Среда, 25 Јули 2018   
Академикот Ристо Василевски – публицист во Србија

risto-vasilevski

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – ЕВРОПА (ЕВРОПСКА УНИЈА)

Ристо Василевски е поет, преведувач, издавач и академик. Тој е  еавтор на 29 поетски дела, пет книги за деца, 5 антологии, 38 по негов избор или негова подготовка на дела на македонски, српски и писатели од други јазици, објавил  повеќе од сто преводи и 5 фолозофеми

Во голем број информативни гласила објавил десетина илјади страници поезија, проза, драмски и есеистички текстови од современите српски и македонски писатели. Книги и песни му се преведени на 24  светки јазици  Тој е добитник на бројни домашни и меѓународни признанија и награди, меѓу кои и на Националното признание на Владата на Република Србија за врвен придонес на националната култура.

Во Македонија, пак, е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Затоа, и во едната и во другата средина го сметаат за амбасадор на културите и мост меѓу српската и македонската книжевност.

Ристо Василевски е роден во селото Наколец, Преспа на 31 јануари 1943 година. Со првите четири години од сновното образование се стекна во родното место, а другите четири години ги завршил во ОУ “ Димитар Влахов” во Љубојно. Потоа, своето образование го продолжил во Скопје, каде заврши средно училиште и студирал архитектура.

Инаку, селото Наколец, родното место на Ристо Василевски се наоѓа во Долна Преспа, на источниот брег на Преспанското Езеро, на неколку километри од границата на македонската земја, Тоа е типично езерско, преспанско село. Името го добило по тоа што во минатото, кога нивото на водата на езерото рапидно се зголемило, селото било изградено на колци. Ова го кажува легендата, а денес селото е оддалечено од езерото. Во него живеат Македонци, Албанци и Роми,кои отсекогаш биле пример за добар соживот, бидејќи тие заедно оделе и на свадба и на погреб, и на ниви и на риби.

selo-nakolec
Селото Наколец во Преспа

Селото е познато по голем број интелектуалци, и Македонци и Албанци, и во земјата и во иселеништвото, меѓу кои и авторот на овие редови, Славе Катин кој е подалечен роднина на Василевски,по татко, а кој е таму само роден, а детсвото и младоста ги помина во Љубојно, од каде е неговата мајка. Во Наколец, во Горна Маала е роден Ристо Василевски, каде неговиот татко Никола Василевски се занимаваше со овоштарство и риболов. Денес Ристо не ги заборавил корените и постојано навраќа во селото и се грижи за неговиот имот.

Василевски се родил блиску до Преспанското Езеро, меѓутоа животните патишта го однеле во Смедерево, блиску до реката Дунав, каде заминал по земјотресот во Скопје 1963 година.. Во Смедерево живее со својата сопруга Лилјана и четирите нивни дечиња. Смедерево е неговиот град на животот, на љубовта, на семејството, на неговиот книжевен развој, на  издаваштвото... Тој е градот кој се наоѓа на брегот на реката Дунава. Сега тој е голем индустриски центар, град со над шеесет илјади жители.

Смедерео потпаднал по Австроунгарската држава. Тогаш во 1806 година било отворено првото училиште. Во тој период во градот бил формиран Правителскиот совет (Правитељствујушчи совјет), на чело са Доситеј Обрадовиќ и Смедерево повторно постанало престонина.

Затоа, Ристо Василевски често вели дека целиот свет е негова татковина. Меѓите и границите за него немаат никаква вредност. Но, признава дека, кога е во Смедерево, сонува за Преспа, иако таму никој не го чека, а кога е во Преспа нешто го влечи да си оди во Смедерево.

Во неговите биографски податоци се вели дека по преселувањето во Србија во 1964 година живеел и работел во Пожаревац, каде активно се вклучил во книжевниот живот. Тогаш започнал да објавува во списанијата „Браничарсво” и гласилото „Збор на народот” („Реч народа”), во кои објавил серија на книжевни прикази и други прилози.

Во август 1969 година се преселил  во Смедерево, каде до денес живее и твори Затоа, Смедерево му постана неговиот град, а Србија втората татковина. Во Смедерево ја започна својата творечка кариера и таму ги формира и ги води: Литературниот клуб „Смедерево”, Меѓународниот поетски фестивл на поезијата „Смедеревска поетска есен (Смедеревска песничка јесен), на која беше прв претседател на Организациониот одбор, подоцна бил долгогодишен директор, уметнички директор, главен и одговорен уредник и централна личност на издавачката дејност.

smederevo
Смедерево

Ги уредувал списанијата  за книжевност, уметност и култура „Смедерево”  и „Моравска лира”, листот „Утре” („Сутра”), информативно политичката ревија „Македонска виделина”, гласило на Македонците во Србија, списанието за деца „Ѕуница„ („Дуга”). Автор е на  на НИУ („Македонски информативен и издавачки центар” во Панчево и негов прв главен и одговорен уредник. Покренувач и и прв директор е на  традиционалната манифестација „Денови на македонското творешво во Србија” (Дани македонског стваралаштва у Србији), “Себе си во поход” (Себи у походе). Бил главен уредник на списанието „Видело”, а сега е член на редакцијата на списанието „Монс Ауреус” и на „Книжевне новине”.

Во 1993 година ја формира Издавачката куќа „Арка”. Како сопственик, директор и главен и одговорен уредник објавил голем број дела на српски, македонски и странски писатели, а посредувал за многу дела на српски писатели да бидат преведени на странски јазици. Тој објавувал речиси сите поголеми весници и списанија во бившите југословенски простори.

Неговата  поезија е преведена на англиски, шпански, германски, руски, белоруски, украински, француски, шведски, полски, унгарски, романски, турски, хинду, италијански, албански, словенечки, арапски и на други јазици. Тој е застапен во стотина антологии во кои има избор на македонската, српската, југословенската и светската поезија.

Библиографијата на Ристо Василевски е пребогата со неговите бројни изданија, и тоа; 29 поетски дела, пет книги за деца, 5 антологии, 38 по негов избор или негова подготовка на дела на македонски, српски и писатели од други јазици, објавил над сто преводи и 5 фолозофеми.

Тој е автор на на следните поетски книги: „Шапутања„ (Шепоти) (1968), „Временија” (Временија) (1970), „Толкување на патот” (1973), „Давање облика” (Давање облици (1981), „Листање времена” (Прелистување на времињата) (1984), „Житието на Коле Ф„. (1984), „Болна куча” (Болна куќа) (1984), „Моринки” (1985) „Плодород” (1991), „Пофалба на адот” (1993), „Играње главом” (Играње со главата) (1997), „Огледала” (1998), „Летопис хилјаду деветсто последње” (Летопи илјада деветсто тини последната) (2000), Игри и пофалби (2000).  „Тканица зла” (Ткаенка на злото) (2001), Храм, сепак храм„ (2002,2006), Храм, ипак храм” (на српски, 2003), „Хтам и пак храм” (на бугарски, 2004), „Храм, иара храм” (на романски, 2009), „Biserica, iata hramul” (на романски, 2004), „Ископине„ (Ископини, (2006), “Excavations” (2006), „Шушт” (2007), „Божествени допири” (2010), „Оде, о да” (Ode, o da, 2013), „Оде, о да” (на романски, 2016).

Автор е на поезија за деца и тоа на делата: „Големи и други работи” (1974), „Големи и други работи” (1990), „Плодород” (поезија, 1991), „Чудбината на едно ќесе” (роман за деца во стихови, 1991), „Паричникова судбина” (роман за деца во стихови, 1998), „Destinul minunta al unui portofel fermekat” (на романски, 1999).

Ристо Василевски е автор на пет филозофеми, и тоа: „Нулто време”, Смедерево 2010, „Сновиди битка”, Смедерево 2012, „Ѕвездени мигови”, Скопје, 2014, “Съновидения от битието” (философеми, избор на бугарски), Варна, 2015 и “Генезис мечты” (философеми, избор на руски), Москва 2016.

За неговиот творечки и преведувачки опус, академик Ристо Василевски е дибитник на следните награди: „Браќа Миладиновци”, „Почесно Рациново признание”, Јубилејно признание на Струшките вечери на поезија, „Кирил Пејчиновиќ”, „Јубилејно Златно перо”, „Златно перо” – во Македонија; „Милан Ракиќ”, „Караѓорѓе”, „Печат на Кнез Лазар”, „Раде Обреновиќ”, „Ѓуро Салај”, „Октомвриска награда на градот Смедерево”, „Захарија Орфелин”, Награда за издавачки потфат на Меѓународниот саем на книги во Белград, „Смедеревски Орфеј” и др. – во Србија, и на меѓународните награди „Балкан и Европа” (Букурешт, Романија”, „Атлант на словенството” (Варна, Бугарија), „Балканика” (Браила, Романија), Голема награда „Летачко перо” (Варна, Бугарија), „Наи Нааман” (Бејрут, Либан) и др.

Исто така, во мај 2016 година, Ристо Василевски е добитник на „Златниот медал” што го носи името на рускиот писател, поет и теоретичар Андреј Бел, кој го одбележа Сребрениот век на руската литература.

Наградата на Василевски му беше врачена од претставничката на Сојузот на писатели на Русија, поетесата Људмила Снитенко, на тукушто завршениот меѓународен фестивал на поезија „Словенска прегратка” во Варна, Бугарија.

mala-nobelevskaja-premija

novcanikova-cudbina

Златниот медал „Андреј Бел” на Василевски му е доделен „за врвен придонес во светската поезија и мајсторско продолжување на традициите на класичната литература”. По повод ова ново признание, реномираното московско книгоиздателство „Паблис” ја издаде книгата философеми од Василевски „Генезис мечты” („Генеза на мечтите”), а Руската академија за литература го прими академик Василевски за свој редовен член.

Организаторот на Меѓународниот фестивал на поезија „Словенска прегратка” од Варна, на Василевски му ја додели плакетата „Кирил и Методиј”.

По меѓународните наградите „Михај Еминеску” во Романија и „Кристално перо” во Русија, ова е трето големо признание за поезијата на академик Василевски.

Исто така во 2016 година добитник на меѓународното признание „Поета лауреаус” и на наградата „Златна лира” на Десеттите Хераклејски поетски свечености – Средби на Медитеранот, е академик Ристо Василевски.

Ристо Василевски е член на Македонската академија на науките и уметностите, на Славјанската академија на книжевности и уметности (Варна, Бугарија), на Меѓународната асоцијација на писатели и публицисти (Рига, Летонија), на Здружението на писатели на Србија и на Здружението на литературните преведувачи на Србија, како и на Друштвото на писателите на Македонија.

slave-katin-nova
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.