Среда, 23 Мај 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (11)

ab11-1

БЛИЗНАКОВ ПРИМИЛ АМЕРИКАНСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО

Не прашувај што сторила
Татковината за тебе
Туку што можеш ти
Да сториш за неа!

Џон Ф. Кенеди

Со примањето на американското државјанство во 1928 година Атанас Близнаков добил поголема сигурност во целокупното живеење и во односот со семејството. Овој чин го охрабрил и го натерал како Американец да се занимава со купување недвижен и друг имот, со што ги зацврстил своите д’мбенски корени во ,,ветената земја” – Америка. Но, во исто време, за да може да ја следи работата и да има поголем успех во бизнисот, неопходно било да учи англиски јазик. Тој тоа и го правел во слободното време и добро го научил и прилично добро се служел со англискиот јазик.

Во тие години во САД имало голем прилив на работници, особено од Европа, затоа дневната заработувачка на час се движела до 30 центи, за општ работник, до 50 центи за подобра работа. Атанас работел по десет часа на ден, многу пати и во сабота и во недела, време кое му било плаќано со дупла дневница. Треба веднаш да се каже дека тие пари во тоа време имале голема вредност, со што голем број Македонци, купувале злато и го носеле во Македонија, каде што купувале земја, граделе куќи во родната земја, за разлика од денешната емиграција која купува во новата татковина.

Како голем број Македонци на Северноамериканскиот континент, и Атанас Близнаков работел на повеќе објекти, патишта, мостови, железници, тунели и други тешки работи, а парите што ги заработувал ги штедел. Неговиот живот, како и на многумина д’мбенци бил скромен. Затоа, пак откако заработил поголема сума пари, настојувал да биде уште поголем печалбар и пример меѓу другите доселеници кои дошле од Балканот.

Меѓутоа, во времето на кризата (1929-1933г.) голем број од доселениците изгубиле имоти и пари. Тоа се случило и со Атанас Близнаков. Но, загубата не го разочарала. Напротив, во тие немирни времиња размислувал и ги анализирал состојбите и приликите. Имал чувство дека по загубата може да се добие, особено по кризниот период. Затоа се зафатил со купување и продажба недвижен имот. Најпрвин, во 1933 година купил една зграда само за 4.000 долари, која, според некои проценки чинела 28.000 долари. И навистина таа цена била постигната при продажбата на зградата, што на Атанас му овозможило да купува и да продава друг недвижен имот, од што всушност, според неговите зборови, го направил најголемиот дел од капиталот.

ab11-2

Во истото време кога Атанас Близнаков се занимавал со продажба и купување на недвижен имот, работел и во Железницата во Гери, каде што останал сé до пензионирањето во 1966 година.

Во почетокот на својата работа во фабриката, Атанас бил префлен на поголем број потешки работи. Меѓутоа, кога одговорните во фабриката виделе дека тој е трудољубив, вреден и човек кој го познава англискиот јазик до одредена граница, што во тоа време не било случај со голем број Македонци, почнале да го форсираат, да го унапредуваат во службата. Како резултат на тоа подолг период Атанас бил раководител, ценет и почитуван како работник кој вистински ја заработил пензијата.

Бидејќи во САД даноците, односно таксите за куќите и за другите недвижности биле доста високи (таков е случајот и денес), Атанас бил принуден да купува и да продава во покус период, со цел да се искористат некои привилегии во купопродажбата. Во меѓувреме со заработените средства купил зграда за четири семејства, во која во еден дел живеело семејството Близнакови, а другиот дел го издавал под кирија, од што, се разбира, имал голема материјална корист.

Подоцна Атанас изградил друга зграда со пет станови и со гаражи за 38.000 долари, што ја издавал под кирија. Меѓутоа, како што тоа бидува во САД, во тој дел од Гери започнало да се доселува црнечко население (афроамериканско) и цените на куќите рапидно опаднале. Така, во 1960 година морале да ја продадат оваа зграда за 36.000 долари, и покрај тоа што вистинската цена на зградата била околу 80.000 долари.

Атанас не бил единствен случај со ваквата загуба. Такви загуби имале и други Македонци кои живееле во тој дел на градот и ги продале куќите за малку пари. Многумина купиле нови куќи на периферијата на Гери или во квартовите каде што живееле белци, а само неколку македонски семејства од стари лица останале и натаму да живеат во тој дел од градот.

Втората светска војна и сé што се случило во тоа време, за Атанас Близнаков било пресвртница во определбите за Македонија. Конституирањето на НР Македонија било прозорецот кон светот преку кој Атанас ја изразувал својата и човечка мисла, определеност и стремеж кон својата родна земја.

Атанас и Славка Близнакови заеднички ги следеле напредокот и изградбата на слободниот дел од Македонија, заедно се радувале на прогресот и заедно мечтаеле да дојдат да го видат тоа, во што многумина дури и не верувале.

Создавањето на Република Македонија како држава на македонскиот народ во рамките на Федеративна Југославија, претставувало нов квалитетен фактор во историскиот развој на македонскиот народ. Таа е основен столб во хомогенизацијата на неговата национална свест.

Создавањето и развојот на институциите од областа на националните дисциплини – историја, уметност, филм, музика итн. развојот на основното, средното и високото образование на македонски јазик, постоењето на автокефална македонска православна црква итн. имаат извонредно значење за поврзувањето на Македонците, без оглед на местото на нивното живеење, за поврзувањето на иселеничките маси меѓу себе, од една, и со Република Македонија, од друга страна. Таа стана фактор за ослободување од баластот на недореченостите за своето национално битие и уште повеќе за својот културно-национален развој.

Така, во 1958 година Атанас и Славка се одлучиле да ја посетат НР Македонија. На радоста ѝ  немало крај и во периодот од неколку месеци се запознале со вистината за слободниот дел на измачениот македонски народ, со Македонија.

Во текот на престојот се запознале со многу историски и културни споменици, се сретнале со бројни личности од општествениот и културниот живот на Републиката и посетиле поголем број градови.

Тоа поттикнало еден импулс и енергија, па кога се вратиле во Гери размислувале како и на кој начин да ја помогнат Република Македонија, да го трасираат патот кон иднината, на своите пензионерски денови.

Донаторските афинитети на Атанас првпат дошле до израз кога во Македонија била организирана Д’мбенска средба во 1958 година и кога тој сам ја финансирал. Тогаш, според нивните зборови, се јавил ‘ркулецот за формирање еден вид фондација, идеја која се реализира по дваесет години.

ab11-3
Црквата „Света Мина“ во Скопје

Затоа, со право се вели дека секаде има д’мбенци кои често се собираат, прават заеднички излети и меѓусебно се посетуваат, а од 1973 година во последната недела од мај, редовно се одржувала и манифестацијата Д’мбенска средба, во излетничкото место Сарај крај Скопје.

Покани им се испраќаат на сите д’мбенци на кои им се знаеле адресите, без разлика каде се наоѓаат, редовно се прикажува мотив од родното село, се поместуваат стихови од поемата „Локвата и Вињари“ на Лазар Поп Трајков, а во обраќањето, покрај конкретните податоци за денот и часот на одржувањето на средбата, се поканувале д’мбенци да дојдат за да се видат, да си оддадат почит на своите соселани кои загинаа за слободата на Македонија, заеднички да се провеселат како што некогаш се правело на Локвата.

Д’мбенската средба била масовно посетувана не само од д’мбенци што се во Скопје, Р. Македонија, туку доаѓале и од други земји. Цел ден се вило оро, се пеела д’мбенска, костурска песна.

Атанас и Славка Близнакови повторно ја посетиле Македонија во 1968 година. Овој пат ја посетиле и Бугарија, каде што имаат свои роднини. При посетата на Бугарија не биле задоволни и решиле да се вратат во Македонија, земјата што ја одредиле за својата старост.

До конечното доаѓање во Македонија Атанас Близнаков водел бројни преписки со одговорни личности во Република Македонија и со Ректоратот на Универзитетот во Скопје. Како резултат на плодната соработка, искреноста и добрата намера на двете страни, се формира Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”.

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.