Среда, 02 Мај 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (8)

atanas-bliznakov-8-1

ПЕРИОДОТ ОД ДОАЃАЊЕТО ВО САД И ПРВИТЕ ЗАРАБОТУВАЧКИ

Параходот ми пристигна
Збогум либе  подај рака
Не плачи, мило либе, нр жали
Јас пак ќе се вратам

Народна песна

По дваиполмесечното патување Атанас Близнаков со групата д’мбенчани пристигнал во Њујоршкото пристаниште на Лонг Ајленд, во раните утрински часови на 14 декември 1920 година. По кратката процедура околу документите и опстојниот медицински преглед извршен од лекарска комисија, им била врачена дозвола за слободно влегување во САД.

Георги Андриовски, Атанас Мангов и Атанас Близнаков требало да обезбедат билети до градот Медисон во државата Илиноис, додека Сотир Попов, Никола Спанов, Андрико Лочков, Павле Попјовчев, Ване и Ристо заминале за Детроит. Со некои од овие другари тоа било и последно видување.

По близу 36-часовно патување тројцата д’мбенчани пристигнале во малото гратче Ист Сен Луис, на 16 декември 1920 година. Тоа била најблиската железничка станица до Медисон од каде што тргнале со трамвај кој запрел пред една нова и голема куќа во чие приземје се наоѓала, исто така, голема кафеана. Таа била сопственост на Христо Вештуров, родум од село Косинец, Костурско. Кога влегле во кафеаната, имале впечаток дека се наоѓаат во Македонија. Сите луѓе зборувале македонски. Тоа биле, главно, костурчани, од Корештата, а имало и неколкумина од Д’мбени.

Кога влегле во кафеаната повеѓето од присутните ги свртеле погледите кон нив. Седнале, покрај една маса од д’мбенци, а околу нив почнале да се собираат речиси сите гости. Сите сакале да ги видат од поблиску, да им ја стиснат раката, бидејќи поради војните, цели пет години немало пристигнато ни еден младинец во САД од овој дел на Македонија.

Затоа, прашањата што овие луѓе ги поставувале биле најразновидни. Се интересирале за семејствата, за роднините, за пријателите, за родното село, за положбата на македонскиот народ пред окупацијата на грчките асимилатори и др. Многу прашања биле поставени за тоа како поминало по патот и како успеале да ја напуштат Грција.

atanas-bliznakov-8-2

Цел на нивното долготрајно патување било малото гратче Медисон. Тоа се наоѓа на левиот брег на полноводната река Мисисипи, во јужниот дел на државата Илиноис.  Од градот Сент Луис, во Медисон и во соседното гратче Гранит Сити живееле голем број емигранти од Македонија. Тие во Америка дошле во различни периоди и  со различни патни исправи, а го преминале Атлантикот со надеж дека таму ќе си обезбедат посреќна иднина.

Иселувањето во САД на луѓето од разни делови на Европа течело непречено сé до 1924 година. Во државата можело да се насели секој што располагал со исправни документи и кој, според мислењето на лекарската комисија што работела во Лонг Ајленд, бил духовно и физички здрав.

Во текот на еден долготраен временски интервал, поточно од првите населувања, па сé до втората деценија на овој век, кон САД се слевале непресушни порои од иселеници од скоро сите европски држави што постоеле пред Првата светска војна, или што биле создадени по нејзиното завршување.

Тоа потсетувало на своевидна инвазија, што зела најголем замав откако се вовеле редовните парабродски линии меѓу пристаништата во Европа и САД. А, Европа во тоа време често била потресувана од помали или од поголеми воени судири, од револуции и контрареволуции, од востанија и буни, што предизвикувале тешки стопански и политички трауми.

И токму кога положбата во Европа била тешка, поради честите и големи стопански кризи, стотици и илјадници семејства последниот излез го гледале во префрлувањето преку Атлантикот, бидејќи во тоа време САД потссетувале на библиската ,,ветена земја”.

Во САД започнал трескавичен подем. Во таа далечна земја се градело речиси на секој чекор. Оттаму таквиот расчекот на економските состојби, поточно совпаѓањето на тешката безработица во Европа со големиот недостиг од работна рака во САД, претставувало најсоодветен излез за милиони гладни, голи и боси луѓе.

Меѓутоа, сосем оправдано морало да дојде и до заситување. Слободното вселување во САД не можело да трае бесконечно. Овој проблем станал посебно актуелен откако, според општествените закони, стопанскиот живот во САД бил принуден да тргне по патишта што навестувале кризни состојби.

atanas-bliznakov-8-3
Железарницата во Гери, Индијана

Во 1924 година владата на САД донела Закон со кој приливот на емигранти бил ограничен. Тогаш многумина Македонци кои веќе биле дојдени на печалба во САД, одлучиле трајно да се населат во САД. Избирајќи ја оваа земја за нова татковина, тие биле принудени да ги повлечат своите семејства, што според одредбите на новиот  Закон не претставувало никаква тешкотија.

Законодавецот, поттикнат од елементарната хуманост, водел сериозна сметка да не дојде до разбивање на семејствата на овие луѓе кои со својата работа и труд придонесувале да се забрза стопанскиот просперитет на земјата. Според тоа, секој оној што ќе посакал, а имал средства за тоа, можел да го доведе своето семејство во САД, без какви и да е проблеми.

Од 1924 година сé до 1929 година имало илегално префрлање на македонските печалбари во САД, на што ја толерирала оваа појава бидејќи во тие години побарувачката на неквалификувана работна рака сé уште била голема. Тоа било период кога за обичниот мануелен труд имало потреба насекаде во САД.

Меѓутоа, кога по 1929 година почнале да доаѓаат до израз првите симптоми на претстојната криза, против печалбарите што биле вселени илегално била организирана вистинска хајка. Таа го достигнала својот највисок врв во времето, кога поради кризата без работа останале милиони Американци.

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.