|
|
Во Пустец одржано предавање за историјата на античките Македонци |
Во организација на македонското друштво „Сонце“ а во соработка со Проф.Д-р Наде Проева, во средното училиште “Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиовски” во Пустец, Мала Преспа, се одржа предавање за историјата на античките Македонци. Модератор на настанот беше Васил Стерјовски, активист од редовите на македонската заедница во Албанија. Универзитетската професорка, Проева која има објавено над 100-на научни студии и важи за една од најдобрите светски познавачи на историјата на античките Македонци зборуваше за посебноста на Античките Македонци и како етнос и како култура и нивната религија. Во пишаните извори, старогрчките и римските автори прават јасна разлика меѓу античките Грци (Хелените) и античките Македонци. За Античките Грци, Македонците биле варвари, впрочем како и сите други народи што зборувале неразбирливо, односно брбореле на јазик што бил различен од хеленскиот (старогрчкиот). Во пишаните извори има податоци дека на Македонците им бил потребен преведувач за хеленскиот (старогрчки), како и за илирскиот јазик, што јасно ја покажува посебноста на античките Македонци,- рече меѓу другото Проева. Професорката Проева одговараше и на многуте прашања на присутните Македонци поврзани со славното македонско минато. |