, предградие од Сиднеј, каде што живеат над дваесетина илјади Македонци, е едно од најстарите и најактивните македонски друштва на петтиот континент. Тоа работи во составот на МПЦО „Св. Петка", а во него досега членувале околу 2.000 млади играорци, музичари, пејачи и други ентузијасти.

Во изминатиот период КУД „Илинден" учествувало на бројни етнички фестивали, црковни и други манифестации и било достоен амбасадор на македонската игра и песна. Повеќе пати гостувало во Република Македонија и учествувало на бројни манифестации со постигнати видни резултати. Македонското културно-уметничко друштво „Илинден" го прослави своето пет децениско постоење, исполнето со стотици успешни концерти, со многубројни награди и признанијаи со толку многу овации и аплаузи за успешната изведба на богатиот македонски национален фолклор.

Ова значајно македонско друштво, за кое со право се вели дека е ороводник меѓу бројните културно-уметнички друштва во државата Нов Јужен Велс, е формирано на 26 ноември 1966 година од група Македонци, ентузијасти, кои преку орото, песната и музиката ја изразуваат силната љубов кон родната земја.

Почетокот не бил лесен. Друштвото работело во тешки услови, меѓутоа желбата за организираност и афирмација на македонскиот фолклор била голема. Се започнало со организирање на игранки, прослави и други свечености на кои се афирмирале младите фолклористи. Подоцна во состав на Друштвото се основапе драмска и фудбапска секција, кои имапе за цел да ги опфатат младите Македонци да се приклучат во севкупното живеење на доселениците од Македонија.

Со изградбата на македонската православна црква „Св. Петка" во ноември 1976 година, Друштвото „Илинден" навлегло во една нова фаза: се формирал Одбор од голем број активисти задолжени во црковната општина и кои решиле тоа да биде во состав на Црквата.

Денес КУД „Илинден" кое работи при црковната општина „Св. Петка" е носител на најголемиот број активности во Рокдеил и пошироко. Многубројните членови на најдостоен начин го презентираат македонскиот фолклор пред македонските доселеници и другите етнички групации кои живееат во мултикултурна и демократска Австрапија.

Друштвото настапува на бројни фолклорни фестивали меѓу кои заслужува да се споменат. Така, тоа настапи на Етничкиот фолклорен фестивал „Квантас" што се одржа на 6 јуни 1991 година во познатата светска куќа „Опера Хаус" под покровителство на Владата на Нов Јужен Велс.

На овој и слични концерти КУД „Илинден" достојно го презентираше македонскиот фолклор, со другите етнички групи што живеат во Австрапија. За успехот на фестивапот КУД „Илинден" е рангирано во таканаречената „Златна група", за што и доби парична награда.

ilinden24-2
Од прославата на 50-годишнината на КУД „Илинден“

„ИЛИНДЕНСКИ ПОЗДРАВ" (1980) – ПЕРТ

Летокот, односно изборот „Илинденски поздрав“ е отпечатен во Перт во август 1980 година, на 14 страници (формат 20 х 33 см,) со исклучок на неколку текстови на македонски јазик, а поголемиот број се фотокопии и дадени во оригинал на англиски јазик. Цената на чинењето е 50 центи. Тој е отпечатен како „Илинденски поздрав" - 1903-1980 година, на чија насловна страница се поместени фотографии од Никола Карев, Гоце Делчев, Кочо Рацин и Никола Вапцаров.

На втората и третата страница е поместен текст под наслов „Илинденски поздрав до македонскиот народ, а Македонија е предмет за дискусија на светската сцена". Во текстот се вели дека еден дел од светските политичари жилаво се заинтересирани за македонското национално прашање и продолжува:

„Искрено веруваме дека светското мислење е од големо значење за афирмација на еден поробен народ, а за македонскиот народ тоа значи уште повеќе. Тука треба едно да ни биде јасно и чисто, оти и мислењето, желбите и мислите на македонскиот народ, како и неговото достоинство во борбата за национална слобода, афирмација и   обединување, се и ќе бидат решавачки фактор во тој однос".

ilinden24-3
Перт

Исто така, во продолжение, покрај другото. се вели: С.Р. Македонија од своето создавање во 1944 година има постигнато огромни успеси, во борбата за национална афирмација и за признавање на националните права на македонската нација. Но, да се добие национална слобода за самиот македонски народ Републиката треба да се бори за целиот македонски народ ширум светот".

Изборот на материјалите во „Илинденски поздрав" е на англиски и во оригинал. Така, на четвртата страница е поместен текстот на „Вашингтон пост" (Washington Post) од 11 мај 1979 година под наслов „Македонија се враќа од минатото како субјект на дипломатијата". На пет страници е поместен текстот „Советскиот фактор на македонската разврска", објаѕен во „Срвеј" (Ѕипvеу) журнал за источни и западни проучувања. вол. 24 6р. 3 (108) од Оксфорд.

Потоа текстот под наслов „Кој треба да ја има Македонија" објавен во весникот „Обсервер" (Оbѕеrvег) од 30 јули 1978 година", текстот „Прашање што ги вознемирува границите", објавен во весникот „Западен Австралијанец" (West Australian), од 21 април 1979 година и други текстови.

Исто така, во него се поместени текстови за Илинден, илустрирани со фотографија на Гоце Делчев, и за трагичната смрт на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј, како и информацијата за антимакедонската пропаганда во Грција во која, покрај другото се вели дека таа лропаганда се пренесува во Австралија и дека претставува директен напад врз официјаланата мултикултурна политика на петтиот континент.

„МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК" (1986) МЕЛБУРН

Во гласилото „Македонски илинденски весник“ од Мелбурн има наслови  поместени и на англиски јазик. Од изворните текстови, пак, треба да се истакне оној што се однесува на црковниот живот и активностите на Македонската православна пштина и црква „Св. Ѓори". Поголемиот број текстови на македонски и англиски јазик се преземени од весници и списанија што се печатат во Републиката, а кои се однесуваат на реагирањата во средствата за јавно информирање против антимакедонската пропаганда во Грција.

Исто така во весникот е отпечатена и Резолуцијата од масовниот собир на Македонците во Мелбурн, одржан на 3 август 1975 година, која се однесува на грубото и неосновано негирање на постоењето на Македонците во Пиринска Македонија и воопшто во Бугарија, испратена до партиските лидери и до Владата на Бугарија, а содржи и други вести и информации.

Во изминатите шеесетина години македонските радио часови биле и се извор на информациите за Илинден, Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ. Тие се неодминливи информатори за сите историски настани и заслужуваат посебно место во прославата на Илинден 1903-2003.

ilinden24-4

Меѓу првите етничи радио-програми во Сиднеј е македонската. Македонскиот радио-час започнал да се емитува на 13 јули 1975 година на Радиостаницата 2 ЕА во Сиднеј, кога првпат се слушнал македонскиот збор и песната на тие простори.

Во рамките на етничкото радио, покрај јазиците на другите народи во Австрапија, одекнала македонската песна. Со тоа австралиските власти им дозволија на македонските доселеници во рамките на експерименталната програма сами да подготвуваат пригодни емисии.

Втората радио-програма била емитувана на 3 ав-густ и се повторила трипати во траење од по два часа. Започнала во 8 часот, а била посветена на најголемиот празник на македонскиот народ - Илинден. Исто така, во Перт, секоја недела се емитуваше радио-часот на Македонското културно-уметничко друштво „Илинден".

Денес во Австралија има десетина радио - часови на македонски јазик, кои се вистински информатори и афирматори на илинденската елопеја на илинденската вистина и на Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.